ОИ: Британските олимпијци нема да се хранат во олимпиското село - Канал 5

ОИ: Британските олимпијци нема да се хранат во олимпиското село

Британските спортисти се пожалија на недостиг и неквалитетна храна во олимпиското село во Париз, изјави првиот човек на британската олимписка асоцијација Енди Ансон, цитиран од весникот „Дејли мејл“.

ОИ: Британските олимпијци нема да се хранат во олимпиското село

Британските олимпијци не се задоволни од понудата во главниот ресторан во селото.

„Има недостиг на одредени видови храна: јајца, пилешко, одредени јаглени хидрати. Исто така, квалитетот е важен затоа што на спортистите им се служи сирово месо. Тие одлучија дека повеќе би сакале да јадат во нашиот ресторан во Клиши“, рече Ансон.

На квантитетот и квалитетот на храната во олимпиското село претходно е пожалија и натпреварувачи од други земји.

Олимпијадата во Париз свечено ќе биде отворена вечерва и ќе трае до 11 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Модриќ ќе се пензионира!

Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, Хрватот Лука Модриќ, одлучи да ја заврши својата играчка кариера по претстојното Светско првенство.

Лука Модриќ ќе се пензионира!

Нико Шира, италијански новинар, објави дека Лука Модриќ донел голема одлука по неколку недели размислување.

Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња одлучи да ја заврши својата играчка кариера по претстојното Светско првенство!

Освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година сака да ја предводи хрватската репрезентација на уште едно големо натпреварување со капитенската лента.

Лука е рекордер во селекциите од екс Југославија со 197 настапи во редовите на Хрватска, а во кариерата во клупскиот фудбал има скор до 932 натпревари, 99 гола и 143 асистенции.

Главната причина за одлуката за играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид беше фактот што Милан не се квалификуваше за Лигата на шампионите за следната сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ-Извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање

Извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, јасно покажува дека нема напредок во клучните реформи - владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата.

СДСМ-Извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање

Ова е уште една потврда на она што СДСМ го зборува месеци наназад.

Наместо реформи, владата на Мицкоски продолжува со политичка контрола врз институциите, јавно мешање во работата на обвинителството и создавање на атмосфера на страв и притисок.

Извештајот исто така јасно порачува дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет не смеат да бидат доведувани во прашање во процесот на европска интеграција.

Дополнително, извештајот нагласува дека билатералните прашања треба да се решаваат преку добрососедски односи и отворен дијалог, а не преку провокации и националистичка реторика која ги влошува односите со соседите.

Ова е директен одговор на сите обиди преку етнонационалистичка реторика и лажни дилеми да се блокира европскиот пат на Македонија.

Владата на Мицкоски и понатаму се обидува да ја претстави уставната измена како „уцена“ и закана по идентитетот, иако токму тоа е основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ и нема никаква закана за македонскиот идентитет.

Наместо да работи на исполнување на европските стандарди, таа продолжува со изолација и пропаганда.

СДСМ уште одамна порачува: доста е со изговорите.

Без уставни измени и без вистински реформи во правосудството, нема напредок кон Европа.

Граѓаните не заслужуваат лаги и манипулации - заслужуваат јасен пат кон подобра иднина.

Реформи сега. Европа сега.

Скопје, 05.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Тиват: Имав средба со Мерц исклучително сум задоволен, процесот на проширување е жив

Премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“во Тиват имал средба со германскиот канцелар Мерц. 

Мицкоски во Тиват: Имав средба со Мерц исклучително сум задоволен, процесот на проширување е жив

-Имав средба со германскиот канцелар Мерц, исклучително сум задоволен, процесот на проширување е жив, истакна премиерот Мицкоски кој воедно посочи дека синоќа по пристигнувањето во Тиват на вечерата разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Главна тема на Самитот и на разговорите меѓу лидерите е нон пејперот што вчера го објавија Германија и Франција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер