Околу 2.400 крвни единици собрани во Велес

Во Велес годишниот план за крводарување  од 1.861 крвна единица, предвреме е реализиран, и до денеска се собрани околу 2.400 крвни единици.

Како што потенцира за МИА Орце Николов, секретар на општинската организација на Црвен крст, Велес, ова е резултат на големата хуманост на велешките крводарители кои самоиницијативно и преку бројни акции одлучиле да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

Околу 2.000 крвни единици се собрани во станицата за Трансфузиологија во Велес, а остатокот од 400 крвни единици на бројните акции, во фирми, институции, установи, училишта, месни заедници.

Од ООЦК – Велес планираат следните акции за доброволно дарување на крв да бидат на 7 август во СВР Велес и на 10 август меѓу жителите на Градско. На 13 и 14 август во Велес ќе се одржи традиционалната голема хуманитарна акција за доброволно дарување на крв.

Велешките крводарители со години наназад се меѓу најхуманите во земјава, а лани од Црвениот крст на Македонија биле прогласени за најхумани во земјава./МИА

Селин Дион: Учам да живеам со болеста

Канадската поп-пејачка Селин Дион се најде на насловната страница на француското издание на „Вог“. 

Во интервјуто за списанието, таа проговори за своето невролошко заболување наречено Синдром на вкочанета личност. Болеста ѝ беше дијагностицирана есента 2022 година.

- Не сум ја победила болеста, таа сѐ уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научно истражување, но токму сега, морам да научам да живеам со неа. Значи, ова сум јас сега - со синдромот на вкочанета личност, изјави Дион.

Таа потоа раскажува како изгледа нејзиниот живот по дијагнозата.

- Во неделата, пет дена одам на атлетска, физичка и гласовна терапија. Работам на прстите на рацете, на нозете, колената, листовите, пеам... Гласот... Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси. На почетокот се прашував: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?“, се потсеќа пејачката.

Таа вели дека сега има два избора - да тренира или целосно да се повлече.

- Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што ја гледам, имам два избора. Или ќе тренирам како спортист и ќе работам напорно, или „се исклучувам“ и останувам дома... Значи, ги слушам моите песни, стоејќи пред огледалото и ги пеам со цело тело и душа, со медицинскиот тим, повторно, нагласи Селин.

Таа има голема поддршка од семејството и децата.

- Пред сè, љубовта на моето семејство и моите деца, љубовта на обожавателите и поддршката на мојот тим - сè тоа ме крепи. Луѓето кои страдаат од СПС (кретенка за болеста, з.п.), можеби немаат доволно среќа или имаат средства да имаат добри лекари и добри третмани. Тоа е дар, знам дека ништо нема да ме спречи, појасни таа.

На прашањето дали ќе се врати на сцената, Селин сè уште нема конкретен одговор.

- Моето тело ќе ми каже. Од друга страна, не сакам само да чекам. Многу е тешко да се живее од ден за ден. Но, има едно нешто што никогаш нема да запре, а тоа е волјата. Тоа е страста. Тоа е сонот. Тоа е одлучноста!, заклучи поп-ѕвездата. /МИА

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

- Околу седум часот утрово, маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во североисточен Лондон. Пред тоа со автомобилот удрил во куќа.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите наводно имало и двајца полицајци.

-Денеска околу 7 часот добивме пријава дека возило удрило во куќа во областа Тарлоу Гарденс. Имаше извештаи за избодени луѓе. Во овој момент знаеме дека осомничениот продолжил да напаѓа други припадници на јавноста и двајца полицајци, соопштија од полицијата.

Триесет и штестгодишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.

РСБСП: Возете внимателно и одговорно за време на празниците

Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ви ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот.

Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува:

почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,

користете сигурносен појас,

возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации,

не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,

возете со технички исправно возило,

прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила,

не зборувајте на мобилен телефон додека возите,

внимавајте на секој учесник во сообраќајот.

Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

притисни ентер