3Денес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!
Други спортовиОИ Рио: Три нови светски рекорди во пливањеВториот натпреварувачки ден на ОИ во Рио донесе три нови Светски рекорди во пливање. Британецот Адам Пати постави нов Светски рекорд во дисциплината на 100 мести градно. Откако во саботата во квалификациите плување време 57.55 секунди, a во полуфиналето 57.62 секунди, 21 годишниот Британец во финалната трка постави ново најбрзо време кое сега изнесува 57.13 секунди. Двократната светска првенка на 100 метри пеперутка Сара Стјорм до златото во оваа дисциплина доплива во време од 55.48 секундишто е за 16 стотинки побрзо од досегашното најдобри светско време кое беше во нејзина сопственост. Американката Кејт Ледецки иако само 19 годишна потврди дека 400 метри слободно во моментов е класа над конкурентките. Ледецки до своето прво злато на игрите во Рио, доплива со нов светски рекорд кој сега изнесува 3:56.46 минути што е подобар резултат за дури 1.91 секунди од времето во кое исплива пред две години во Австралија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ФудбалВан Дајк ги открива планови за иднината- Дали летово ќе го напушти Ливерпул?Капитенот на Ливерпул, 35 годишниот Вирџил ван Дајк призна дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра за славниот англиски клуб од Енфилд Роуд следната сезона. Договорот на холандскиот централен дефанзивец истекува во јуни 2027 година, а во интервју за „Скај Спортс“ (Sky Sports), тој не ја исклучи можноста да го напушти „Енфилд“ по речиси една деценија. Ван Дајк дојде во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите. „Најважно за мене е да се чувствувам добро и да се грижам за себе. Верувам дека можам да играм уште многу години. Ќе видиме што ќе се случи по оваа сезона. Ако некој тврди дека знае што ќе правам следната сезона, тоа не е точно, бидејќи во моментов, ни јас самиот немам поим“, изјави Ван Дајк. Тој објасни дека не сака премногу да размислува за иднината и дека моментално е фокусиран на натпреварите што му претстојат на Ливерпул: „Ова беше неверојатно патување за мене. До летото ќе поминат речиси десет години откако пристигнав, а Ливерпул стана огромен дел од мојот живот. Засекогаш ќе бидам благодарен за сè што доживеав. Дали ќе го продолжам договорот – ќе видиме. Ако не, ќе се збогувам на лето“. Оваа сезона, Ван Дајк останува еден од најважните играчи на Ливерпул; под водство на Андони Ираола, тимот моментално се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата по десет одиграни кола, со освоени 18 бода. Холанѓанецот ги одигра сите 900 минути во лигата досега, а во неделното дерби против Манчестер Јунајтед би можел да го забележи својот 350-ти настап во Премиер лигата. Ливерпул оваа сезона има остварено пет победи, три нерешени резултати и два пораза, со што заостанува девет бода зад лидерот на табелата, Арсенал. Во одбраната, Ван Дајк најчесто игра во тандем со 21-годишниот Жереми Жакет, кого клубот го доведе од Рен. Холанѓанецот го пофали својот млад соиграч, истакнувајќи дека – и покрај неговата возраст – тој веќе покажал зрелост неопходна за натпреварување на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон Пожар избувнал во ноќен клуб во Никозија, при што повредено е едно лице. Поради чадот околу 50 лица останале заглавени во објектот и се засолниле на балконите каде што останале до гаснењето, при што биле безбедно евакуирани. Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, информираше дека околу 2:45 часот добиле пријава за пожар на влез на ноќен клуб во кипарскиот главен град, а од пожарот биле уништени тепихот и паркетот со кои бил обложен влезот на објектот. „Поради чадот, што се прошири на првиот кат, околу 50 лица (гости) останаа заробени во објектот. Еден маж се здоби со изгореници при обид да го изгасне пожарот“, изјавиле од противпожарната служба. Повредениот бил пренесен во болница, а во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила со екипи од противпожарните станици во Никозија.Причините за пожарот треба да ги покаже истрагата, а кипарските медиуми пожарот најверојатно бил подметнат, бидејќи извори од полицијата посочиле дека на влезот била пронајден запалива материја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНовиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува Новиот претседател на српското собрание, Александар Чупиќ, кој привремено ја извршува и функцијата претседател на Србија добил покана да учествува на Самитот на Европската унија и Западен Балкан, што ќе се одржи на 25 ноември во Брисел.Од делегацијата на Европската унија во Србија информирале дека Чупиќ изразил жалење што нема да може да присуствува на состанокот, но не ја наведуваат точната причина за тоа. Поканата ја упатил претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во писмото тој навел дека самитот ќе биде можност за разговор за клучните прашања поврзани со соработката меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан. Инаку, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ одби да учествува на Самитот во Брисел во декември 2024 година, незадоволен од тогашната одлука на Европската унија да не го отвори кластерот 3 во пристапните преговори со србија, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook