ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град - Канал 5

ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

 Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори.

ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на Град Скопје и Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главнот град.

Како што информираат од Републичкото јавно обвинителство, дејствијата се преземаат во рамките на предмет поврзан со загадувањето на воздухот во Скопје, а сите надлежни институции се задолжени да изготват соодветни извештаи од извршените контроли и да ги достават до обвинителството.

-Државните инспектори за животна средина треба да вршат надзори во инсталациите кои поседуваат А интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор ќе биде фокусиран над инсталациите кои при извршување на технолошките процеси може да имаат удел во нарушување на квалитетот на амбиентниот водзух и во правните субјекти кои за загревање на објектите користат мазут/нафта, појаснуваат од Обвинителството.

Со иста задача, овластените инспектори за животна средина при Градот Скопје треба да направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат Б интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на Град Скопје. Комуналните инспектори и комуналните редари се задолжени да вршат проверка над возилата кои излегуваат од градежните парцели дали ги мијат тркалата, дали има одлагање на отпад на јавни површини, палење на оган на отворено.

Овластените инспектори за животна средина при општините во градот Скопје треба да направат направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на општината.

Од Обвинителството информираат дека Министерството за внатрешни работи врши контрола дали се почитува посебниот сообраќаен режим за тешките товарни возила, насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.

Инспекторите во Дирекцијата за заштита и спасување, пак, треба да извршат контрола на правните субјекти, органите на државна управа, единиците на локална самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите за заштита и спасување од пожари на луѓето кои за загревање на просториите користат мазут/нафта дали редовно ги одржуваат горилниците и редовно ги чистат димоводните канали согласно пропишаната законска динамика.

По доставување на сите извештаи, доколку во нив се содржани елементи на кривично дело од областа на животната средина и природата, Основното јавно обвинителство Скопје веднаш ќе поведе постапки против сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуманоидни роботи изведоа спектакл и влегоа во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за синхронизирано танцување во Кина.

Хуманоидни роботи изведоа спектакл и влегоа во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Кинеската индустрија за хуманоидни роботи се движи од индивидуални демонстрации кон апликации од голем обем, а во сличен развој, 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за најголем број хуманоидни роботи што танцуваат истовремено во градот Џинан, покраината Шандонг, Кина, во саботата, објави „Глобал тајмс“.

Вкупно 110 хуманоидни роботи „Експедиција А3“, развиени од кинеската компанија „АгиБот“, изведуваа синхронизирани танцови движења и промени во формацијата користејќи ја платформата за групна контрола „ЛинкБотс“ на компанијата и технологијата за ултра-широкопојасно позиционирање што овозможува точност на ниво на сантиметар.

„АгиБот“ соопшти дека сите 110 роботи изведувале синхронизирани движења без прекин, вклучувајќи менување позиции, скокање, превртување и менување формации.

Компанијата објави дека роботите ќе бидат распоредени во културни и туристички настани, јавни услуги, научни истражувања и образование, како и во други области. Претставник на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија на 19 октомври изјави дека кинеските компании развиле повеќе од 400 модели на хуманоидни роботи и произвеле повеќе од 40.000 единици во првата половина од оваа година, а се очекува годишното производство да надмине 100.000 единици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шок во Мадрид пред вечерашното Ел Класико- Мурињо остана без клучен играч

Реал Мадрид претрпе голем удар само неколку часа пред вечервашното Ел Класико против Барселона. 

Шок во Мадрид пред вечерашното Ел Класико- Мурињо остана без клучен играч

Мадридскиот клуб официјално објави дека Тибо Куртоа (34), нивниот прв голман и еден од најважните играчи, нема да игра во најголемото шпанско дерби. Причината е грипот, поради кој белгискиот репрезентативец се откажа од тимот во последен момент.

„Куртоа ќе го пропушти вечервашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона во 10-то коло од првенството поради грип. Илиа Волошин ќе го замени во тимот“, објави Реал Мадрид на својата официјална веб-страница.

Тоа е голем проблем за тренерот Жозе Мурињо, кој е без еден од своите најсигурни играчи пред еден од најважните натпревари во сезоната. Куртоа е стандарден прв голман за Реал, а неговиот квалитет и искуство доаѓаат до израз особено во најголемите натпревари.

Мурињо мора да ги промени плановите во последен момент

Се очекува Куртоа да биде заменет од украинскиот репрезентативец Андриј Лунин (27). Тој веќе покажа дека може успешно да го замени Белгиецот, особено во сезоната 2023/24, кога одигра важна улога во освојувањето на шпанското првенство и Лигата на шампионите од страна на Реал.

Сепак, отсуството на Куртоа е сериозен хендикеп за Мадрид. Белгиецот е еден од најдобрите голмани во светот со години, а пред натпреварот против Барселона, неговата способност да се брани и да го држи тимот во игра е особено важна.

Реал влегува во дербито шест бода зад лидерот Барселона, кој досега ги доби сите девет лигашки натпревари. Тимот на Ханси Флик би ја зголемил предноста на девет бода со победа, додека Реал би ја намалил разликата на само три бода со евентуална прослава.

Ел Класико ќе се игра вечерва од 21:00 часот на Камп Ноу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Раде Шербеџија се јави од Бродвеј со порака до гласачите во Србија (ВИДЕО)

Актерот Раде Шербеџија ги поддржа студентите во Србија и ги повика граѓаните да гласаат. 

Раде Шербеџија се јави од Бродвеј со порака до гласачите во Србија (ВИДЕО)

Тој го објави ова со видео од Њујорк што го објави на Фејсбук, придружувајќи им се на бројни познати личности кои јавно го поддржаа студентското движење.

Шербеџија се јави од Бродвеј во раните утрински часови и коментираше за големиот интерес за изборите кај луѓето од овие области кои живеат во САД.

„Млади, стари, со насмевка на лицето“

„Рано е утро во Њујорк, јас сум на Бродвеј. Сонцето изгрева. Синоќа имаше многу од нашиот свет тука, низ цела Америка - Лос Анџелес, Чикаго, Њујорк. Млади, стари, со насмевка на лицето, самоуверени и одлучни, и токму така“, рече Шербеџија.

На крајот од видеото, тој ги повика граѓаните да излезат на гласачките места. „Ако сè уште не сте, излезете и гласајте. Студентите победуваат!“, рече тој.

Висока излезност на изборите во Србија

Да ве потсетиме дека денес во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои претставуваат важен политички тест за владата на Александар Вучиќ. Политичката опција што произлезе од студентските протести што започнаа по падот на балдахинот на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица, учествува на изборите.

Според податоците за излезноста до 16 часот, 56,6 процент од гласачите излегле на гласање, значително повеќе отколку во исто време на неколку претходни избори.

Голем интерес за гласање е забележан и кај српските граѓани во странство. Стотици луѓе се собраа преку ноќ во Њујорк, долги редици се формираа во Лос Анџелес, а некои гласачи во Азија и Австралија патуваа илјадници километри за да го дадат својот глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер