Попоска Вишинска: Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?
2Попоска Вишинска: Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
3Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
КултураОхридскиот народен театар со „Крик за љубов" вечер на „Охридско лето" Народниот театар од Охрид вечер ќе настапи на „Охридско лето" со претставата „Крик за љубов" – комедија на карактери и љубовна приказна со романтичен крај.Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта. Режисерот на претставата Љупчо Ѓоргиевски појаснува дека во неа двајца актери, поранешни сопружници, се ангажирани во претстава да играат ликови на исто така двајца поранешни сопружници. Накратко, тоа е претстава за она што се случува пред претставата, односно за време на процесот на подготовка на една претстава, од распределбата на улогите, преку првата проба до пробата со костими и премиерата. Се прави прецизно скенирање на типичните ситуации и карактери во театарот, како што се: актерите, режисерот, продуцентот и другиот помошен персонал, во процесот на создавање на една претстава. -Притоа се навлегува во суштината на феноменот наречен „театар", т.е. колку театарот е живот, а колку, пак, животот е театар, постои ли граница помеѓу нив и како тие се испреплетуваат и прелеваат еден во друг. На крај, се разбира, доаѓаме до чудотворното дејство на театарот врз реалниот живот, вели режисерот. Љупчо Ѓоргиевски (1956, Битола) од1990 работи како режисер – драматург во Народен театар – Битола, а од 2002 до 2006 година беше негов директор. Има режирано повеќе од 70 претстави во сите театри во земјава, а режирал и во Бугарија, Русија (Санкт Петербург и Казан) Турција, Романија, Косово… Поставува дела од светската класична и современа драма, како и македонската драма. Особен успех му донесоа поставките на т.н. македонска битова драма („Бегалака", „Македонска крвава свадба" и „Парите се отепувачка"). Негови претстави учествувале на сите театарски фестивали во Македонија и на повеќе фестивали надвор од неа. Со свои претстави гостувал во Европа, Австралија, Канада и Америка. Ѓоргиески за својата работа е добитник и на повеќе награди и признанија. Улогите во претставата „Крик за љубов" ги толкуваат Адријана Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев, Горан Стојаноски. Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев" со почеток во 21 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаМицкоски: Проширувањето на ЕУ треба да биде фокусирано на суштински реформиПроширувањето на Европската Унија треба да биде фокусирано на суштински реформи, модернизација на институциите и нивно поголемо отворање кон граѓаните.Промените што го засегаат националниот идентитет не смеат да бидат услов за европска интеграција, бидејќи тоа го доведува во прашање кредибилитетот на самиот процес на проширување. Македонија останува конструктивен партнер, посветена на реформската агенда, целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и активно вклучена во европските иницијативи, со јасна стратешка цел полноправно членство во Европската Унија, порача премиерот Христијан Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија - „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамБМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти BMW почна повлекување на повеќе од 720.000 возила и им советуваше на сопствениците да ги паркираат на отворено. Упатствата се поврзани со ризикот од пожар, а целиот случај покажува како дури и најмалите дефекти можат да предизвикаат обемни и скапи сервисни акции. Сите автомобили ќе мора повторно да се сервисираат поради проблем што БМВ можеше да го открие само со помош на компјутерски томографски скенер, пишува Carscoops. Проблемот е продолжението на повлекувањето од 2024 година. Во август истата година, германскиот производител повлече 720.796 автомобили поради можноста течност да влезе во електричниот приклучок на водната пумпа и да предизвика краток спој. Решението во тоа време беше да се пренасочи вишокот течност подалеку од конекторот. Две години подоцна, се покажа дека поправката не е доволна, па BMW повторно ги поканува сопствениците на истите возила на проверка. Редослед на настани Во случајот со првото повлекување, BMW како причина го наведе вишокот течност што стигнала до конекторот на пумпата преку системот за рециркулација. Речиси една година подоцна, компанијата доби извештај за термичко преоптоварување на електричен конектор на возило надвор од САД. Поправката веќе беше извршена на тој автомобил, па затоа на почетокот се сомневаше дека постапката за сервисирање не е правилно извршена. Два месеци подоцна, во јуни 2025 година, BMW доби информации за сличен случај во САД, исто така на сервисирано возило. Производителот ги помина следните неколку месеци обидувајќи се да ја утврди причината. Во октомври, сè уште се сомневаше на лошо извршени поправки, но до јануари 2026 година, продолжија да се појавуваат примери на поправени автомобили со ист проблем. До април оваа година, BMW го истражуваше проблемот со компјутерски томограф и ангажираше надворешен експерт за помош. Помеѓу мај и септември 2026 година, производителот заклучи дека врските може да станат кршливи со текот на времето поради навлегување на вода. Овој процес може да доведе до прегревање, краток спој и, во ретки случаи, пожар. Затоа, на сопствениците на засегнатите модели им се препорачува да ги паркираат своите возила на отворено и подалеку од згради. Засегнати модели Повлекувањето опфаќа одредени модели на BMW Серија 3 и Серија 4 (произведени од 2012 до 2016 година), X4 (2015-2018), X3 (2013-2017), Серија 2 (2014-2016), X5 (2016-2018), Серија 5 и Z4 Roadster (2012-2016) и X1 (2012-2015). Важно е да се истакне дека BMW проценува дека вистинскиот дефект е помал од 0,1 процент од повлечените возила. До 28 октомври 2026 година, компанијата регистрираше 10 случаи поврзани со овој проблем на американскиот пазар. Иако е многу мал дел, доволно е за BMW да инвестира милиони во повторна проверка на сите автомобили. Тоа е исто така показател за прецизноста на современите системи за производство и безбедност. Иако бројот на повлекување е генерално во пораст, примери како овие илустрираат дека статистиката може да ја направи ситуацијата да изгледа полоша отколку што е. Сопствениците во Америка можат да проверат дали нивниот автомобил е опфатен со повлекувањето со внесување на бројот на шасијата (VIN) на NHTSA.gov или со контактирање на локален дилер. BMW ќе почне да испраќа известувања до сопствениците по пошта околу Божиќ, што е подарок што сигурно никој не го сака.Тагови: автомобили бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПопоска Вишинска: Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на Центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?Во службен гласник на општина Центар, издаден на 28.12.2025 година, на страна 148, проект 22 јасно вели дека општината од септември 2026 година, ќе издвои 15 милиони денари или близу 250 илјади евра, за бесплатен оброк за сите ученици. Два и пол месеци, учениците и родителите од Центар се излажани. Иако очекуваа бесплатен оброк, тие се уште од својот џеб ги плаќаат оброците на своите деца. Бетон Герасимовски треба јасно да каже, зошто оваа мерка не е исполнета иако биле предвидени средства за истата? Дали Буџетот на општината е празен? Дали парите за оброкот се пренаменети за партиски интереси на СДС и Герасимовски? Почитувани, Бетон Герасимовски веќе не знае каде тера. По патот на неговиот претседател Филипче, сака да ја уништи општината, како што истиот ја уништува партијата. Граѓаните на општина Центар да бидат спокојни, доаѓаат убави денови за срцето на Скопје. Марина Попоска Вишинска, советник во Општина Центар од ВМРО - ДПМНЕТагови: Попоска Вишинска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter