МакедонијаОЈО ГОКК: Сите осомничени во предметот за ФФМ се обезбедениОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека се обезбедени сите пет лица кои им беа недостапни на органите на прогонот во врска предметот за проневера од речиси три милиони евра за Фудбалската федерацијаНа еден од осомничените, судија на претходна постапка вчера му одредил мерка притвор, а втор доби мерки за обезбедување. Од обвинителството денеска соопштија дека на другите двајца осомничени им се одредени мерки на претпазливост, а на последниот му е одредена мерка куќен притвор. Минатата недела основниот кривичен суд скопје им одреди 30-дневен притвор на три лица, меѓу кои и на поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, петмина добија куќен притвор, а четворица мерки на претпазливост во рамки на истрагата за финансиски манипулации и криминал во ФФМ.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борбаВо чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет. Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСиндикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година.Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година и можноста за укинување на бонусите, објави „Ројтерс“. Претседателот на синдикатот „ОС КОВО“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите или укинување на бонусите, објави „Ројтерс“. „Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на околу 660.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, соопшти работничкиот совет на групата претходно оваа недела, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за плановите за намалување на трошоците. Мерките се дел од пошироката стратегија на „Фолксваген“ за подобрување на финансиската одржливост и спроведување реструктуирање на бизнисот во услови на зголемени негативни влијанија врз автомобилската индустрија. „Шкода“ е еден од клучните производители во чешката индустрија, со три фабрики и развиена мрежа на добавувачи. Компанијата беше профитабилна и имаше повисоки маржи на профит од некои други брендови во рамките на групацијата „Фолксваген“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
БалканМетеоролог предупреди на нови поплави во Истанбул по силните врнежи, загрозени се и други градови Турскиот метеоролог Орхан Шен денеска изјави дека Истанбул ќе доживее обилни дождови во наредните денови и дека е потребна претпазливост поради можни нови поплави и излевања на реките.Тој рече дека бурата прво ќе ја погоди Тракија, а ќе стигне до Истанбул во петок навечер, објави порталот Хуриет. „Ситуацијата ќе стане уште покомплицирана следната недела. Системот на дождови што доаѓа од Медитеранот е опасен. Може да предизвика поплави и излевања на вода. Анталија, Фетије, Финике, Мармарис и Бодрум се места каде што може да се појават поплави“, рече Шен. Според прогнозите на Генералниот директорат за метеорологија, нова воздушна маса што се очекува да влезе во земјата од Балканот ќе се почувствува низ целиот регион од петок, особено во Истанбул. „Се предвидува дека северните и источните делови на земјата ќе бидат претежно облачни на места, западниот дел од Мармара, источното Црно Море и источните делови од источна Анадолија ќе имаат врнежи од дожд и грмотевици, додека времето во другите делови ќе биде променливо до претежно ведро“, се вели во соопштението. Шест лица загинаа во Истанбул поради поплавите што го погодија градот на 14 октомври.Тагови: Истанбул врнежи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook