Оќелавел и решил да ги истетовира залистоците на челото (видео) - Канал 5

Оќелавел и решил да ги истетовира залистоците на челото (видео)

Откако сè било готово, вреснал на цел глас

Оќелавел и решил да ги истетовира залистоците на челото  (видео)

Италијанецот Џанлука почнал рано да ја губи косата, неговите залистоци станувале сè поизразени, а во челниот предел на главата имал сè помалку коса. Тој има само 26 години, па не можејќи да го прифати својот изглед се речил на очајнички потег. Отишол кај локалниот мајстор за тетоважи и истетовирал, верувале или не, шишки. Сепак, резултатот не бил каков што очекувал.

Како што изјави за британските медиуми, тату уметницата Марија Џина Алтобели, ова ѝ било едно од најчудните барања за тетоважа во кариерата. Сепак, таа решила да му ја исполни желбата на клиентот, а целиот процес го снимила и го објавила на Тикток.

Таа најпрво на челото му нанесува шаблон со мастило, а потоа почнува да тетовира. Процесот траел само еден час.

- Оваа работа ја работам веќе шест години и сум доста брза. Џанлука реагираше секогаш кога иглата ќе му го допреше челото, но храбро ја поднесе болката. Иако на почетокот бев скептична, кога завршив, бев задоволна од својата работа – додаде таа.

Откако го завршува своето дело, таа го носи Џанлука до огледалото, а тој со неверување ги гледа исцртаните шишки и почнува да плаче покривајќи си го лицето со дланките.

Видеото на Тикток го погледнале 27,8 милиони лица, по што следат урнебесни коментари. Повеќето од гледачите помислиле дека се работи за шега.

@gipsygtattooer

Il mio cliente ha sempre sognato la frangetta ed io ho esaudito il suo desiderio 💖

♬ Furore - Paola & Chiara

- Ова е некаква шега, нели? Не можам да верувам што направи човекот -

- Брат, трчај дома и барај на Интернет ласерско отстранување на тетоважи -

- Гледам и не верувам. Дали е реално човекот да го направил ова? Подобро да си сосема ќелав отколку да се шеташ вака -

- Сè ми се чини дека не плаче од среќа. И јас би плачел на глас да направев вакво нешто -

- Плачам од смеа, не ми се верува што си направи човекот - беа само дел од коментарите на објавата на уметницата за тетоважи Марија Џина Алтобели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции.

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел унапредување на билатералната соработка и отворање нови можности за партнерство во областа на образованието и науката.

На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, се разговараше за организацијата и функционирањето на образовните системи во двете земји, како и за механизмите и мерките за поттикнување на научно-истражувачката дејност. Министрите разменија идеи за можни заеднички иницијативи, при што посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување јапонска поддршка за основање центри за извонредност во Македонија.

„Јапонија е долгогодишен стратешки партнер на нашата земја и ви благодарам за досегашната поддршка, како и за можностите што им ги овозможувате на македонските студенти преку системот на стипендирање да се образуваат на престижни јапонски универзитети. Од особено значење за нас е и поддршката што ја добиваме во процесот на техничка модернизација и опремување на училиштата. Верувам дека дел од идеите за кои денес разговаравме наскоро ќе прераснат во конкретни проекти и активности“, истакна Јаневска на средбата во јапонското Министерство за образование.

Унапредувањето на квалитетот на наставата и развојот на компетенциите кај учениците беа во фокусот на посетата на Националниот институт за образовни политики на Јапонија, каде што Јаневска оствари средба со генералната директорка Мизуе Шиоми. Соговорничките разменија искуства за методолошките пристапи во наставата, поттикнувањето на креативното и критичкото размислување кај учениците, а се осврнаа и на подготовката на учениците за меѓународното ПИСА тестирање, каде Јапонија традиционално покажува исклучително високи резултати.

За можностите за реализација на нови партнерски проекти меѓу двете земји се разговараше и на средбата со парламентарната заменик-министеркa за надворешни работи, Икуина Акико. Таа посочи дека Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) ќе продолжат активно да работат на идентификување и развивање нови можности за соработка.

Во рамки на агендата, министерката го посети и Универзитетот во Токио, каде што со претседателот на Универзитетот, проф. д-р Теруо Фуџи, разговараше за интензивирање на соработката со македонските универзитети. Во таа насока, беа разгледани можностите за заедничко учество во програмата „Хоризонт Европа“, размена на наставно-научен кадар и студенти, како и воспоставување нови академски партнерства.

Посетата на Јапонија опфати и средби во македонската амбасада во Токио. Јаневска и вршителката на должност амбасадор, Кристина Стојчевска, се сретнаа со Казуја Оцука, поранешен амбасадор на Јапонија во нашата земја, со македонски студенти, како и со средношколци од јапонско училиште кои го изучуваат македонскиот јазик.

Средбите и разговорите во Токио претставуваат значаен чекор кон продлабочување на традиционално добрите односи меѓу двете земји и создавање нови можности за размена на знаења, искуства и експертиза, во интерес на унапредувањето на македонското образование и наука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/ч

Електричниот „Fiat Topolino“ привлече купувачи во американските туристички места.

Американците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/ч

Малиот електричен модел на „Fiat, Topolino“, предизвика значителен интерес кај купувачите во САД, иако има максимална брзина од само 40 км/ч и е првенствено дизајниран за кратки градски патувања и затворени станбени комплекси.

„Fiat“ испорача 300 примероци од моделот „Topolino“ до дилерите во САД, а повеќето од нив се веќе продадени. Ова претставува пилот-лансирање, кое ѝ овозможува на компанијата да процени дали во САД постои доволно голем пазар за електрични возила слични на возилата за голф.

Ендрју Вотерхаус, директор на „Fiat“ за Северна Америка, потврди дека повеќето од 300-те испорачани возила веќе нашле купувачи, иако напомена дека продажбата се одвива постепено, бидејќи станува збор за експериментално воведување на пазарот.

Интересно е што 60 отсто од купувачите се одлучиле за верзијата „Dolce Vita“ – која нема врати ниту покрив – и е дизајнирана за возење на отворено. Оваа конфигурација е особено погодна за туристички дестинации, одморалишта и затворени станбени комплекси.

Достапни се и стандардна верзија со целосни врати, како и варијантата „Open Air“ која има платнен покрив што може да се отвора. Според Вотерхаус, затворената верзија е посоодветна за градските корисници кои сакаат да ги остават своите лични предмети во заклучено возило.

Во САД, „Topolino“ спаѓа во категоријата возила со мала брзина (Low-Speed ​​Vehicles – LSV). Тоа значи дека неговата брзина е ограничена на максимум 40 км/ч и е наменет за употреба на локални патишта со одредени ограничувања на брзината. Не може да се користи како конвенционален автомобил на автопатишта.

Моделот за 2027 година има максимална брзина од 40 км/ч, батерија со капацитет од 5,4 kWh и електричен мотор со моќност од шест киловати. Наведениот досег изнесува приближно 74 километри, додека полнењето преку стандарден домашен штекер трае од четири до пет часа. Почетната цена изнесува 14.985 долари – нешто помалку од 15.000 долари – без дополнителните трошоци за опции за специјални бои. Понатаму, „Fiat“ нуди бесплатен пакет за надградба за моделите од 2026 година, со цел да се осигура дека тие ги исполнуваат новите барања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во Инџиково

Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во Инџиково

„Добар ден и од мене.

Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти.

Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот.

Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер