ОЈО: Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат - Канал 5

ОЈО: Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

Против него беше поднесено обвинение, бидејќи на 5 август, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабаг“, со истакнување и веење знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза.

ОЈО: Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

​По извршена идентификација и поднесена кривична пријава од СВР Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик.

Против него беше поднесено обвинение, бидејќи на 5 август, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабаг“, со истакнување и веење знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност. Тоа го забележале полициски службеници, кои го лишиле од слобода.

Врз основа на обезбедените докази во координација меѓу полицијата и надлежното обвинителство, Основниот кривичен суд Скопје веднаш изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку осудениот не стори ново кривично дело во следните 5 години. Во исто време, бидејќи станува збор за странски државјанин, Судот донесе одлука да го протера и да му забрани влез во државава во следните пет години.

Во меѓувреме, МВР и Јавното обвинителство продолжуваат да преземаат координирани активности за откривање и идентификување на сторители на кривични дела на ширење на омраза и нетрпеливост поврзани со спортски натпревари. Веднаш по идентификацијата на сторителите, тие ќе бидат процесуирани во согласност со надлежностите на јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризик

Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) му препорача на српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват поради утврден висок безбедносен ризик.

Српската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризик

Во соопштението објавено на веб-страницата на БИА се наведува дека според оперативните сознанија на агенцијата, водачот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора.

Се додава дека безбедносната проценка што постојано беше барана од службата домаќин на собирот во Црна Гора не беше доставена до БИА, спротивно на сите правила на професијата и одговорен став.

„Од причини од најголема важност за задачите што ѝ се доверени на Агенцијата за безбедност и информации, соопштуваме дека е потребно да објавиме дека поради непријателските дејствија на странски служби и криминални кланови во Црна Гора, Агенцијата за безбедност и информации официјално го советуваше претседателот на Република Србија да не патува во Црна Гора бидејќи е утврдено дека постои висок безбедносен ризик“, се вели во соопштението. Вучиќ треба да присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват на 4 и 5 јуни.

Црногорските медиуми објавија дека повеќе од 1 500 полицајци ќе го обезбедуваат самитот на 4 и 5 јуни во Тиват, на кој треба да се соберат учесници на највисоко политичко ниво. Меѓу нив се претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, шпанскиот премиер Педро Санчез, италијанскиот премиер Џорџа Мелони и бројни други европски и регионални лидери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел и Либан постигнаа договор за прекин на војната под два услова

Израел и Либан постигнаа договор за прекин на огнот со цел прекин на непријателствата, објави администрацијата на Трамп.

Израел и Либан постигнаа договор за прекин на војната под два услова

Со тоа, САД се стремат да отстранат една од најголемите пречки во постигнувањето поширок договор за прекин на војната со Иран.

Во заедничка изјава објавена од американскиот Стејт департмент по преговорите во Вашингтон, се наведува дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан е условен од целосен прекин на огнот од страна на Хезболах, милиција поврзана со Иран, и евакуација на сите нејзини оперативци од југот на земјата.

Двете страни, кои немаат формални дипломатски односи, се согласија и за создавање „пилотски зони“ во кои либанските вооружени сили ќе „преземат ексклузивна контрола врз територијата, исклучувајќи ги сите недржавни актери“.

Израел и Либан објавија заедничка изјава за договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Документот ги поставува темелите за смирување на ситуацијата на терен и продолжување на преговорите. Според соопштението, двете страни се обврзале на брзо воспоставување пилотски зони. „Двете страни, под водство на САД, се согласија дека брзо ќе започнат со воспоставување пилотски зони во кои либанските вооружени сили ќе ја преземат ексклузивната контрола врз територијата, без присуство на какви било недржавни актери“, се наведува во договорот. Беше разјаснето дека „недржавни актери“ се однесува на Хезболах, милитантна група поддржана од Иран, која со години е дестабилизирачки фактор во Либан и честа цел на израелски напади. Договорот, исто така, содржи обврска за иднината. „Израел и Либан потврдија дека немаат непријателски намери еден кон друг и се обврзаа да продолжат со директните преговори за градење доверба, решавање на сите преостанати прашања и постигнување сеопфатен договор меѓу двете земји“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делови од Бутел и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

Делови од Бутел и Карпош денеска без струја

– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Костурска ,ул. Тале Христов Слога, Клиника ВФВ и Санте плус 3, општина Бутел;

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улица Франце Прешер околу објект 141, општина Карпош;

– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од Бул. Босна и Херцеговина и ул.Боро Менков, општина Бутел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер