Охрид викедов домаќин на Европскиот куп во Параглајдинг – дисциплина прецизно слетување - Канал 5

Охрид викедов домаќин на Европскиот куп во Параглајдинг – дисциплина прецизно слетување

Бројката од над 50 пријавени учесници од неколку европски земји, кои викендов ќе полетуваат под падините на планината Галичица и ќе слетуваат на градскиот стадион во Охрид, е показател дека се работи за атрактивен спортски настан.

Охрид викедов домаќин на Европскиот куп во Параглајдинг – дисциплина прецизно слетување

Повеќе од 50 параглајдеристи од неколку европски земји, ќе учествуваат на Европскиот куп во Параглајдинг – дисциплина прецизно слетување што викендов ќе се одржи во Охрид, во организација на Воздухопловната федерација на Македонија, со поддршка од Општина Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков и Мартин Јовановски од Воздухопловната федерација на Македонија денеска на прес-конференција информираа дека ќе присуствуваат параглјдеристи од топ три светската ранг листа.

– Бројката од над 50 пријавени учесници од неколку европски земји, кои викендов ќе полетуваат под падините на планината Галичица и ќе слетуваат на градскиот стадион во Охрид, е показател дека се работи за атрактивен спортски настан, кој ќе овозможи неповторливо уживање за сите љубители на спортот, нагласи Пецаков.

Локалната самоуправа, додаде, е подготвена за соработка и поддршка на вакви настани, кои, според градоначалникот, можат да дадат значаен придонес во развојот на Охрид како интересна дестинација за алтернативен туризам.

– Можеби од наредната година на Галичица ќе има слетилиште и полетувалиште за параглајдери на ниво од светски рамки, нешто што е предвидено и во самата програма за Локалните избори. Се надевам дека ќе можеме да ја продолжиме оваа приказна и со големи натпревари во Охрид, а со тоа и да се придонесе за развој на активниот туризам кој преку овој настан ќе се промовираат Охрид и Галичица како една одлична дестинација за одмор и рекреација на овој вид на спортисти, рече Пецаков.

Претставникот на Воздухопловната федерација на Македонија, Јовановски нагласи дека присуството на параглјдеристи, 15-тина од топ 20 параглајдеристи, носи големи бодови за Светската ранг-листа, која ќе помогне и за промоција на Охрид, но и на македонските натпреварувачи да освојат подобри поени. Од земјава, нагласи, тој ќе се натпреваруваат 10-тина параглајдеристи во прецизно слетување.

– Ова е натпревар од светски ранг, кој е дел од Европската лига, има пет натпревари и на крај се освојува Европски шампионат. Македонија има огромно искуство во организација на големи параглајдерски натпревари, но за жал тие досега не биле направени во Охрид и Галичица, иако сме имале фантастични услови во овој дел на Македонија. Се надевам дека овој прв Европски куп ќе биде увертира можеби во поголеми настани, како светски купови и првенства наредните години, истакна Јовановски.

Во Македонија има околу 20 активни клубови со натпреварувачи и уште 10-тина рекреативни, три активни параглајдинг школи и околу 150 натпреварувачи, како и голем број рекреативци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тринаесетгодишната ќерка на Ким кардашијан и Канје Вест шокира со новиот изглед (ВИДЕО)

Норт Вест објави ново видео на TikTok во понеделник во кое покажа уште една промена во својот изглед. 

Тринаесетгодишната ќерка на Ким кардашијан и Канје Вест шокира со новиот изглед (ВИДЕО)

Тринаесетгодишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест се појави со нов детаљ на вратот што личеше на пирсинг, а видеото набрзо предизвика бројни реакции. Норт експериментираше со изгледи и претходно, особено со шарени перики, драматична шминка и лажен накит.

@northwest ♬ original sound - North West

Во новото видео, таа покажа многу изразена шминка, долга светло сина перика и екстремно долги црни вештачки нокти. Ги нагласи очите со темна шминка, ги обои усните во црно и покажа црни украси на забите. Сепак, детаљот во средината на вратот што личеше на пирсинг привлече најголемо внимание.

Норт ја движеше камерата навнатре и нанадвор за да го покаже својот нов изглед додека во позадина се слушаше „The Reason“ од Hoobastank. Неколку часа претходно, таа објави уште едно слично видео, во кое носеше розова маска за очи, а околу вратот можеше да се види и накит.

@northwest ♬ original sound - North West

Ким Кардашијан не се појави во ниту една од тие објави.

Следбениците изненадени од нејзиниот изглед

Трансформацијата на Норт предизвика бројни реакции од корисниците на социјалните мрежи. „Пирсинг на грло?!“ напиша едно лице. „Ова е толку тажно...“ коментираше друг корисник, додека трет напиша: „Нема шанси да има 13 години“.

Норт претходно објасни дека пирсингот е лажен

Порано овој месец, Норт разговараше во живо со својата мајка за нејзиниот накит, а потоа разјасни дека пирсингот што го носи не е вистински. „Луѓе, овие пирсинг не се вистински“, рече таа. „Ги менувам толку често што мислите дека се вистински“. Ким се согласи со својата ќерка, додавајќи: „Да, како луѓето некогаш можат да помислат дека се вистински? Тие секогаш се различни“.

Сепак, Норт не крие дека еден ден би сакала вистински „мост“ пирсинг на мостот на носот. Нејзините родители засега не се за идејата. „Можеби ќе ризикувам кога ќе бидам постара“, рече Норт, додека Ким ја затресе главата во позадина. Како компромис, таа предложи: „Засега, можеме само да ги залепиме“.

Нејзиниот изглед веќе предизвикуваше контроверзии

Норт претходно беше критикувана поради начинот на кој експериментира со својот изглед. Следбениците реагираа на нејзините објави со лажни пирсинзи на образите и бутовите, како и со фотографија од неа со тетоважи на лицето.

Канје Вест, исто така, реагираше на нејзиниот изглед претходно, кој ја критикуваше својата поранешна сопруга за тоа што, според него, ѝ дозволува на нивната ќерка да се облекува и дотерува посоодветно за нејзината постара возраст.

Ким и Канје имаат четири деца - 13-годишната Норт, осумгодишниот Чикаго и синовите Сеинт (10) и Псалм (7). Поранешните сопружници го делат законското и физичкото старателство над децата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германија ги заострива критериумите за полагање германски јазик за доселениците- имало многу измами

Германското МВР потврди дека ќе ги заостри критериумите за полагање на испитот по германски јазик, што е клучен предуслов за добивање дозвола за постојан престој.

Германија ги заострива критериумите за полагање германски јазик за доселениците- имало многу измами

Германското МВР потврди дека ќе ги заостри критериумите за полагање на испитот по германски јазик, што е клучен предуслов за добивање дозвола за постојан престој, а подоцна и германско државјанство. Причината се сè почестите обиди за мамење на испитите, пишува Дојче Веле.

Во новата уредба на министерството, до која имал пристап весникот „Билд“, се наведува дека учесниците на курсевите за интеграција во Германија нелегално добиле прашања и решенија за делот од тестот што вклучува слушање и читање преку интернет. Овој дел се состои од 45 прашања со предложени одговори.

Испитот вклучува и писмен дел, односно пишување краток текст, кој учесниците, според прописите, честопати воопшто не би го завршиле. И покрај ова, испитот се сметал за положен ако кандидатот постигнел добар резултат во првиот дел и го положил усниот дел од испитот на ниво Б1.

Минатата година, 318.550 имигранти го полагале тестот.

Затоа Министерството одлучило да ги заостри условите за полагање на испитот. Во иднина, кандидатите ќе мора да покажат познавање на сите три дела: слушање/читање, пишување и зборување. Во исто време, во делот каде што се најслаби, ќе мора да го исполнат минималното ниво А2. Испитот повеќе нема да се положува ако некој дел не го достигне тоа ниво.

Измените на „Правилникот за испити за курсеви за интеграција“ стапуваат во сила на 1 ноември. Тестот по германски јазик за имигранти (DTZ) е завршен испит за курсеви за интеграција организирани од Федералната канцеларија за миграција и бегалци (BAMF). За да добијат сертификат за положување на испитот, учесниците мора да постигнат вкупен резултат од А2 или Б1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици.

Според податоците на BAMF, 318.550 имигранти го полагале тестот по германски јазик минатата година. Од тој број, 175.193 го постигнале нивото Б1, кое овозможува комуникација на секојдневен германски јазик. 102.663 кандидати го достигнале пониското ниво А2, додека 40.694 останале под нивото А2.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александер Скарсгард на филмска премиера се појави во килт и со маица со ликот на колешката (ФОТО)

Актерот Александер Скарсгард се појави на премиерата на филмот „Wicker“ во Лос Анџелес во виолетово-зелен килт и маица со отпечатено лице од неговата колешка Оливија Колман. 

Александер Скарсгард на филмска премиера се појави во килт и со маица со ликот на колешката (ФОТО)

На црвениот тепих на 50-годишниот актер му се придружи и неговиот помлад брат Бил Скарсгард.

Скарсгард позираше со Оливија Колман и Елизабет Дебики, кои ги играат рибарката и жената на кројачот во филмот.

Неговиот избор беше креација од дизајнерот Чоуп Валовен. Режисерите и сценаристите Алекс Хјустон Фишер и Елеонор Вилсон, исто така, присуствуваа на премиерата, а неколку дена претходно, актерот беше поддржан од неговиот татко Стелан Скарсгард на проекција во Њујорк.

За филмот „ Wicker“

Во филмот, Колман игра рибарка која е отфрлена од локалното население. Таа ангажира локален занаетчија, игран од Питер Динклејџ, да ѝ направи сопруг од плетенка. Улогата ја игра Скарсгард, а неговиот лик се покажува многу поспецијален отколку што очекувала.

YouTube video

Неговиот дух и способности будат нови чувства кај неа, додека нивната врска предизвикува љубомора и немир што го загрозуваат животот во селото. Авторите го опишуваат филмот како комична приказна за сексот, бракот и апсурдите на општествените обичаи.

Привлекол внимание и во Лондон

Скарсгард привлече внимание и со својот моден избор на премиерата во Лондон пред десет дена, кога се појави во златен костум и проѕирни чевли од модната куќа Сен Лоран. Додека некои беа воодушевени од смелата комбинација на актерот, други изразија сомнежи за практичноста на таквите обувки.

„О, боже, тие чевли сигурно смрдат на пластика и пот“, напиша еден коментатор. Други беа помалку критични. „Сè му стои добро“, е еден од коментарите, а третиот додава: „Тој може да носи речиси сè“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер