OJO: Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид - Канал 5

OJO: Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени.

OJO: Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот “Туристичка” во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено.

Првиот осомничен го извршил делото со директно загрозување на безбедноста во сообраќајот, односно во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил Фолксваген голф без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот. Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда.

Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.

Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот Фолксваген голф, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство, односно во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.

Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото цо негова сопственост да го управува.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени.

Шакшука

Шакшука е традиционално јадење од Блискиот Исток, направено од јајца во богата, зачинета доматна соса. Идеално за доручек, ручек или лесна вечера.

Шакшука

Состојки:

Маслиново масло

4 до 6 јајца

1 чешне лук, ситно сечкан

1 главица кромид, тенко исечена

2 црвени пиперки, тенко исечени

1 кг домати, исечкани на коцки

1 лута пиперка, ситно исечкана

Неколку гранчиња магдонос (само листовите)

Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Во поголема тава загрејте маслиново масло на средна температура.

Додадете го сечканиот кромид и лукот. Пржете неколку минути додека омекнат.

Ставете ги црвените пиперки и лутата пиперка, и пржете додека пиперките омекнат.

Додадете ги доматите и по желба, харисата. Посолете и забиберете по вкус.

Намалете ја температурата и гответе 10–15 минути додека сосот се згусне.

Со лажица направете вдлабнатини во сосот и внимателно скршете ги јајцата во нив.

Покријте ја тавата и гответе 5–8 минути, или додека белките се стегнат, а жолчките останат течни.

Посипете со свеж магдонос и веднаш сервирајте.

Совет: Најдобро се комбинира со леб или пита, за да не пропуштите ниту капка од вкусниот сос.

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Шпанскиот фудбалски стратег Марти Сифуентес е нов тренер на Лестер објави синоќа тимот од Чемпионшип лигата.

Шпанецот Сифуентес замена за Ван Нистелрој на клупата на Лестер

Лестер се раздели со поранешниот тренер Руд ван Нистелрој минатиот месец откако клубот испадна од Премиер лигата.

На негово место седнува 43-годишниот Шпанец кој изминатите две години беше на клупата на Квинс Парк Ренџерс.

Во својата тренерска кариера Сифуентес ги предводеше и норвешки Сандефјорд, дански АаБ и шведски Хамарби, како и тимови од шпанските пониски лиги.

Нови правила на популарните европски туристички дестинации: забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците

Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија...

 Нови правила на популарните европски туристички дестинации: забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците

Летово носи, меѓу другото, и нови правила на популарните европски туристички дестинации. Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија, „пикник“ и друго, сѐ тоа со високи казни за прекршителите.

Малото крајбрежно гратче Портофино на италијанската ривиера, познато по луксузните јахти и гламур, одлучи да забрани цела низа однесувања што до неодамна беа вообичаени кај туристите. Отсега, имено, на посетителите веќе нема да им биде дозволено да одат боси, ни само во костим за капење или пак, без кошула, ниту да седат на плоштадот во таква облека. Консумирањето алкохол на јавни места, исто така, е забрането, освен во ресторани, барови и посебни зони, пренесува „Дејли мејл“. Просењето, лежењето или седењето на плочници, ѕидови и во парковите, како и одржувањето излети на јавна површина, исто така, се забранети.

Правилата, потпишани од градоначалникот Матео Вијакава, важат преку целата летна сезона до 30 септември. Прекршителите ќе плаќаат казни во износ од 26 до 510 евра.

Целта на овие мерки, според Општината, е да се зачуваат „мирот и тишината“ во градот, којшто има само 400 жители, но прима до 100.000 туристи во шпицот на сезоната. Ова не е прв обид - минатата година, Портофино забрани запирање заради подолго набљудување на популарни места - за да спречи толпи и несоодветно однесување.

Сличен е случајот и во Албуфеира, позната дестинација за забави на југот од Португалија. Градскиот совет неодамна воведе Кодекс на однесување што вклучува строги забрани за јавна голотија, секс на отворено, прекумерна бучава, јавно уринирање и пиење алкохол на улиците. Мерките беа воведени по низа несакани настани, каков што е минатогодишното вирално видео на осум британски туристи кои танцуваат целосно голи во кафуле во средиштето на Албуфеира сред бел ден. Градоначалникот Хозе Карлос Роло изјави дека правилата имаат за цел „да поттикнува хармонија“ меѓу тамошното население и туристите и „да го поправи оштетениот имиџ“ на градот.

За најсериозните прекршоци - како што е целосно соблекување или сексуален чин на јавно место - казните се движат од 500 до 1.770 евра. За делумна голотија, мокрење на јавно место или оставање количка од супермаркет на несоодветно место, казните се движат од 300 до 1.500 евра.

Европа станува построга кон туристите

Портофино и Албуфеира не се изолирани случаи. И други европски дестинации ги заоструваат своите правила: Говорејќи за Италија, Рим, на пр. го забрани капењето во фонтани; во Венеција, излетите на мостови и кај спомениците се строго забранети, а на островот Капри, на туристите не им е дозволено да носат „бучни“ сандали.

Со сѐ поголемиот број туристи, се зголемува притисок врз околните заедници, па и правилата на однесување на одмор ќе станат построги, а трошоците за нивно непочитување - поскапи.

притисни ентер