3Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо,од есенва во функција и новиот радар
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
НБАОклахома Сити изби на врвот на „Запад“Екипата на Оклахома Сити со победата над Индијана изби на првото место во Западната конференција. Со овој триумф имаат идентичен скор како и Сан Антонио 56 победи и 20 порази. Најдобриот стрелец на лигата Кевин Дјурант постигна 34 поени. Како што јави МИА, кошаркарите на Њујорк остварија нов триумф. Ноќеска на домашен терен го победија Милвоки и за нив ова беше 11.та победа во серија. Најефикасен на дуелот повторно беше Кармело Ентони со 41 поен, а имаше и 14 скокови. Ова за него е трет натпревар по ред како постигнува 40 и повеќе поени. Важна победа во борбата за осмата позиција на „Запад“ оствари Лос Анџелес Лејкерс совладувајќи го минимално Мемфис. Коби Брајант со 24 поени беше најефикасен. Победа постигна и Мајами, Мајк Милер реализираше 26 поени. Шампионот на овој натпревар настапи без Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Реј Ален. Резултати од ноќешните натпревари: Бостон – Кливленд 91:97, Њујорк – Милвоки 101:83, Атланта – Филаделфија 90:101, Шарлот – Мајами 79:89, Индијана – Оклахома Сити 75:97, Чикаго – Орландо 87:86, Минесота – Торонто 93:95, Јута – Њу Орлеанс 95:83, Феникс – Голден Стејт 107:111, Сакраменто – Далас 108:117, Портланд – Хјустон 98:116 и Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис 86:84. Двојки за вечерва: Индијана – Вашингтон, Бруклин – Шарлот, Мајами – Филаделфија, Минесота – Детроит, Милвоки – Торонто, Сан Антонио – Атланта и Денвер – Хјустон. Пласман Источна конференција: Мајами 59-16 (победи-порази), Њујорк 49-26, Индијана 48-28, Бруклин 43-32, Чикаго 42-33, Атланта 42-35, Бостон 39-37, Милвоки 36-39, Филаделфија 31-44,... Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 56-20, Сан Антонио 56-20, Денвер 52-24, Лос Анџелес Клиперс 50-26, Мемфис 51-25, Голден Стејт 44-32, Хјустон 43-33, Лос Анџелес Лејкерс 40-36, Јута 40-37,...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплатаСтанува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи.Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија. Станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, кои оваа терапија ја користат долгорочно и за кои континуираната и финансиски достапна терапија е од исклучителна важност. Во рамки на активностите за проширување на изборот на лекови без доплата, Фондот претходно вклучи дополнителни лекови со генеричкото име mycophenolic acid во Шифрарникот на лекови. На тој начин, покрај поголемиот избор за осигурениците, беше создадена и реална конкуренција на пазарот, што придонесе за намалување на цената на Myfortic. Како резултат на ваквиот пристап, цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари Со предложеното усогласување на референтните цени, осигурениците нема да ја плаќаат доплатата од 615 денари за Myfortic од 180 mg, односно 1.439 денари за Myfortic од 360 mg, а лекот во двете јачини ќе им биде достапен без доплата по стапувањето во сила на одлуката. Истовремено, благодарение на претходно постигнатото намалување на цените, проектираната заштеда за Фондот само за втората половина од 2026 година изнесува околу еден милион денари. Со тоа Фондот ја постигнува една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција и пониски цени, без финансискиот товар да се префрли врз пациентите, а со истовремено порационално користење на средствата од здравствениот буџет. Со тоа Фондот ја постигна една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција, намалување на цените и порационално користење на средствата од здравствениот буџет. Во меѓувреме, Фондот доби официјално известување од носителот на одобрението дека двата алтернативни лека на производителот STADA, кои беа вклучени во Шифрарникот како лекови без доплата, во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини. Со нивната недостапност на пазарот, пациентите повторно би биле изложени на доплата за достапната терапија со Myfortic. Имајќи предвид дека станува збор за специфична категорија пациенти на кои им е неопходен континуитет во терапијата, Фондот пристапи кон изнаоѓање решение со кое дополнителниот финансиски товар нема да падне на осигурениците. По иницијатива на Директорот на Фондот, м-р Златко Перински, кој веднаш по преземањето на функцијата на ова прашање му даде приоритет. Во координација со Министерството за здравство, стручните служби на Фондот ги направија потребните финансиски анализи и подготвија решение со кое Myfortic во двете јачини повторно ќе биде достапен без доплата за осигурениците. Предлогот предвидува усогласување на референтните цени на Myfortic од 180 mg и 360 mg на ниво што ќе овозможи осигурениците да не доплаќаат за лекот. Истовремено, и со ваквото усогласување, трошокот на Фондот за оваа терапија ќе остане понизок во однос на периодот пред постигнатото намалување на цената на Myfortic. Материјалот ќе биде доставен на разгледување до Управниот одбор на Фондот на првата наредна седница. по што шифрарникот на лекови ќе се објави на веб-страната на Фондот. Со ова осигурениците ќе можат да го подигнуваат Myfortic од 180 mg и 360 mg без доплата. Со предложеното решение, Фондот истовремено ги штити пациентите од дополнителен финансиски товар и обезбедува поодговорно користење на средствата од здравствениот буџет. Пациентите ја добиваат потребната терапија без доплата, а Фондот за истиот лек издвојува помалку средства во однос на периодот пред намалувањето на неговата цена. Фондот ќе продолжи активно да ги следи состојбите на пазарот на лекови и да презема мерки со кои конкуренцијата и рационалното управување со средствата ќе се преточуваат во конкретна придобивка за осигурениците – поголема достапност до потребната терапија и помал финансиски товар за пациентите.Тагови: Myfortic Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Битола: Нова улицa и над 100 нови паркинг местаГрадоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на асфалтирањето на новопроектираната улица СТУ 3 која ги поврзува улиците „Глигор Прличев“ и „Рокдајл“. Улицата е со вкупна должина од 421 метар, а согласно проектот планирани се над 100 нови паркинг места во овој реон. Вкупната вредност на инвестицијата во инфраструктурата изнесува 19.627.446 денари, а средствата се обезбедени од првиот повик на Владата преку Министерството за транспорт. Претходно, во овој дел беше изведен сепаративен систем на канализационата мрежа за фекална и атмосферска канализација. Вкупната вредност на зафатот изнесува 7.469.131 денари, а изведувач на работите беше ЈП „Нискоградба“ со средства обезбедени од првиот владин повик. Поставена е и нова водоводна инсталација чија вредност изнесува 2 милиони денари, изведена од ЈП „Водовод“ Битола со средства обезбедени од Буџетот на Општина Битола, како и комплетна електро инсталација за улично осветлување со вредност од 1.919.206 денари, финансирана од првиот повик на Владата.Тагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАлварез им признал на соиграчите дека направил грешка, се подалеку од БарселонаНапаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварез им признал на соиграчите дека направил грешка, трансферот во Барселона изгледа сè помалку веројатен. По повеќенеделната сага, Аргентинецот го промени ставот и сега сè повеќе ја прифаќа можноста да остане во Мадрид. Хулијан Алварез почна да ја прифаќа можноста дека ова лето нема да заврши во Барселона и направи важен чекор кон смирување на ситуацијата во соблекувалната на Атлетико Мадрид. Аргентинскиот напаѓач разговарал со своите соиграчите и им признал дека направил грешка во начинот на кој постапил во врска со интересот на каталонскиот клуб. Според извештаите на шпанските медиуми, Алварез претходно не разговарал со соиграчите за својата ситуација на овој начин. Со признавањето на грешката Алварез го увери тимот дека неговата посветеност кон Атлетико нема да биде доведена во прашање, без оглед на тоа колку долго уште ќе остане во Мадрид. Без разлика дали станува збор за неколку дена или за една или повеќе сезони, Аргентинецот нагласи дека интересите на клубот ќе ги става пред сè друго сè додека го носи неговиот дрес. Овој став практично ја исклучува можноста за какви било бунтовнички потези доколку Атлетико продолжи да го блокира трансферот во Барселона. Алварез конкретно призна дека неговото однесување и начинот на кој се изразувал за време на сагата околу трансферот не секогаш биле идеални.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter