Црна хроникаОЈО: Предложен притвор за дилер на хероинОсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и можности повторно да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе избегнува „Табановце“, се повеќе се користи граничниоот премин Пелинце - Прохор ПчинскиВоведувањето на системот „Сејф сити“ и наплатата на сообраќајните казни за странски возила предизвикува промени во изборот на граничните премини кон Србија.На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат колони возила на вториот граничен премин Пелинце – Прохор Пчински, кој има само една лента и е далеку од коридорот 10, во обид да ги избегнат гужвите на Табановце и евентуалните казни што ги чекаат. Но, според информациите од МВР, наскоро на сите гранични премини ќе се издаваат платните налози. За 6 месеци од стартот на Сејф сити, пола од вкупно направените прекршоци, или околу 180.000 ги сториле странски возачи, а само на 19 и 20 август над 5.500, во најголем дел за пречекорување на дозволената брзина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтринава се пукало во Арачиново – ранети се двајца во „Шкода“Се пукало во Арачиново утринава, повредени се двајца во „Шкода“.МВР соопшти дека во 5:45 минути во СВР Скопје било пријавено дека на ул„18“ во селото се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од полициското одделение Арачиново и единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле 34 годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И. Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. се преземаат мерки за расчистување на настанот. – сооошти МВР.Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИ Бугарија ја одбележа 123 годишнината од илинденското востание – Јотова: Историјата е заедничкаБугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права, порача бугарската претседателка Илијана Јотова. Таа учествуваше на одбележувањето на 123-годишнината од илинденското востание, кое Бугарија го нарекува илинденско-преображенско. Јотова оцени дека историјата е заедничка и не треба да биде повод за поделби. -Колку многу омраза и поделби денес во Македонија се зборува за Бугарите. А, историјата ни е заедничка, што има да делиме. И денес, провокации, понижување. Тоа е наша работа, на политичарите, но тоа е работа и на сите граѓани да се спротивстават на таа омраза и поделбите. Ние вас нема да ве предадеме, нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права. – изјави Јотова. Тагови: Јотова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook