3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЗдравјеОколу 260 илјади жени со здравствено осигурување без матичен гинекологОколу 260 илјади жени со здравствено осигурување без матичен гинеколог, околу 134 илјади го немаат ниту едното, ниту другото.Превентивните гинеколошки прегледи се клучни за женското репродуктивно здравје. Но, податоци од здравствени институции и здруженија покажуваат дека не е мал бројот на жени во нашава држава кои немаат избрано матичен гинеколог и на оние, кои подолг период не посетиле гинеколог. Здравствените работници во државава се едногласни дека е потребно да се подигне свеста по ова прашање и да се зголеми бројот на работилници и едукации во училиштата, кога станува збор за женското здравје. Податоците од годишниот извештај на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за 2022 година говорат дека бројот на жени, без избран матичен гинеколог, а со здравствено осигурување, е околу 260.000, а бројот на оние без здравствено осигурување и без избран матичен гинеколог, околу 134.000 лица. Доколку се земе предвид дека во земјава 50,4 отсто од активното попишано население се женски лица, тогаш бројот на жени со здравствено осигурување, а без избран матичен гинеколог, изнесува околу 28 проценти. Професор доктор Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) во изјава за МИА потврди дека слични бројки има и во спроведените анкети од Асоцијацијата. - Само 33 проценти од анкетираните жени во неколку општини од нашата држава, практикуваат редовни гинеколошки прегледи на една година. Повеќе од 30 отсто не го посетиле својот матичен гинеколог подолго од три години, а дури 25 проценти немаат избрано свој матичен гинеколог, делумно заради тоа што во општините каде живеат немаат достапен матичен гинеколог, или истиот заминал во пензија/починал и оттогаш не побарале нов, а делумно и заради стравот, незаинтересираноста и неинформираноста за значењето на редовните гинеколошки прегледи, подвлече тој за МИА. Според податоците на ФЗО за лани, во текот на 2023 година, примарна здравствена заштита на осигурениците обезбедувале вкупно 161 гинеколог. Во споредба со претходната година, бројот на гинеколози е зголемен за двајца лекари. Најголем број гинеколози има во Скопскиот регион - 56 лекари, додека најмал е бројот во Североисточниот регион со 12 гинеколози. Во 2023 година склучени се вкупно 142 договори во примарната здравствена заштита за гинекологија. - Во однос на склучените договори со избрани гинеколози по региони, во Република Северна Македонија, најголем број договори се склучени во Скопскиот регион - 49 договори, што претставува 35 отсто од вкупно склучените договори во ПЗЗ - гинекологија. Споредувајќи ги со бројот на осигуренички, на секои 10 илјади осигуренички склучени се 1,54 договори во ПЗЗ - гинекологија. Најголем број договори се склучени во Вардарскиот регион - 2,06 на секои 10 илјади осигуренички, додека најмалку се склучени во Полошкиот регион или 1,05 на секои 10 илјади осигуренички. Висината на месечната капитација по осигуреник кај избраните гинеколози во јануари 2023 година е зголемена од 63 на 75 денари. Просечно, месечната капитација на матичен гинеколог за 2023 година изнесува 229.233. Исплатената капитација за матичните гинеколози во 2023 година изнесува 442,8 милиони денари што е зголемување за 26 проценти во однос на 2022 година, се наведува во извештајот на Фондот. Дополнително, во 2024 година, појаснуваат од Фондот за МИА, склучени се уште два договора, едниот во Неготино, а другиот во Скопје. И двете ПЗУ имаат по еден тим. Само еден гинеколог во општина Шуто Оризари Во општина Шуто Оризари работи само еден гинеколог, а бројот на жени во репродуктивен период е околу 8.000, според достапните податоци. Доктор Ламбе Крстески, специјалист гинеколог - акушер во Гинеколошко - акушерската ординација ПЗУ „Мајка Б&М“ и матичен гинеколог во оваа општина, во изјава за МИА појасни дека имаат околу 2.000 пациенти. - Нашата амбуланта во моментов има 2.000 пациентки и работи веќе две години во рамки на Здравствениот дом - Шуто Оризари. Има податоци дека 2.500 пациентки со здравствено осигурување немаат избрано матичен гинеколог, а 1.000 пациентки немаат здравствено осигурување, додаде Крстески. Тој нагласи дека во соработка со невладините организации во Шуто Оризари, Иницијативата за права на жените во Шуто Оризари, Ромалитико, прават максимални напори за едукација на жените во Шуто Оризари, да имаат редовни гинеколошки прегледи, редовно следена бременост и да изберат матичен гинеколог. Крстески потенцираше дека мал е одѕивот за ПАП - тест и ХПВ типизација, што се бесплатни. - Треба да се зголемат бројот на работилници и едукации на учениците од страна на стручно лице, заедно во соработка со педагошко-психолошката служба на училиштата, во согласност на родител - старател, се разбира според возраста на учениците, за заштита од полово прненосливи болести, несакана бременост и да се зголеми бројот на вакцинација кај девојчињата и момчињата со ХПВ вакцина, во сите основни и средни училишта во државата, дециден беше тој во изјава за МИА. Посветеноста за женското здравје, подвлече, треба да е заеднички императив на сите здравствени работници, за безрезервно одржување на женската благосостојба од најмала до најстара возраст. - Ги повикувам сите кои немаат избрано матичен гинеколог во општината, да нѐ посетат и да направат превентивни гинеколошки прегледи кои се бесплатни и да си го остварат правото на матичен гинеколог, порача тој. Зголемување на свеста за редовни гинеколошки прегледи И според Тофоски, потребно е зголемување на свеста за важноста на редовните гинеколошки прегледи, а за тоа потребна е сеопфатна стратегија што ги комбинира образованието, достапноста и поддршката. - Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, преку соработка со национални и локални здравствени организации, континуирано се залага да ги информира жените за важноста на редовната грижа за сексуалното и репродуктивно здравје, преку водење бројни јавни кампањи - користејќи ги социјалните медиуми, изработувајќи и дистрибуирајќи едукативни материјали - брошури, постери и слично. Организираме и работилници за социо-економски ранливи категории на жени и девојчиња, а веќе трета година по ред преку мобилните гинеколошки амбуланти, се залагаме бесплатните гинеколошки услуги да бидат лесно достапни за жени и девојки од социално-економските ранливи категории, жени и девојки кои живеат во тешко достапни области и области каде нема матичен гинеколог, посочи Тофоски. Но, како што додаде тој, неопходно е поголемо вклучување на темите за репродуктивно здравје во образованието, во училишните програми, бидејќи така ќе се овозможи рано информирање на младите за важноста на редовните гинеколошки прегледи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЖивотМонета од 2 евра вреди 80.000 евра- можеби ја имате дома? (ВИДЕО)Може ли обична монета од две евра да вреди дури 80.000 евра? Токму тоа тврдење се појавува на Инстаграм, каде што е објавено видео од германска монета од 2002 година, за сума што за многумина може да звучи како мало богатство. Видеото прикажува раце во бели ракавици како ја превртуваат монетата, прикажувајќи ги двете страни. На едната страна е германскиот федерален орел, додека на другата е апоенот од две евра. Цифрата од 80.000 евра е напишана низ целото видео. Сепак, авторот не наведува зошто оваа конкретна копија може да достигне толку висока цена, ниту пак покажува доказ дека монетата всушност е продадена за наведената сума. Што е прикажано во видеото? Станува збор за германска монета од две евра од 2002 година, кога еврото беше воведено во готово. На нејзината национална страна е орел, традиционален симбол на германската државност, опкружен со 12 ѕвезди на Европската Унија. Овие монети биле произведени од пет германски ковници, кои се разликуваат по ознаките на буквите A, D, F, G и J. Според нумизматичките каталози, само во 2002 година биле ковани повеќе од милијарда германски монети од две евра со овој мотив. View this post on Instagram A post shared by Coin2euro (@coin.europa) Дали навистина вреди 80.000 евра? Во случај на колекционерски монети, вредноста зависи од неколку фактори, вклучувајќи реткост, состојба на зачуваност, специјални серии и можни грешки направени за време на ковањето. Поединечните примероци со необични грешки може да имаат поголема нумизматичка вредност, но тоа не значи дека секоја монета од истата година е колекционерско богатство. Во достапните нумизматички каталози, стандардните германски монети од две евра од 2002 година генерално имаат вредност блиска до нивната номинална вредност, додека подобро зачуваните колекционерски примероци може да се проценат на малку повисоки износи. На што треба да обрнете внимание? Граѓаните кои поседуваат постари евро монети можат да ја проверат годината на издавање, ознаката на ковницата и сите отстапувања од вообичаениот изглед на монетата. Сепак, за сериозна проценка на вредноста, потребно е да се контактира нумизматички експерт или да се спореди примерокот со сигурни каталози и документирани резултати од аукции. Поточно, потребно е да се направи разлика помеѓу цената што некој ја бара на Интернет и износот за кој всушност е продадена монетата. Доколку имате германска монета од две евра од 2002 година, не ја сметајте автоматски за вреден колекционерски предмет. Многу е веројатно дека нејзината вредност не е многу поголема од две евра.Тагови: монета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Америка не ја започна војната со Иран (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп денеска прогласи победа во војната против Иран, која трае повеќе од осум месеци. За време на говорот на Денот на ветераните на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија, тој рече дека американската војска веќе победила и дека Вашингтон може да одлучи кога да го заврши конфликтот, објавува „Тајмс оф Израел“. „Ние возвративме и победивме. Само е прашање кога сакаме да ја завршиме војната“, рече Трамп. Сепак, американскиот претседател не објави крај на воените операции или повлекување на американските сили од регионот. Тој нагласи дека не сака да ја запре војната пред САД да ги постигнат сите свои цели. „Сакаме целосна победа“ Трамп рече дека САД не ја започнале војната со Иран, туку дека Техеран со децении водел непријателска политика кон Вашингтон. „Америка не ја започнала војната со Иран. Иран е во војна со Америка од 1979 година“, рече Трамп. „Сакаме да бидеме сигурни дека сме постигнале целосна победа, а не победа од 93 проценти. Тоа ќе биде целосна победа“, рече американскиот претседател. Trump on Iran War: We won. We want to make sure we have a total victory, not a 93% victory. https://t.co/d4DTeWZZls — Clash Report (@clashreport) November 11, 2026 Трамп, исто така, тврдеше дека на Иран ќе му бидат потребни 25 години за да го обнови она што американските сили го уништија. Тој изрази надеж дека дополнително уништување нема да биде потребно и го повтори тврдењето дека американските бомбардери Б-2 го спречиле Иран да добие нуклеарно оружје. Го најави претстојниот крај на војната За време на својот говор, американскиот претседател ги спомена и паднатите американски војници. Тој тврдеше дека во конфликтот се изгубени 18 животи, а потоа повторно го најави неговиот претстоен крај. „Изгубивме 18 прекрасни луѓе, но кога овој конфликт ќе заврши, а наскоро ќе заврши, целиот свет ќе биде многу побезбедно и помирно место“, рече Трамп. Неговата изјава доаѓа по месеци најави за брз крај на војната. Уште во април, Трамп рече дека конфликтот наскоро ќе заврши, а во текот на летото постојано тврдеше дека Иран е воено поразен. А во недела, на 8 ноември, тој прогласи американска победа, велејќи дека конфликтот сè уште треба да се заврши. Еден ден подоцна, по разговорот со катарскиот премиер, тој изјави дека Иран е практично воено поразен и дека постои добра можност за постигнување договор. Блокадата на Иран од страна на САД останува на сила И покрај прогласувањата за победа на Трамп, поморската блокада на Иран од страна на САД продолжува. Вашингтон одржува силно воено присуство во регионот, а американските сили продолжуваат да преземаат мерки за ограничување на иранската трговија и приходи. Трамп во понеделник изјави дека во моментов не гледа потреба од нови големи воени напади, но дека американските сили се подготвени да одговорат доколку се променат околностите. Во исто време, американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, изјави дека преговорите со Техеран сè уште не донеле напредок. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ја отфрли можноста за завршување на војната само со воена сила или со зголемување на санкциите. Тој рече дека Вашингтон мора да ги прифати условите на Иран и да пристапи кон преговорите со почит. Војната започна на 28 февруари со американските и израелските напади врз Иран. Конфликтот предизвика големи прекини во снабдувањето со нафта, зголемување на цените на енергијата и политичко незадоволство во САД, каде што републиканците ги загубија своите мнозинства во двата дома на Конгресот минатата недела.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад 770 училишта во Британија добиле закани за поставена бомба Повеќе од 770 училишта во Велика Британија, вклучувајќи 470 во Шкотска и повеќе од 300 во Северна Ирска, денес добија идентични е-пораки со закани за бомба.Полицијата на Шкотска соопшти дека нејзината единица за сајбер криминал и измами спроведува широка истрага за да го утврди изворот на пораките, додека полицајците продолжуваат да соработуваат со партнерите за спроведување на законот низ Велика Британија и на меѓународно ниво, објави Индепендент Радио Њуз. Полицијата на Шкотска соопшти дека пораките се оценуваат и се третираат како лажни. Образовниот орган на Северна Ирска соопшти дека пораката испратена до училиштата на нејзина територија има сличности со лажната закана од минатиот месец. Најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани денес откако добија иста е-пошта со закана за бомба, која исто така содржеше закана до италијанскиот премиер Џорџо Мелони, изјави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара. Тој рече дека бројот на училишта што добиле заканувачки пораки може да се зголеми, објави Анса. Новата порака испратена до училиштата се заканува со зборовите: „Ќе ве уништиме“, а пораката е потпишана со името „Михаил Андропов“. „Поставивме бомба во моторот на автомобилот на вашиот премиер“, се наведува и во е-поштата. Сличен инцидент се случи во Италија во последните денови кога е-пошта беше испратена на адресите на 280 директори на училишта. Во Европа, целите на хибридни напади неодамна беа супермаркети, банки за крв, воздушен сообраќај и телевизиски станици. Заканувачките е-пораки испратени до телевизиски станици и авиони низ Европа беа потпишани и со името Михаил Андропов.Тагови: Бомба училишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter