Тој на функцијата е предвидено да остане до 1 март 2025 година, а на функцијата доаѓа откако претходно беше на чело на владата на национален спас во упориштето на бунтовниците во Идлиб од каде и започна офанзивата за смена на власта во Сирија. Во телевизиско обраќање по изборот, вети стабилност и порача дека има договор за соработка меѓу разните фракции во земјата. Ги повика сириските бегалци ширум светот да се вратат, уверувајќи ги дека и безбедноста ќе биде вратена.
-Ќе има сириска влада која ќе работи за време на транзициониот период, ако даде господ. Предвидено е тој период да заврши на 1 март. Оваа задача беше дадена од главното раководство и јас сум назначен да раководам со преодната влада до 1 март 2025 година,--Мохамед Ал – Башир – Премиер на преодната влада во Сирија.
Во главниот град Дамаск пак, но и во дел останатите поголеми градови, покрај пресметките со поранешните поддржувачи на Ал Асад, се уште има славеничка атмосфера.
-Уште мислам дека сонувам. Уште не можам да поверувам дека стојам тука до Умајадската џамија, без некој да ми бара лична карта или документи.
- Сега можете да излезете на улица без стравот кој го имавме од војската пред да падне режимот. Мажите можат да излезат надвор и без лични документи или војнички книшки.
Во земјата се уште се трага и по лицата кои исчезнале за време на внатрешниот конфликт, но од владеењето на семејството Ал Асад. Најголемо внимание сепак, има за озогласениот затвор Суднаја, каде некои од неистомислениците на поранешниот режим биле држени со години. Еден од нив е и Сухаил Хамви државјанин на Либан кој без судење поминал дури 32 години во затворот. Својот син последен пат го видел како 10 месечно бебе, а по излегувањето од затворот го дочекале внуци.
-Сега имам внуци, но не ја почувствував мојата возраст, додека ќерката на син ми, не ми рече „дедо“ тогаш сфатив дека сум загубил огромен период на време. / Открив дека љубовта е се уште тука и дека семејство е се уште тука, тоа е најважното,--Сухаил Хамви – Поранешен заробеник.
Во меѓувреме, израелските сили започнаа офанзица на голанската висорамнина, а премиерот Нетанјаху истакна дека дал дозвола да се уништат воените капацитети на земјата, за да не се дозволи тие да паднат во рацете на џихадистите.
-Немаме никаква намера да се мешаме во внатрешните работи на Сирија. Но, јасни сме во намерата да направиме се што можеме нашата безбедност. Во таа насока и дозволив на авијацијата да ги бомбардира стратешките воени капацитети оставени во Сирија, за да не паднат во рацете на џихадистите,-Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.
Башар Ал – Асад кој изминатите 24 години владееше со Сирија, веќе неколку дена е во Русија. Официјален Кремљ денеска ја минимизираше важноста од смената на нивниот сојузик, велејќи дека Москва се фокусира на Украина и дека е во контакт со новите власти во Сирија, каде руските сили се уште имаат воени и поморски бази.