Охридското Езеро раскажува за климатските промени на континентот за период подолг од милион години - Канал 5

Охридското Езеро раскажува за климатските промени на континентот за период подолг од милион години

Специјализираното научно списание „Nature" во последното издание објавува подолг текст посветен на Охридското Езеро, во кој ги објавува резултатите од спроведеното повеќегодишно истражување на седиментните наслаги под дното на езерскиот басен. 

Охридското Езеро раскажува за климатските промени на континентот за период подолг од милион години

Самиот наслов на објавениот текст „Најстарото езеро во Европа ги открива климатските промени и временските прилики за период подолг од милион години" покажува дека благодарение на перфектно зачуваните седиментни слоеви извадени од под дното на Охридското Езеро експертите по геологија добиваат податоци од кои можат да се утврдат климатските промени во овој дел на планетата низ период подолг од милион години.

Според текстот објавен во „Nature", Охриското Езеро е едно од најстарите и најдлабоките во светот. Речиси сите останати езеро во Европа не се постари од сто илјади години, што не е случај со Охридското Езеро кое претставува негибнат дел од природата повеќе од 1,36 милиони години.

Списанието појаснува дека спроведениот проект на длабински дупчења на дното на Охридското Езеро во кој беа вклучени научници и експерти од 13 држави, дал нови сознанија за климатските промени низ времето. Екипата предводена од професорот по геологија Бернт Вагнер од Универзитетот во Келн ги објави резултатите од истражувањето насловени „Поврзаноста меѓу зимските врнежи во регионот на Средоземјето со африканските монсуни изминатите 1,36 милиони години", пишува „Nature".

Охридското Езеро се смета за најстаро постоечко езеро во Европа. Проектот почна пред 15 години, со прелиминарна цел да ја утврди неговата старост и подобро да се разберат климатските промени во регионот на Средоземјето. Самото дупчење почна во 2013 година, со максимална длабочина на земените примероци од 568 метри, во рамки на истражувањата спроведени преку Меѓународниот проект за континентални научни дупчења. Анализата на извлечениот материјал и срцевината на седиментните слоеви траеше пет години.

„Утврдивме дека езерото е формирано пред точно 1,36 милиони години", велат угледните геолози проф. д-р Бернт Вагнер и д-р Хендрик Вогел од Универзитетот во Берн. „Бевме возбудени кога сфативме дека успеавме да извлечеме можеби најдолги целосни седиментни слоеви од дното на најстарото езеро во Европа. „Тоа ни даде можност да добиеме речиси сигурни податоци за севкупните климатски промени што се случувале во текот на период од над 1,3 милиони години, што е сон за секој научник што се занимава со истражувања на планетарните климатски промени".

Седиментните наслаги сместени под самото езеро им овозможија на научниците да направат реконструкција на климатските промени низ историјата во регионот, на пример врнежите, пишува понатаму „Nature". За прв пат преку примероци на наслаги на седимент можеа да се утврдат промени во климата за толку долг временски период. Сега тие податоци се споредуваат со постоечките модели за климатските промени.

„На тој начин, нашите истражувања помагаат во подобро разбирање на причините за настапувањето на сушни и врнежливи периоди низ времето, а со тоа се дава можност за поточно предвидување на ефектите на климатските промени во иднина", го цитира списанието професорот Вагнер.

Преку комбинирање на податоците добиени од геолошките истражувања на дното на Охридското Езеро и симулациите на климатски модели, научниците успеале да добијат претстава за климата во централните и северните делови на Средоземјето. Климата во регионот на Медитеранот ја карактеризираат силни сезонски контрасти на топли и суви лета и зими со обилни врнежи, што се поврзува со нејзината зависност и меѓусебна поврзаност со тропската клима на африкаснкиот континент, особено изразена како последица на загревањето на морската површина во летните периоди.

„Мошне е тешко календарски да се утврдат промените и врнежливите периоди за толку долг временски период", вели Вагнер. Тоа делумно се должи на фактот што постојат малку хидрометеоролошки податоци што би ни овозможиле утврдување на временските промени меѓу два глацијални циклуси во одредени делови на планетата.

Податоците добиени од моделите утврдени преку проектот на Охридското Езеро покажуваат дека низ времето се бележи намалување на атмосферскиот притисок во регионот на северниот Медитеран, особено во есенските месеци, што е последица на покачувањето на површинските температури во Средоземјето. „Слични ефекти ги карактеризираат и веќе утврдените промени во климата што се последица на глобалното затоплување", вели Вагнер.

Но, истражувањето не се однесува само на минатото. Климатските модели наидоа на недоследности кога станува збор за човечкиот фактор и неговото влијание врз климатските промени, како и климатските прогнози за Средоземјето во идниот период. Некои експерти предвидуваат посуви зимски периоди, други студени периоди со обилни врнежи.

Токму новите податоци добени од истражувањето спроведено на Охридското Езеро ќе бидат клучни во утврдувањето на иднината на климатските промени во Средоземјето, пишува „Nature"./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Пред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. 

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“.

„Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан.

Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации.

„Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“.

Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите.

Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати.

Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања.

Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција.

За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина.

Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина.

„Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна.

Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!

Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. 

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!

Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија.

Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе.

Да ги потсетиме граѓаните на низата случаи кои бараат одговорност:

1. АЛТА БАНКА – ДОКУМЕНТИТЕ ГОВОРАТ!

Министрите на ДУИ во Владата предлагале и поддржувале одлуки со кои се овозможувала соработка меѓу државата и Алта Банка од Белград. Јавноста има право да знае кои биле мотивите за ваквите одлуки и какви интереси стоеле зад нив.

2. ДАКА ДАВИДОВИЌ ВО ТЕТОВО!

ДУИ беше дел од власта која го отвори патот за проектот на Дака Давидовиќ во Тетово. Лице кое подоцна се најде на американската листа на санкции поради сомнежи за корупција и незаконски активности.

3. МТЕЛ – СРПСКИОТ ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА!

Во времето кога ДУИ управуваше со државата, на македонскиот пазар влезе МТЕЛ, дел од Телеком Србија. Уште еден пример за отворање на простор за српски државен капитал во државата.

4. ОТВОРЕН БАЛКАН – ПРОЕКТОТ НА ВУЧИЌ!

Али Ахмети беше меѓу најгласните поддржувачи на Отворен Балкан, проект предводен од Александар Вучиќ, кој Косово континуирано го оспоруваше и го сметаше за штетен за своите интереси.

5. НЕУСПЕШНИОТ ТЕНДЕР НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

Во времето кога Државната лотарија беше раководена од близок соработник на Артан Груби, тендерот за онлајн игри на среќа беше насочен кон српски и црногорски компании. Наместо транспарентност и заштита на јавниот интерес, јавноста доби уште една контроверза поврзана со бизнис интереси од соседството.

6. СРЕДБИТЕ СО СРПСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ!

За време на мандатот на Бујар Османи како министер за надворешни работи беа реализирани бројни средби со претставници на српските институции. Граѓаните имаат право да знаат какви договори и какви резултати произлегле од тие контакти.

ПРАШАЊЕТО Е ЕДНО И ЈАСНО: КОЛКУ ДОКАЗИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА АЛИ АХМЕТИ ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ?

Од Алта Банка, преку Дака Давидовиќ, МТЕЛ, Отворен Балкан и спорните тендери, се создава слика за континуирана политичка и деловна поврзаност која заслужува темелна институционална проверка и политичка одговорност.

Али Ахмети треба да поднесе оставка од претседателската функција во ДУИ и да се повлече од политиката. Време е да престане да ја држи партијата и нејзината иднина како заложник на сопствените политички интереси.

Ги повикуваме сите чесни членови на ДУИ, но и политичките фактори кои сè уште имаат соработка со ова раководство, да се дистанцираат од овие политики и практики.

Никој не смее да биде соучесник во срамот што ѝ се нанесува на албанската политичка кауза и на иднината на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер