Околу 8.000 учесници на седмото издание на „Вози право, вози здраво“ - Канал 5

Околу 8.000 учесници на седмото издание на „Вози право, вози здраво“

Околу осум илјади граѓани од различни возрасти вчера по седми пат излегоа на скопските улици со своите алтернативни превозни средства за

Околу 8.000 учесници на седмото издание на „Вози право, вози здраво“

На традиционалниот настан во организација на Стопанска банка АД-Скопје, граѓаните со своите велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, а некои и со колички за бебе, возеа од Порта Македонија до Градскиот парк.

Како што информира Стопанска банка, граѓаните ја поддржаа мисијата за промоција на велосипедот како урбана форма на транспорт, со цел стекнување здрави навики и подобра животна средина.

На најсреќните учесници на „Вози право, вози здраво“ им беа доделени 50 награди и тоа вредносен ваучер од 12.000 денари, кој како прва награда го обезбеди Град Скопје, а на настанот го додели генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров. Доделени се и 49 награди од Стопанска банка, односно 7 велосипеди за возрасни Specialized, 7 детски велосипеди Specialized, 7 кациги Specialized, 7 Air pods, 7 Garmin часовници, 7 спортски ранци и 7 JBL слушалки. Дел од посетителите добиле над 200 утешни награди, како маици, ТОПСИ платенени торби и шишиња за вода.

Стопанска банка го заокружува изданието на „Вози право, вози здраво“ со донација за изградба и одржување на велосипедската инфраструктура, активности што ќе ги најави и реализира повторно во соработка со Град Скопје.

Минатогодишното издание на „Вози право, вози здраво“ резултираше со донација за 15 средни училишта во Скопје кои Стопанска банка ги опреми со модерни паркинзи за велосипеди наменети за учениците и вработените во училиштата.

„Вози право, вози здраво“ е настан кој масовно ја шири велосипедската култура и ги промовира алтернативните начини на превоз во урбани средини со кои се чува животната средина. Мисијата на Стопанска банка, како што се наведува, трае во текот на целата година преку серија активности насочени кон зачувување на здравата животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер