Оклахома се пласира во конференциското полуфинале - Канал 5

Оклахома се пласира во конференциското полуфинале

Екипата на Оклахома се пласира во полуфиналето на Западната конференција на НБА шампионатот.

Оклахома се пласира во конференциското полуфинале
На средбата одиграна синоќа во Оклахома домашниот тим со совлада Далас со 118:104 и со 4-1 во меѓусебните дуели пласираше во следната рунда од НБА плејофот во која за противник ќе го има тимот на Сан Антонио.

Расел Вестбрук со 36 поени беше предводник во победата, а Кевин Дурант постигна 33. Во тимот на Далас најпрецизен беше Дирк Новицки со 24 поени.

И екипите на Шарлот и Портланд ја искористија предноста на домашниот терен, па стигнаа до израмнување на резултатот на 2-2 во победи во дуелите со Мајами и ЛА Клиуперс.

Кошаркарите на Шарлот ноќеска со 89-85 славеа триумф над Мајами, а Портланд беше подобар од ЛА Клиперс со 98-84. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството.

Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во својот дом во Дерсингам, недалеку од кралскиот имот Сандрингам. 

Убиена лекарката на британското кралско семејство

Нејзиниот сопруг е уапсен под сомнение за убиство. Кралот Чарлс и кралицата Камила исто така биле информирани за нејзината смрт, објавија британските медиуми.

Полицијата од Норфолк била повикана во домот на Хана Кејн, професионално позната како Хана Тери, кратко по два часот наутро на 4 октомври. Повикана била брза помош, а докторката била прогласена за мртва на местото на настанот, објавија денеска лондонски медиуми.

Нејзиниот сопруг, Марк Кејн, бил уапсен под сомнение за убиство и е во притвор во исчекување на истрагата. Полицијата подоцна добила наредба за продолжување на притворот за дополнителни 32 часа за да им се даде на истражителите повеќе време. Обдукција била извршена следниот ден.

Хана Кејн работеше во Медицинскиот центар Гримстон, кој објави дека привремено ги затвора своите врати по нејзината смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција.

Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо’’, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничка влада.

И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи. И му благодариме за признанието.

Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добивал автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев.

Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

https://we.tl/t-vwQAFhYQ9i69aYxe

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер