МакедонијаОхрид во знакот на Велигден – бројни туристи и богата празнична атмосфераОхрид традиционално е меѓу најпосакуваните дестинации за Велигденските празници, со зголемен број гости од земјата и странство, претежно православни верници од соседните држави кои празничниот викенд го избраа да го поминат покрај Охридското Езеро.Продолжениот празничен викенд донесе видлива раздвиженост низ градот, каде од вчера тешко се наоѓа слободно место на терасите на угостителските објекти, а паркинзите се речиси целосно исполнети. Во духот на најголемиот христијански празник, градот е свечено украсен и обвиен во празнична атмосфера. Низ охридските улици се чувствува топлина, светлина и ведрина, што го најавува доаѓањето на деновите посветени на верата, надежта и љубовта. Иако нема прецизни податоци за вкупниот број посетители, туристичките работници посочуваат дека хотелските капацитети кои се во функција бележат солидна исполнетост, во просек до околу 70 проценти. Значителен дел од туристите престојуваат и во приватното сместување, а секако голем дел од гостите престојуваат во сопствени апартмани и викенд-станови во градот и неговата околина. Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, во сите поголеми цркви во Охрид и околината се одржуваат богослужби. Централната велигденска богослужба ќе започне вечерва во 23:30 часот во храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г.г. Георгиј. [Илјадници православни верници, охриѓани и туристи, синоќа на полноќ со свеќи во рацете и молитва низ бројните храмови во градот ја дочекаа радосната вест за Христовото воскресение.] Традиционално, илјадници верници, меѓу кои и бројни туристи, на полноќ со запалени свеќи и молитва ќе ја дочекаат веста за Христовото Воскресение, во атмосфера што го спојува духовното празнување со уникатниот амбиент на Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook