Еден час подоцна во Изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев" ќе биде отворена традицоналната изложба на одбрани дела на празнувањето на членовите на Фото клубот од Охрид.
Централниот настан, Свечената академија по повод 8 декември – Денот на Свети Климент Охридски – Патрон на градот е закажана за од 19 часот во Големата сала на Општина Охрид. Во рамки на академијата традицонално ќе бидат врачени највисоките општински награди и признанија – Наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид" на Професорот Љупчо Коцарев, доктор на науки, академик и актуелен претседател на Македонската академија на науки и уметности, како и повелбите на активистката за права на лицата со ретки болести Гордана Лолеска, на Еколошкото здружение „Еко Фап" и постхумно на туристичкиот и културен работник, Мишо Јузмески.
Чествувањата по повод патрониот празник продолжуваат и утре од 10 часот, со поклон на делегација пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата „Свети Пантелејмон" на Плаошник, а цвеќе ќе биде положено и пред споеникот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ што го носи неговото име.
Цвеќе ќе се положува и пред споменикот на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, при што ќе бидат врачени и наградите на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид.