3Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер
ЗабаваОхридскиот пливачки маратон и фестивалот на виното со богата програма за посетителите Со повеќе содржини од 8 до 10 септември Охрид ќе биде центарот на спортот и забавата во рамки на првиот Охридски фестивал на виното и одржувањето на 60. јубилејно издание на Охридскиот пливачки маратон.Градоначалникот Кирил Пецаков денеска на прес-конференција заедно со организаторот на Винофестот Пане Темов и координаторот на организацискиот одбор на пливачкиот маратон Ристе Јанкоски информираа за дел од содржините, ветувајќи одлична забава за охриѓани и гостите. – Многу содржини и настани во овие четири дена кои ќе привлечат многу гости и туристи и се надевам дека ќе биде пример како за наредното лето би се организирале, можеби не во истиот период, малку порано, да имаме доста настани и содржини со коишто ќе привлечеме гости токму кога привршува туристичката сезона, рече Пецаков. Охридскиот фестивал на виното ќе почне в четврток на „Кеј Македонија“, а ќе трае до сабота, додека в сабота ќе се одржи и традиционалниот Охридски пливачки маратон на 25 километарската патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште. – Уште една содржина која ќе го збогати викендот е ракометниот натппревар меѓу екипите на Охрид и Прилеп, по што следува и последната вечер на Винофест во Охрид. И во недела како надолнување на тој продолжен викенд од четири дена исполнет со содржини и понуда за сите туристи и охриѓани е организација на Суперкупот во ракомет меѓу екипите на Вардар и Пелистер за кои исто така сме горди како град што првпат го организираме, нагласи Пецаков. На Охридскиот фестивал на виното, според Темов, ќе учествуваат 10-тина македонски винарии и неколку увозници на вино. За забавата ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“, а настапи ќе имаат и Ѓоко Танески, Дј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Супехикс. – Се надевам на голема понуда на вино, да може да се проба да се дегустира. Се надевам дека охриѓани и гостите ќе уживаат во нашата програма и нашата замисла и вината што ќе може да се пробаат на Фестивалот, истакна Темов. Според него, кај винариите одамна постоел интерес за таков фестивал, посочувајќи дека сегашниот термин не е соодветен поради бербата на грозјето. – Во Охрид е потребен еден можеби и поголем фестивла од „Виноскоп“ во Скопје, бидејќи винариите од соседството сакаат да дојдат во Охрид, рече Темов. В сабота пак, со почеток во 10 часот ќе се одржи 35-тото возобновено издание на Охридскиот пливачки маратон на патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри. На манифестацијата, како што информираше координаторот Ристе Јанкоски, пријавени се осум пливачи од пет земји. – Во склоп на маратонот планирани се и дополнителни содржини, кои ќе се одржат оваа година со цел да го вратиме неговиот сјај. В четврток на плоштадот кај Долна Порта ќе има презентација на сите пливачи, изложба на стари фотографии од минатото и проекција на документарниот филм „Охридски пливачки легенди“. Филмот и изложбата ќе може да ги погледнат децата од основните и средни училишта в петок во центарот за култура „Григор Прличев“. В сабота покрај пливачкиот маратон имаме предвидено и работилница заедно со децата од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и УНДП на тема „Заедничките перспективи, младите за Охридското Езеро“, појасни Јанкоски. Според него предвидена е и културна програма, со концерт на ансамблот „Билјана“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаПретрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијатаХристијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем. Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари. Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата. Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата. Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка. Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ. Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ. Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата. Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“. Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар. Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата. Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи. На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција. Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка! Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем. Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги. Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност. Нашата порака до Мицкоски е јасна: Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш. Доаѓа крај на твојата криминална банда. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО Тагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотерКредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка. Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер. Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се! Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter