Охридско лето: Светска премиера на „Кралот Лир“ со театарот од Санта Барбара - Канал 5

Охридско лето: Светска премиера на „Кралот Лир“ со театарот од Санта Барбара

Светска премиера на „Кралот Лир“ со „Lit Moon Theatre Company“ театарот од Санта Барбара

Охридско лето: Светска премиера на „Кралот Лир“ со театарот од Санта Барбара

Вонвременскиот Шекспир и неговиот „Крал Лир“ повторно на програмата на „Охридско лето“, но овојпат во продукција специјално подготвена за фестивалската публика и наменски осмислена за да се игра во неповторливиот амбиент на Предворјето на „Света Софија“.

Во рамки на американската вечер на „Охридско лето“, вечерва од 21 часот, на сцената на Предворјето на „Света Софија“ актерската екипа на „Lit Moon Theatre Company“ театарот од Санта Барбара, САД, ќе ја има светската премиера на претставата „Кралот Лир“.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција Шекспир е поставуван од неброени театарски компании, со илјадници верзии, но неговите дела секогаш се актуелни, му пркосат на времето со своите пораки, идеи, толкувања на човечката природа.

Режисерот Џон Блондел по петти пат е на „Охридско лето“, но овојпат со светска премиера и меѓународна актерска екипа составена од уметници од Финска, Велика Британија, Ерменија, САД, Македонија...

Величината на текстовите на Шекспир се гледа во нивната еластичност, флексибилност...Ние ја скративме претставата на 90минути, но ништо не се изгуби од темите и прашањата во текстот што се однесуваат на човековата психа, тие транцендираат на секоја култура. Прашањето на слепилото при вид, на лојалноста, последиците на стареењето, лошите избори во животот се секогаш актуелни. Посебноста на нашата постаква е токму во тоа што ние сме интернационална екипа, а самата претстава ја подготвувавме токму за Охрид. Таа е во својата основа креирана за „Света Софија“, рече режисерот Блондел.

Главната улога во претставата ја толкува Ирвин Апел, според кого прашањето на слепилото при вид е нишката низ која се провлекува целиот текст во претставата.

-Целата претстава е исполенета со референци за слепилото, не физичкото туку внатрешното слепило... трагедијата да се биде слеп при очи, рече тој.

Апел рече дека по синоќешната проба на самата сцена каде е се игра претставата се отвориле многу размислувања кај него...

-По синоќешната проба во „Света Софија“, таа црква сега е нераскинлив дел од она што го работиме. Мојот карактер во претставата честопати му се обраќа на Бога и на природата. Вчера многу анализирав, каде се наоѓам, од каде им се обраќам на боговите, рече тој.

Нина Салинен која ја игра улогата на најмладата ќерка на Лир истакна дека нејзината посебност произлегува од тоа што Корделија е единствениот лик што во претставата простува, што носи искреност...

-Тоа што две седмици интензивно работевме во изолација, без многу контакти со надворешниот свет, за нас претставува своевидна медитација преку која можевме подлабоко да навлеземе во сржта на самата претстава...Ваквиот начин на подготовка секако ќе има ефект врз нас на ниво на потсвест. Тешко е да се анализира додека се работи на подготовки, секако очекуваме рработите да се искристализираат откако ќе излеземе на сцената, рече таа.

Сценографијата и косимографијата е на Благој Мицевски, кој изработи доста впечатливи костими специјално за вечерашната премиера и сцената на Предворјето на „Света Софија“.

Сум работел многупати во „Света Софија“, позадината на црквата е идеална сценографија за костимите што ги изработив, тие само ги надополнуват карактерите во претставата и односите меѓу нив, истакна Мицевски.

Улогите во претставата ги толкуваат Ирвин Апел, Брајан Харвел, Џејмс Мек Картим, Нина Салинен, Мајкл Бернард, Метју Тавианини, Вардан Мкрчјан, Мичел Томас и Даен Хенри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Го информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија.

Овој пат тоа го прави со економските показатели.

Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој.

Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме.

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Што велат овие меѓународни институции?

Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти.

Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен.

И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер