КултураОхридско лето: Неколкукратни стоечки овации и три биса за пијано-мајсторот ШтаркманБрилјантно-виртуозниот руски пијанист Александар Штаркман вчеравечер настапи на фестивалот „Охридско лето" со двочасовен концерт кој беше вистинско уживање за присутните и уште еднаш потврди дека музиката е највозвишена уметност.Со голема леснотија Штаркман владееше со пијаното а за неговото музицирање на концертниот подиум во црквата „Света Софија" беше неколкукратно награден со стоечки овации и три биса на публиката меѓу која беа и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин, како и министерката за култура, Ирена Стефоска. -Уште не можам да процесирам како се чувствувам бидејќи концертот само што заврши. Прекрасен град во прекрасна држава кој има извонредни глетки, навистина посебно е сѐ. Мислам дека и токму тоа и овозможува на публиката да ја апсорбира, да ја вкуси музиката и помага за да ја разбере подлабоко. Сум бил неколку пати во Охрид, но на „Охридско лето" досега не сум настапувал. Честа е огромна, рече Штаркман по завршувањето на прекрасната концертна вечер на фестивалот „Охридско лето". Неговата изведба на „Сонатата во G-dur K.238 од Волфганг Амадеус Моцарт, Бетовеновата „Соната бр.3 h-moll оп.38, композицијата „Огледала" од Морис Равел, како трите става од делото „Петрушка" на рускиот композитор Игор Стравински ја красеше сензитивитет, мека рафинираност, убавина на звукот и стилска уверливост. Александар Штаркман е еден од најмузикалните светски елитни мајстори на пијаното.Во 1995 година ја добива првата награда на меѓународниот натпревар „Бузони" во Болцано во Италија по што следуваат бројни покани за рецитали и настапи со оркестар ширум Европа во следните неколку години. Освен во Европа, настапува и во Азија, САД, како и во земјите на Јужна Америка. За неговиот пијанистички артизам при дебитанските настапи во Лос Анџелес, Чикаго и Њујорк добива бројни пофалби од страна на публиката и музичката критика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Пожарот во Белгија се шири кон ГерманијаГолемиот пожар што беснее во областа Хај Фенс (High Fens) и во природниот резерват Хај Свомп (High Swamp) во источниот дел на Белгија се наоѓа на само три километри од германската граница.Ситуацијата во пограничниот град Моншау, во западна Германија, беше напната во текот на изминатата ноќ, а на жителите од некои делови на градот им беше препорачано да се подготват за напуштање на своите домови, пренесува „Блид“. BELGIUM’S GREEN FIELDS SWALLOWED by MASSIVE WALL of FIRE as WILDFIRE RAGES pic.twitter.com/RQIZL57ps3 — RTVisual (@RT_Visual_on_X) August 15, 2026 „Не може да се исклучат ризиците по здравјето предизвикани од чадот од пожарот. На жителите на Платевен, Лејлох и Калтерхерберг, западно од Месевего, им се препорачува да ги напуштат овие подрачја до 10 часот наутро и да престојуваат кај роднини и пријатели“, се наведува во соопштението на локалните власти. ⚡🇧🇪 FLASH | BELGIQUE : l’un des pires incendies de son histoire ravage les Hautes Fagnes. Plus de 2 700 hectares brûlés, environ 600 personnes évacuées. Le feu n’est toujours pas maîtrisé. (AFP) pic.twitter.com/1mWv2wULVB — AlertesNewsFR (@AlertesNewsFR24) August 16, 2026 Потврдено е дека градските власти на Моншау ќе отворат прифатилиште во општествениот центар во Имгенбројх, почнувајќи од 7 часот наутро, за сите оние што не можат самостојно да најдат алтернативно сместување. Après la Grande-Bretagne, c’est au tour de la Belgique d’être confrontée à l’un des pires feux de son histoire. Des sols arides, une végétation très sèche et des flammes qui se propagent à une vitesse impressionnante. #JT20H pic.twitter.com/u2KrVfUCIH — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) August 16, 2026 Екипите за итни интервенции во Моншау не очекуваат огнот наскоро да се прошири на германска територија, но потврдуваат дека се во состојба на подготвеност. „Секако, внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе продолжиме континуирано да ја следиме и проценуваме состојбата, а по потреба ќе ангажираме и дополнителни противпожарни сили“, изјави Филип Кригер, командант на противпожарната служба во Моншау. Од белгиска страна, евакуацијата на градовите Кихелшајд и Лејкауљ веќе е започната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМО: Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АрмијатаМинистерството за одбрана ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата. Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авионНеверојатна сообраќајна несреќа во Италија. Автомобил панда се заби во мал авион без да закочи .Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A). Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото. https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter