ОЈО бара некој да достави докази против Трајко Славески - Канал 5

ОЈО бара некој да достави докази против Трајко Славески

Обвинителството вели дека постапило но дека не пронашло докази дека гувернерот на Народна банка постапил незаконски за двете вицегувернерки кои пет месеци по истекот на нивниот мандат работат и одлучуваат во Советот на Народната банка. 

ОЈО бара некој да достави докази против Трајко Славески

Обвинителството досега не пронашло докази дека Гувернерот на Народна банка работел незаконски за двете вицегувернерки кои пет месеци по истекот на нивниот мандат работат и одлучуваат во Советот на НБРМ, велат од ОЈО за Канал 5.

„Испитувањата до овој момент не упатуваат кон сознанија дека со наведените дејствија се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност. Доколку некој поседува докази за сторено кривично дело истите може да ги достави до надлежните органи за натамошно постапување. “

Во меѓувреме, Антикурупционерите утре ќе одлучуваат за тоа дали тие ќе отворат предмет за Народната банка, потврдуваат од Државната комисија за спречување на корупција за Канал 5. Од Заводот за ревизија, пак, велат дека засега не е направена вонредна контрола на НБРМ во која би се разгледувал и делот за евентуално незаконска исплата на плати на вицегувернерски позиции. Оттаму одговори за тоа дали вонредно ќе ја исконтролираат Народна банка најавија за наредните денови. Последната ревизија во оваа институција е направена во 2020, иако тогаш има констатирано слабости во внатрешните контроли и управувањето, нема директни констатации за кадровски прашања и мандатите.

Во гостување во емисијата „На кавга со Иван“ политичкиот аналитичар Алберт Муслиу посочи дека гувернер на Народна банка, има голема одговорност во делот кој се однесува на финанискиот сектор, но и сооодветно на функцијата и одговонрост кон јавноста.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова пак кажа дека анализира дали Трајко Славески го прекршил законот за да одлучи дали има основа како предлагач да препорача негово разрешување.

Гувернерот Славески пред една недела на новинарски прашања за случајот со двете вицегувернерки кои и пет месеци по истекот на нивниот мандат во октомври минатата година работат и земаат плата, наместо да даде одговор упати обвинувања до Канал 5 и новинарите, кои продолжија и покрај апелите на новинарските здруженија за почит и транспарентност кон јавноста.

Од опозициската СДСМ веќе побараа обвинителството да отвори предмет, а од владејачката ВМРО-ДПМНЕ посочија дека прашањето дополнително ќе го разгледуваат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер