Охрид се врати на врвот на табелата во Супер лигата - Канал 5

Охрид се врати на врвот на табелата во Супер лигата

Ракометарите на Охрид синоќа постигнаа победа на гостувањето во Прилеп над истоимената екипа со 33:27 во натпревар од 16.коло од Супер лигата.

Охрид се врати на врвот на табелата во Супер лигата
Со новите три бодови охриѓани се вратија на првото место на табелата. Најефикасен кај победникот беше Крсте Андоновски со 11 голови.

На вториот натпревар одигран вчера Еурофарм Работник – Радовиш 36:25.

На дуелите одиграни во петокот од оваа рунда: Вардар Јуниор – Металург 2 33:25, Пелистер – Борец 29:25 и Пролет – Работнички 40:23.

Табела: Охрид 37 бодови, Пелистер 37, Работник Еурофарм 34, Борец 26, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 22, Металург 2 18, Вардар Јуниор 14, Работнички 0. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет и највиоск раст

СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет и највиоск раст во вториот квартал година од 4,3%.

Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет и највиоск раст

Власта на СДС на која успех и беше раст од 2% на економијата, за која успех беше платите да растат 5% а инфлацијата истиот период да биде 20%, партијата која ги зголемуваше пензиите за 150 денари годишно, не може и не треба да држи лекции за тоа како треба да се води економијата на една држава.

Бидејќи ги слушаме секојдневно како говорат за економијата и растот, а се уште се најголема опозициска партија во Македонија, треба да направиме една споредба и да видиме како тие недомаќински работеле, а како ние работиме чесно, одговорно и транспарентно.

Осум целосни квартали на нивната власт со осум целосни квартали на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Што покажуваат бројките?

Во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален економски раст изнесувал околу 2,6 проценти.

Во првите осум целосни квартали на актуелната Влада, од третиот квартал на 2024 до вториот квартал на 2026 година, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти.

Значи, 2,6 проценти во првите 8 квартали на СДС и ДУИ, наспроти 3,55 проценти во првите 8 квартали на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата е речиси еден цел процентен поен.

Или, изразено релативно, приближно 37 проценти повисоко просечно темпо на економскиот раст.

Но има нешто уште поважно, а тоа е дека во економијата не е доволно да имате еден добар квартал.

Многу поважно е дали можете да создадете стабилност и континуитет.

Во првите три целосни квартали на власта на СДС и ДУИ, економскиот раст бил под еден процент.

Денес имаме сосема поинаква економска динамика.

Од преземањето на Владата, економијата бележи континуиран позитивен тренд, а најновиот резултат е 4,3 проценти реален раст во вториот квартал од 2026 година.

И токму затоа оваа споредба е важна.

Затоа, кога СДС денес ја критикува економската политика, добро е јавноста да знае какви биле резултатите кога тие ја имале одговорноста да ја водат економијата.

Евидентна е разликата меѓу економските резултати што ги оставија СДС и ДУИ и резултатите што денес ги постигнува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кавадарчанец е уапсен- за време на „Тиквешки гроздобер“ му пронашле дрога и пари

Лишен од слобода кавадарчанец, при преглед кај него пронајдена дрога и пари.

Кавадарчанец е уапсен- за време на „Тиквешки гроздобер“ му пронашле дрога и пари

На 05.09.2026 во 22:45 часот, за време на одржување на манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода К.М.(34) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косел трева, па запалил пожар во с. Брезница- уапсен е

Лишен од слобода маж од Македонски Брод, предизвикал пожар во село Брезница.

Косел трева, па запалил пожар во с. Брезница- уапсен е

На 05.09.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.Т.(38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 05.09.2026 околу 10:00 часот предизвикал пожар во с.Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во с.Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер