Охридскиот театар со претставата „Сергеј е многу глупав“ за старт на годинашната сезона - Канал 5

Охридскиот театар со претставата „Сергеј е многу глупав“ за старт на годинашната сезона

Со претставата „Сергеј е многу глупав“ во режија на Дејана Николовска, Народниот театар од Охрид утре ја започнува театарската сезона.

Охридскиот театар со претставата „Сергеј е многу глупав“ за старт на годинашната сезона

Улогите во претставата ги толкуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Елизабета Стефановска.

Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив, велат за претставата од Центарот за култура.

Со оваа претстава Охридскиот театар се претстави и пред публиката на годинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Цената на билетите е 200 денари, а истите се во продажба на билетарата на Центарот за култура. Почетокот на претставата е од 20 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Нова компостара во градинката „Орце Николов“

Донираниот компостер од типот K390-AL-KO ќе овозможи органскиот отпад што секојдневно се создава во градинката да биде соодветно селектиран и компостиран. 

О. Карпош: Нова компостара во градинката „Орце Николов“

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето одговорни навики кај најмладите се од исклучително значење за иднината на локалната заедница. При посетата, градоначалникот ја искористи можноста да ги посети дечињата во градинката, да поразговара со нив и да им посака безгрижно детство исполено со нови знаења и убави искуства.

Донираниот компостер од типот K390-AL-KO ќе овозможи органскиот отпад што секојдневно се создава во градинката да биде соодветно селектиран и компостиран. Во процесот активно ќе бидат вклучени и децата кои преку практични активности ќе имаат можност да научат како органскиот отпад може да се претвори во природно ѓубриво – компост, кое понатаму ќе се користи за одржување на зелените површини во дворот на градинката.

Целта на овој проект е да ги научиме децата уште од најмала возраст на навики и практични знаења кои се во насока на поголема свест за паметно селектирање, одложување и искористување на отпадот, како и поголема грижа за животната средина и нашето опкружување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на 2 295

Потрагата по преживеани по разорните земјотреси во Венецуела е се уште во тек, иако веќе се намалуваат надежите за пронаоѓање на живи луѓе под урнатините. 

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на 2 295

Досега околу 6.000 лица се извлечени живи од урнатините.по двата земјотреси властите регистрираа 782 последователни потреси. Иако нивната фреквенција и интензитет се намалија, официјалните лица предупредија дека ризикот од уште еден силен земјотрес не е целосно поминат.

Панамериканската здравствена организација предупреди дека катастрофата може да предизвика влошување на кризата во јавното здравје.

Според агенцијата, стотици илјади луѓе сè уште имаат потреба од медицинска помош.

Привремената претседателка Делси Родригез вчера прогласи седумдневна национална жалост и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Меѓутоа, справувањето со катастрофата е под зголемена критика . Официјално се регистрирани околу 2.295 смртни случаи, но се очекува конечниот број да биде многу пати поголем.

Десетици илјади се пријавени како исчезнати, а обединетите нации соопштија дека набавуваат 10.000 вреќи за тела за земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Ѓоковиќ исплаши собирачка на топчиња: Побара помош од неа, а потоа направи шега

Таа сигурно ќе го памети овој момент.

Видео-Фото: Ѓоковиќ исплаши собирачка на топчиња: Побара помош од неа, а потоа направи шега

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ направи шега со едно девојче што собира топчиња – успеа да ја исплаши. Таа сигурно ќе го памети овој момент.

Новак Ѓоковиќ приреди мала претстава среде мечот. Тој го освои вториот сет против Стефанос Циципас, по што следеше пауза меѓу сетовите.

Потоа, Новак се обиде да ги отстрани кинезио-лентите од десното рамо, но имаше потешкотии да го стори тоа сам, држејќи ножици во рацете. Тој побара помош од девојката што ги собираше топчињата.

Таа ги зеде ножиците за да ја исече лентата, а додека го правеше тоа, Новак направи гримаса што ја исплаши девојката. Таа веднаш се фати за срце, но потоа почна да се смее кога сфати дека Србинот само се шегува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер