3ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаОколу 250 милиони евра за земјоделството преку ИПАРД 3Преку новиот инструмент за претпристапна помош во доменот на земјоделството и руралниот развој ИПАРД 3 во македонското земјоделство се очекува да се инвестираат околу 250 милиони евра до 2027 година.Ова беше најавено на денешната онлајн-дебата на 9. сесија на Работната група 1 за земјоделство и рурален развој во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија на тема „Предизвици во програмирањето и реализација на програмата ИПАРД 3 (2021-2027)“, на која дебатираа македонски и словачки експерти за рурален развој. „Вредноста на ИПАРД 3 програмата, која треба да се усвои до крајот на годинава, се проценува на околу 97 милиони евра од европските фондови, кои заедно со средствата од националниот дел стануваат околу 125 милиони евра. Ако се знае дека ова е 50 проценти од вкупната инвестиција што влегува преку проектите опфатени со ИПАРД програмите, може да се заклучи дека во македонското земјоделство се очекува де се инвестираат околу 250 милиони евра во наредниот период“, изјави раководителот на Телото за управување со ИПАРД во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Живко Брајковски, кој ја презентираше ИПАРД 3 програмата. Според него, за разлика од ИПАРД 1 и ИПАРД 2, третата ИПАРД програма предвидува неколку новини, со кои ќе се зголеми ефикасноста и искористувањето на средствата од ИПАРД програмата, а тоа се воведувањето на авансно финансирање, воведување на нова категорија корисници „здружено правно лице“, зголемување на праговите за минимални инвестиции, зголемување на минималниот износ за набавка преку три независни споредливи понуди од 10.000 на 20.000 евра и од три на две понуди, како и почеток на имплементација на проектите веднаш по аплицирањето, без да се чека потпишување на договорите како до сега. Учесниците на дебатата предупредија дека ќе биде исклучително значајно отстранувањето на бариерите за имплементација на ИПАРД 3 програмата. „Имплементацијата на оваа програма не е едноставна задача“, рече националната координаторка на НКЕУ-МК и професорка на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Милева Ѓуровска, додавајќи дека земјоделците треба да се насочат кон агроеколошко производство во согласност со заедничката аграрна политика на Европската Унија, но уште понеопходно е „да се креираат поволни услови за овој сектор да стане поатрактивен за младите“. Одливот на младите е проблем и во Словачка, која има далеку поголемо искуство во имплементација на програмите финансирани од европски фондови. „Една третина од младите фармери ги напуштаат руралните региони, така што преку кампањи се обидуваме да ги вратиме и задржиме“, изјави Марек Пихулич, експерт за евалуација на програми за развој на руралната средина во Република Словачка и член на мрежата за рурален развој во Словачка. Тој рече дека, сепак, европските средства добиени од ИПАРД програмите помогнале да се задржат добар дел од вработувањата и да се модернизира и зголеми продуктивноста во фармите. Истражувачот од Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА) од Братислава, Петер Брежани, пак, посочи дека Националната конвенција е добра платформа преку вакви дебати, а особено преку препораките на експертите што произлегуваат од нив, да им се помогне на властите поефикасно да ги имплементираат ИПАРД програмите, доближувајќи ги до реалните потреби на земјоделците за модернизација и осовременување на овој сектор. „Оваа широка платформа“, додаде тој, „придонесува преку размена на мислења на експертите, но и на засегнатите страни препораките да станат дел од јавните политики и да добијат институционална форма“. Како посебна препорака за начинот на имплементација конкретно на ИПАРД 3 програмата, беше посочено дека треба да се овозможат структурни услови и да се изврши корекција на имотно-правните аспекти и техничката документација неопходна од општините и Владата. „Процесот на донесување детални урбанистички планови во општините мора да се забрза со конкретни рокови и побрзо да се процесира документацијата за проекти што вклучуваат градежни активности, особено на барањата за легализација наменети за користење на ИПАРД“, изјави Билјана Петровска-Митревска од Националната федерација на фармери. Што се однесува до другите бариери при имплементација на ИПАРД програмите од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој посочија дека еден од најголемите предизвици е недостигот од човечки ресурси и задржување на кадарот во Агенцијата, работи под голем притисок и е подложна на 5 ревизии од државата и од ЕУ. Тие посочија дека задржување на кадрите во Агенцијата треба да биде во фокусот на Владата, бидејќи во моментов недостигаат 28 луѓе, кои имаат стекнато богато искуство со имплементација на претходните две ИПАРД програми. ### Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД и Словачката агенција за развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Андоновски на панел-дискусија за дигитализација на приватниот секторВо среда ќе биде промовирана Ем услугата со која граѓаните ќе може личната карта и возачката дозвоја да ја имаат во дигитална форма.Ова го најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој утринава учествуваше на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо понеделник (19.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васил МихаилСостојки за денешниот рецепт: 5 јајца 1 пиперка 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук 100 гр. кашкавал 100 гр. маслинки 10 шери домати масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог 3 потпечени лепчиња 2 парчиња сирење Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп има нов план: Дали Орбан би можел да застане на чело на Обединетите нации?Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да стане нов генерален секретар на Обединетите нации (ОН), пренесува „Џерузалем пост“, повикувајќи се на извори од три земји.Според извештаите, американски претставници веќе разговарале со Орбан и му предложиле да се кандидира за таа функција. Тој покажал интерес, но сè уште нема донесено конечна одлука. Според извештајот, Вашингтон смета дека Орбан би можел да ја обезбеди поддршката од Русија и Кина. Тоа би значело дека неговата кандидатура би била поддржана од три големи светски сили кои имаат право на вето во Советот за безбедност на ОН. Еден американски функционер проценува дека Орбан би можел да добие поддршка од најмалку осум од 15-те членки на Советот за безбедност, со можност бројот на гласови да достигне десет. Сепак, досега ниту една земја јавно не ја потврдила својата поддршка за него. Орбан е „кандидатот од соништата“ на Трамп Според извештајот, американските претставници подолго време разговараат за тоа каков профил на личност би сакале да видат на чело на ОН. Во текот на овие дискусии, често се спомнувала идејата да се најде „некој како Орбан“ – замисла со која, наводно, се согласиле и претставниците на Русија и Кина. Претставник на Стејт департментот на САД го опиша Орбан како „кандидат од соништата за конзервативците од движењето MAGA“, првенствено поради неговото противење на масовните миграции и либералните невладини организации. За време на своето владеење, Орбан често бил во судир со Европската унија, додека истовремено одржувал добри односи со рускиот претседател Владимир Путин и со Кина. Трамп му даде поддршка за време на унгарските парламентарни избори во април, а во неговата кампања учествуваше и новоизбраниот потпретседател на САД, Џ. Д. Венс. Извори тврдат дека Трамп и Венс се подготвени да ја поддржат кандидатурата на Орбан, но само доколку тој одлучи да влезе во трката. Не се очекува никакво официјално објавување на неговата кандидатура сè додека не завршат американските избори на средината на мандатот. Дали Европа ќе го поддржи? Франција и Обединетото Кралство би можеле да се покажат како едни од најголемите пречки за кандидатурата на Орбан. Двете нации се постојани членки на Советот за безбедност на ОН и имаат право на вето, што значи дека би можеле да го блокираат изборот на некој кандидат, дури и ако мнозинството од другите членки го поддржуваат. Сепак, американските претставници сметаат дека Лондон и Париз можеби нема да сакаат да блокираат кандидат зад кој стојат САД, Русија и Кина. Ниту една од овие две европски земји сè уште нема изнесено став. Кој ќе го наследи Гутереш? Меѓу кандидатите за следен генерален секретар на ОН е Лана Нусеибе, дипломат од Обединетите Арапски Емирати, која минатата недела ја објави својата кандидатура и, според извештаите, добива сè поголема поддршка. За среда е закажано уште едно неофицијално гласање во Советот за безбедност на ОН, со цел да се утврди нивото на поддршка за различните кандидати. Сè уште не е јасно дали меѓу нив ќе биде и Орбан. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, истекува на 31 декември. Извор: Индекс.хрТагови: Виктор Орбан Доналд Трамп ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59