ОЈО Скопје поведе постапка против маж, кој нанел тешка телесна повреда на жена со која имале претходни лични недоразбирања - Канал 5

ОЈО Скопје поведе постапка против маж, кој нанел тешка телесна повреда на жена со која имале претходни лични недоразбирања

Настанот, како што информираат од Обвинителство, се случил вчера попладне, кога оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда.

ОЈО Скопје поведе постапка против маж, кој нанел тешка телесна повреда на жена со која имале претходни лични недоразбирања

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања.

Настанот, како што информираат од Обвинителство, се случил вчера попладне, кога оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда.

-Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со стаклени шишиња, замавнал со неа и ја удрил по главата. Оштетената започнала обилно да крвари и зашеметена успеала да повика полиција, по што со брза помош била пренесена во болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Имајќи го предвид начинот на сторување на кривичното дело, а со цел да се заштити жртвата од можноста за ново загрозување на нејзината безбедност, здравје и живот, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побара на осомничениот да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост: забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и обврска да се јавува повремено на определено службено лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Свечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утринава се обрати на свечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 година.

Свечената промоција на новите полициски службеници од генерацијата, 2025/2026 година

Новата генерација полициски службеници треба ќе го зајакне безбедносниот систем и да ги унапреди полициските капацитети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов апелира дека поради високиоте температури граѓаните треба да внимаваат,оти е можна појава на пожари

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов апелира дека поради високите температури граѓаните треба да внимаваат .

Ангелов апелира дека поради високиоте температури граѓаните треба да внимаваат,оти е можна појава на пожари

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов апелира дека поради високите температури граѓаните треба да внимаваат како се однесуваат во природата оти е можна појава на пожари

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реал Мадрид неочекувано ангажираше напаѓач

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид продолжува со реконструкцијата на тимот во летниот преоден рок.

Реал Мадрид неочекувано ангажираше напаѓач

„Кралскиот клуб“ ја активираше откупната клаузула од 25 милиони евра и го доведе младиот напаѓач Карлос Еспи од Леванте.

Еспи ќе ја засили конкуренцијата во нападот и веднаш ќе му се приклучи на првиот тим за сезоната 2026/27.

Доаѓањето на 20-годишниот шпански напаѓач следува по заминувањето на центарфорот Гонзало Гарсија, кој кариерата ќе ја продолжи во Фулам.

Англискиот премиерлигаш ќе плати околу 40 милиони евра за неговиот трансфер, па Реал практично веднаш дел од заработените пари ги вложи во ангажирањето на еден од најталентираните напаѓачи во шпанскиот фудбал.

Во Реал веруваат дека Еспи поседува квалитет и потенцијал да стане важен дел од првиот тим во наредните години.

Токму затоа, раководството на клубот одлучи да ја активира неговата откупна клаузула без преговори и да ја заврши работата пред во трката да се вклучат и други европски гиганти.

Целиот процес се одвивал експресно. Еспи бил контактиран од други клубови, а само еден час или неколку часа по појавувањето на првите шпекулации, неговиот трансфер е официјализиран.

Во претходните сезони, Еспи го привлече вниманието со одличните настапи во дресот на Леванте. Тој постигна 13 гола на 27 натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер