2Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
РакометОјлевски од Вардар се пресели во МеталургЕден ден по напуштањето на Вардар, ракометарот Гоце Ојлески потпиша двегодишен договор со Металург.- Ојлевски е повеќегодишна цел на нашиот клуб и треба да помогне во ситуација кога Дејан Манасков закрепнува од тешката повреда на коленото. Тој е уште еден македонски репрезентативец во тимот на Металург, што е во рамките на нашата прокламирана политика за македонски Металург, соопштуваат од македоснкиот вицепрвак. Новиот играч на клубот од Автокоманда задоволен што кариера ќе ја продолжи во клубн кој иднината ја базира врз играчи од Македонија. - Со доведување на некои играчи во мојот поранешен клуб, станав непотребен и морав да го напуштам Вардар. Луѓето од Металург ме исконтактираа и брзо се договоривме. Знаејќи ја политиката на клубот во однос на македонските ракометари убеден сум дека нема да има никакви проблеми, а на мене е да се докажам на теренот. Дојдов во клуб со големи амбиции и одлични ракометари и среќен сум поради тоа, изјави Ојлески. Новото крило на Металург во својата кариера настапувал за екипите на Струга и за Вардар ПРО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ЗабаваГеоргина се огласи откако Роналдо го напушти теренот во солзиПартнерката на еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Георгина Родригез се огласи откако Кристијано Роналдо го напушти теренот во солзи: Испрати емотивна порака.Кристијано Роналдо ја пропушти шансата да ја освои титулата на Светското првенство, а по болниот пораз на Португалија од Шпанија, неговата свршеница Георгина Родригез јавно му ја понуди својата поддршка. Португалија во понеделникот ја заврши својата кампања со пораз од 1–0 против Шпанија, откако Микел Мерино постигна гол во судиското надополнување на натпреварот одигран во Далас. Поразот особено тешко му падна на капитенот на Португалија, 41-годишниот Роналдо, кој го напушти теренот во солзи. Кратко по натпреварот, Георгина се огласи на социјалните мрежи за да испрати емотивна порака за поддршка на португалската фудбалска ѕвезда. На својот Инстаграм, таа сподели објава од Најк, еден од долгогодишните спонзори на Роналдо. На фотографијата е прикажан профилот на Роналдо заедно со пораките „Легендата живее“ и „Приказната продолжува“, придружени со иконското лого на Најк. Георгина, која има над 74 милиони следбеници на Инстаграм, додаде емотикон во форма на црвено срце на објавата. Роналдо беше видливо емотивен по елиминацијата, а камерите ги забележаа моментите кога не можеше да ги задржи солзите. Фотографиите и видеата набрзо ги преплавија социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции од навивачите ширум светот. Многумина ги гледаат солзите на Роналдо како симбол на потенцијалниот крај на една од најголемите меѓународни кариери во историјата на фудбалот. Португалскиот капитен има рекордни 233 настапи за националниот тим и постигна импресивни 146 гола. Иако сè уште не донел одлука во врска со неговата иднина со националниот тим, се зголемуваат шпекулациите дека ова би можел да биде неговиот последен голем турнир во дресот на Португалија. o Cristiano Ronaldo chorando pela eliminação de Portugal contra Espanha. acho que nunca vi esse homem chorar na vida #PORxESP pic.twitter.com/qaXIlDX93n — ☙ (@layzhis) July 6, 2026 Сепак, поддршката од неговите најблиски е непоколеблива, а пораката на Џорџина им послужи како потсетник на многумина дека - како што е наведено во објавата што ја сподели - „приказната продолжува“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГодишна инфлација во јуни: Македонија – 3,4%, Хрватска – 4,5%, Турција 32,11%Годишната инфлација во Македонија во јуни е 3,4%, но тоа што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци е 2,5%, а кај облеката и обувките 2,1%.Практично, годишната инфлација во јуни најмногу ја зголемуваат алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците со 9,3%, како и транспортот со 6,2%. Колку за споредба во регионот: Грција – 3,9% Бугарија – 5,6% Хрватска – 4,5% Словенија – 3,6% Турција – 32,11% Другите земји од регионот сè уште немаат објавено податоци за јуни, па последните достапни се за мај: Косово – 6,8% БиХ – 5,6% Црна Гора – 3,6% Србија – 3,5% Албанија – 3% Ако го споредиме јуни 2026 со јуни 2022, тогаш бројките се следни: Јуни 2026 – 3,4% Јуни 2022 – 14,5% Ова е споредбата кога ќе се споредат двете енергетски кризи – првата по нападот на Русија врз Украина, а втората по нападот на САД врз Иран. 1 : 4,26.Тагови: инфлација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови докази пред завршницата за предметот за претседателката на ДКСКНаместо завршни зборови, нови докази во судењето за претседателката на ДКСК Татјана Димитровска. Одбраната на Билјана Петровска Мантева, која се товари за откривање службена тајна на екс-директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ. Одбраната достави документација со која тврди дека известувања од истата предистражна постапка за набавката на мазут веќе биле доставени до ад есм и подружниците уште во август 2024 година, повеќе од еден месец пред дејствието за кое мантева се товари. Обвинителството се спротивстави, но достави и свој доказ за работниот ангажман на Небојша Стојановиќ . Доказите ќе се изведуваат на утрешното рочиште, на кое се закажани и завршните зборови од главната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter