Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура - Канал 5

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

 Околу 1.000 луѓе се заглавени во камповите на источната падина на Монт Еверест во Тибет поради снежна бура што ги блокираше патиштата и во тек е акција за нивно спасување.

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Kинеските медиуми објавија дека стотици локални жители и спасувачи се мобилизирани за да го расчистат снегот и да обезбедат пристап до областа, која се наоѓа на надморска височина од над 4.900 метри. Некои туристи веќе се евакуирани од планината.

Снежните врнежи започнаа во петокот и продолжија вчера, соопшти Туристичката компанија на округот Тингри. Продажбата на билети и пристапот до туристичката област Еверест се прекинати.

Во меѓувреме, од другата страна на границата во Непал, поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави што ги блокираа патиштата, урнаа повеќе мостовите и однесоа најмалку 47 жовечки животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдено тело во близина на Киев; Дали станува збор за атентаторката?

Во близина на Киев е пронајдено безживотното тело на жена. Се претпоставува дека таа е осомничената за обидот за атентат врз украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако.

Пронајдено тело во близина на Киев; Дали станува збор за атентаторката?

Според украинските медиуми, телото е пронајдено во понеделник, а според неофицијални информации, починатото лице е застрелано. Инаку, на 3 јули Интерпол издаде црвена потерница по Анастасија Березовски, 39-годишна државјанка на Украина, која е назначена за главен осомничен за експлозијата во Монако во која беше ранет украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев вечерта на 29 јуни.

Интерпол исто така објави две фотографии од осомничената, придружени со известување дека таа има тетоважа на десната рака – од рамото до лактот – за која се верува дека прикажува змија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аморим: Милан е поголем предизвик од Јунајтед

Рубен Аморим призна дека преземањето на Милан претставува уште поголем предизвик од оној со кој се соочи кога го презеде Манчестер Јунајтед. 

Аморим: Милан е поголем предизвик од Јунајтед

Португалскиот тренер официјално ја презеде функцијата шеф на стручниот штаб на италијанскиот гигант на 6 јули; по пристигнувањето во Италија, тој разговараше со медиумите и објасни зошто ја прифатил новата работа, иако претходно изјавуваше дека би избрал помалку захтевен проект.

„Ако погледнете некое мое старо интервју, ќе видите дека ова е клуб што навистина ми значи многу. Тоа е огромен предизвик. По претходниот (Манчестер Јунајтед), си ветив дека ќе изберам помал предизвик. Но, еве ме тука – а предизвикот е уште поголем“, изјави Аморим.

Поранешниот тренер на Спортинг потпиша двегодишен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе протестираат судиите-поротници при Основниот кривичен суд скопје,нема да учествуаат на дел од судските расправи

Во известувањето до Кривичниот суд, судиите-поротници наведуваат дека нивниот дневен надоместок во износ од 570/670 денари со години не е изменет, без оглед на бројот на предметите, сложеноста на постапките и времетраењето на нивниот ангажман.

Ќе  протестираат судиите-поротници при Основниот кривичен суд скопје,нема да учествуаат на дел од судските расправи

Мирен протест ќе започнат судиите-поротници при Основниот кривичен суд скопје и нема да учествуаат на дел од судските расправи, заради долгогодишнот проблем со дневниот надомест и нерешените барања од страна на министерството за правда и Судскиот совет.

Во известувањето до Кривичниот суд, судиите-поротници наведуваат дека нивниот дневен надоместок во износ од 570/670 денари со години не е изменет, без оглед на бројот на предметите, сложеноста на постапките и времетраењето на нивниот ангажман.

Според нив, ваквиот надоместок не ја одразува одговорноста и значењето на функцијата што ја извршуваат, ниту ги покрива основните трошоци поврзани со присуството во судот. Тие изминатите две години во повеќе наврати се обратиле до Министерството за правда и Судскиот совет со барања за решавање на ова прашање, но дека до денес не се преземени конкретни мерки, поради што се одлучиле на мирен протест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер