ОЈО бара притвор за светиниколец осомничен за тешки кражби во Скопје

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.​

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против жител на Свети Николе заради основано сомневање дека сторило кривично дело „тешка кражба" и еден обид за тешка кражба, а надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Како што информира ОЈО, на 11 февруари, 24-годишниот жител на Свети Николе на улицата „Трифун Хаџи Јанев" во населбата Автокоманда, на дрзок начин одзел туѓи подвижни предмети. Имено, кога ја забележал оштетената и пристапил од зад грб и ги скинал рачките од чантата која оштетената ја носела во своите раце, ја одзел чантата и избегал. Во чантата имало паричник и други предмети со вкупна вредност од 5.000 денари.

-Веднаш потоа се упатил кон Факултетот за земјоделски науки и храна, лоциран на улица „16-та Македонска бригада", каде се обидел со провалување да одземе туѓи подвижни предмети. Тој насилно ја отворил надворешната врата од амфитеатарот, влегол внатре, продолжил со кршење на врати и пребарување, со цел да пронајде предмети со кои може да се стекне со имотна корист, но бил спречен во намерата од чуварот, кој го затекнал на лице место и настанот го пријавил во полиција, соопшти ОЈО.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.​ /МИА

Инфантино најави голема промена во користењето на ВАР системот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објави големата вест во врска со употребата на ВАР на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок. 

Тој изјави дека сега тренерите ќе имаат право да бараат проверка со ВАР системот два пати по натпревар.

-Ќе го развиваме и подобруваме ВАР. Овој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што е достапен за сите и полесен за имплементација Овој систем веќе се тестира, започна Инфантино.

Тоа ќе функционира така што тренерот на секој тим има право да бара помош од ВАР двапати по натпревар. Ако првобитната одлука на судијата се смени по таквата барана ревизија, тимот што бара преглед сè уште има право на два прегледи.

-Доколку по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш тимот што го побарал го губи правото на проверка на негово барање, изјави Инфантино. /МИА

Тухел: Не се договоривме со Баерн, ова е мојата последна прес-конференција овде

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел денеска и официјално соопшти дека нема да остане на кормилото на баварците.

Во последните неколку дена имаше информации дека тој би можел да продолжи да го води тимот, иако веќе во февруари клубот објави дека двете страни ќе се разделат на крајот од сезоната.

„Ова е мојата последна прес-конференција на Зебенер Штрасе (клупската база на Баерн). Водевме разговори, но не постигнавме договор, така што одлуката од февруари останува на сила. Очигледно е тешко. Резултатите како оние во Лигата на шампионите против Лацио, Арсенал и Реал Мадрид не сплотуваат. Повратните информации од последните недели беа основа за да имаме дискусија. Но, не можевме да постигнеме договор. Причините нема да ги именувам. Договорот од февруари останува на сила, објасни Тухел

Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел

На Украина и треба повеќе оружје со долг дострел за да се бори против руското напредување во регионот Харков, каде ситуацијата на бојното поле е „многу драматична“, изјави денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа во Стразбур, таа потенцира дека е важно да се прекинат руските патишта за снабдување и да ѝ се даде на Украина оружје „што може да се користи на средни и долги растојанија“.

Таа наведе дека Берлин соработува со своите партнери по ова прашање и дека ситуацијата на фронтот е „исклучително тешка“.

притисни ентер