Во Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замени
1Во Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замени
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
1Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
3Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
СветОколу 20 бродови отпловија од Марсеј за да се приклучат на новата флотила кон ГазаОколу 20 француски бродови отпловија од пристаништето на францускиот град Марсеј за да се приклучат на новата меѓународна флотила кон Појасот Газа, која се очекува да вклучува околу 100 бродови. Целта на флотилата е да ја пробие израелската блокада и да стигне до палестинската енклава. „Газа, Марсеј е со тебе!“ скандираа повеќе од илјада луѓе кои дојдоа да го поддржат заминувањето на бродовите, од кои повеќето беа јахти. Оваа нова меѓународна флотила ќе отплови кон Газа околу 20 април по еднонеделна посета на јужна Италија. Пред тоа, повеќето бродови од новата флотила ќе ѝ се приклучат од Барселона на 12 април. На есен 2025 година, првата флотила од околу педесет бродови, вклучувајќи политичари и активисти како што е Швеѓанката Грета Тунберг, беше запрена од израелската морнарица, а луѓето на бродот беа уапсени и протерани од Израел. Појасот Газа, под власт на Хамас, е под израелска блокада од 2007 година. Израел и палестинското исламистичко движење се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година, по две години војна. Тагови: флотила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во ГостиварВо Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи. Во Здравствениот дом Гостивар се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош. -Во текот на вчерашниот ден вкупниот број пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Во споредба со 19.07.2026 година, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 183 прегледи. Истовремено, бројот на прегледи во здравствениот дом продолжува континуирано да опаѓа – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули, појаснува министерот за здравство, Сашо Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замениУкраинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбранатаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната, што ги предизвика најголемите улични протести од почетокот на руската инвазија во 2022. И покрај воената состојба, илјадници луѓе излегоа на улиците во Киев и други градови неколку дена по ред за да протестираат против смената на министерот за одбрана Михајло Федоров и да побараат разрешување на шефот на војската олександр Сирски. Тој се соочува со критики од граѓанското општество, војниците и пратениците поради неговото командување и тактиките со голем број жртви. Зеленски се сретна со петмина генерали и еден полковник, кои политичките аналитичари ги сметаат за потенцијални замени за сирски, при што со секого одделно разговарал за ситуацијата на бојното поле.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР демантира дека жртвите биле бркани од „лажна полиција“Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на сообраќајната несреќа на патот ГП Блаце – Скопје во која загинаа три лица.Од МВР велат дека се неточни тврдењата дека возилото во кое се наоѓале жртвите било бркано од друго возило што лажно се претставувало како полиција, како и дека вакви случаи биле забележани и претходно. „Апелираме да не се шират непроверени информации и дезинформации. Ниту е евидентирана појава на таканаречена лажна полиција, ниту има пријави за такви случаи“, информираат од министерството. Од МВР додаваат дека истражните органи продолжуваат со работата и ќе ги утврдат сите околности и причините што довеле до трагичната сообраќајна несреќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook