ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче - Канал 5

ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишен скопјанец, кој со мотоцикл на улицата „Џон Кенеди“ удри 10-годишно девојче кое го преминувало коловозот на пешачки премин.

ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче

Како што стои во соопштението на ОЈО, за лицето постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот по член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, кој на 25 април како учесник во сообраќајот не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето.

– По десната сообраќајна лента од улицата „Џон Кенеди” управувал моторцикл „Пиаџо Беверли” со скопски регистарски ознаки и тоа без заштитен шлем и без да поседува возачка дозвола од „A” категорија за тој вид на моторцикл. Кога дошол пред влезот на основното училиште „Васил Главинов”, на обележан пешачки премин не обрнал внимание на пешаците кои започнале да чекорат и кои имал обврска да ги пропушти. Со предниот десен дел од моторциклот удрил во телото на оштетеното 10-годишно девојче кое го поминувало коловозот на пешачкиот премин. Од ударот девојчето се здобило со тешка телесна повреда – скршеница, стои во соопштението.

Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, од ОЈО наведуваат дека јавниот обвинител предложил да му бидат определени мерки за претпазливост, а судот го прифатил предлогот и ги определил мерките.

Герасимовски: Станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви

Финансиската поддршка изнесува 30% од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, додека 70% од трошоците ги обезбедуваат сопствениците.

Герасимовски: Станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви

Општина Центар-Скопје објавува Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и лифтови во колективни станбени згради на нејзина територија, согласно Програмата за комунални дејности за 2025 година (Потпрограма ГДО).

„Ги повикувам сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови да аплицираат и да ги искористат средствата што ги нудиме. Ова е можност да се подобрат условите за живеење, безбедноста и енергетската ефикасност во вашите згради,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Финансиската поддршка изнесува 30% од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, додека 70% од трошоците ги обезбедуваат сопствениците. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на учество имаат заедници на сопственици или управители од Општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години, со најмалку 70% населени станови. Потребна е одлука со потписи од 50% + 1 сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот (договори, понуди, фотографии, технички извештај и др.).

Пријавите се поднесуваат во затворен плик, во Архивата на Општина Центар (барака 6) или по пошта, на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, во периодот од 10 мај до 30 јуни 2025 година, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Заинтересираните жители може да се информираат на линкот во прилог https://www.centar.gov.mk/?p=25179 или на општинската веб-страница.

Општина Центар

Денеска завршни зборови за судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Денеска завршни зборови за повторното  судењето за пожарот во тетовската модуларна болница. За тешки дела против општата сигурност одговараат Флорин Бесими и Артан Етеми. 

Денеска завршни зборови за судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

На двајцата поранешни директори на болницата им се суди по вторпат откако лани повисокиот суд го врати предметот на ново судење. Одбраната појаснува дека со судењето не се бара одговорност за настанувањето на пожарот, туку за последиците кои ги предизвикал. Тврдат, дека во болницата, имало противпожарни апарати. Пожарот во тетовската модуларна болница избувна на осми септевмри 2021 година, а објектот го проголта за помалку од три минути. Трагедијата одзеде 14 животи на луѓе кои се лекуваа од ковид и нивни блиски кои биле таму. Во потрагата по причините за несреќата, се вклучија и германски истражители. Беше утврдено дека пожарот го предизвикал продолжен кабел за струја на кој бил приклучен дефибрилатор и полнач за мобилен телефон.

Почна Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст

Во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција.

Почна Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа за која не важат критериумите како за другите држави кои станале или се во процес да станат земји членки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на Самитот Македонија 2025. Тој најави раст на економијата.

Економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави, ќе говорат на панел дискусиите на самитот, на кој се очекува да присуствуваат околу 550 гости.

YouTube video

притисни ентер