3Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител
ЗабаваОхрид наредните денови во знакот на водените спортови-Второто издание на „Ohrid Water Festival“ Од утре до 31 август Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода, преку настаните и содржините на второто издание на големата промотивно-спортска манифестација „Ohrid Water Festival“.Целта на фестивалот на вода е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во земјава. Како што посочи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, концептот штој беше успешно реализиран минатото лето прераснува во една платформа за промоција на природната убавина на градот и езерото и спортска традиција што ги отвора вратите кон нови спортски авантури. - Сите напори и целиот труд околу подготовка на програмата ја потврдуваат заедничката посветеност и ја покажуваат големата љубов кон водените спортови. Нашето езеро, со своите кристално чисти води и уникатни пејзажи овие денови ќе прерасне во арена за 20 возбудливи спортски настани. Секој од нив ќе биде уникатно доживување кое ќе ги исполни очекувањата на публиката, рече Пецаков на денешната прес-конференција свикана по повод манифестацијата. На презентацијата на програмата и содржините на Фестивалот на вода, покрај спортските настани, предвидени се и богати социјално-едукативни содржини со низа интересни и забавни активности, што ќе се одвиваат на платото пред хотелот „Палас“. - Целта е да се создаде атмосфера која ќе го привлече вниманието на секој посетител и ќе ги поттикне сите генерации да уживаат во оваа манифестација, рече Пецаков. Јоне Станкоски од Организацискиот одбор на Фестивалот на вода посочи дека се работи за стратегиски проект што на Охридското Езеро ќе ги врати подзаборавените спортови на вода што отсекогаш биле белег на градот. - Оваа година на манифестацијата има повеќе од 20 настани од спортско-рекреативен карактер, од кои повеќето се од меѓународен карактер. Во деновите што следат охриѓани и гостите ќе можат да проследат регати во кајак, веслање, трки во пливање, суп-трки, пливачки митинг, регата од Европскиот куп во едрење, но и водени лудории, трки со педалинки и табланет под вода, рече Станкоски. Во рамки на програмата на Фестивалот се предвидени и бројни едукативни содржини, изложби. Целата манифестација ќе биде збогатена со забавна програма, со презентации на традиционална храна и локални специјалитети, настапи на ди-џеи, концерти на познати уметници за сите генерации, од „Златно славејче“ преку настапи на ученици на Општинското музичко училиште, до концертите на „Суперхикс“, Наум Петрески и други. Круна на целата манифестација и годинава ќе биде Охридскиот пливачки маратон закажан за 31 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТом Круз добива награда за животно делоПризнание за исклучителен придонес за филмот, холивудската ѕвезда, актерот Том Круз добива награда за животно дело .Мегапопуларниот актер Том Круз е добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт, која ќе му биде врачена во април следната година, соопштија денеска организаторите. Наградата е посветена на зачувувањето и промовирањето на филмот. „Како актер и продуцент, тој внесува извонредна посветеност во сè што прави. Она што особено го ценам е неговата длабока верба во филмовите и нивната моќ да ги зближуваат луѓето“, изјави Кетлин Кенеди, претседателка на Управниот одбор на Американскиот филмски институт. Меѓу претходните добитници на наградата на Институтот се Бети Дејвис, Џин Кели, Елизабет Тејлор и Том Хенкс. Круз бил номиниран три пати за наградата на Филмската академија, а минатата година доби почесен „Оскар“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски условиМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, со кој буџетските проекции се усогласуваат со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите. Министерката во експозето истакна дека вториот ребаланс е навремена реакција на глобалната неизвесност, геополитичките тензии и нарушувањата на енергетските пазари, кои влијаат врз економските текови и буџетските приходи. „Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења, досегашната реализација и ефектите од мерките преземени во текот на годината. Ова е одговорен пристап во услови на неизвесност, да ги коригираме проекциите таму каде што реалноста го бара тоа, да ги намалиме расходите каде што има простор за рационализација, но истовремено да ги зачуваме средствата за законските обврски, здравствените услуги, социјалната заштита и приоритетните развојни проекти“, истакна министерката. Со предложените измени, вкупните буџетски приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува непроменет на 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП. Проекцијата за економскиот раст за 2026 година изнесува 3,5%. На приходната страна најизразено намалување има кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари, како резултат на мерките за намалување на акцизите на горивата. На расходната страна се предвидува рационализација и поефикасно користење на јавните средства. Капиталните расходи се намалуваат поради пролонгираната динамика на реализација на одредени проекти и пониската реализација на средствата од сопствени приходи, донации и заеми. Како што посочи министерката, корекциите се вршат таму каде што реализацијата го наложува тоа, без откажување од развојните приоритети. „Нашата цел е Буџетот да остане реален, одржлив и развоен. Буџетската дисциплина не значи откажување од развојот, туку подобро поставување приоритети, поголема одговорност во трошењето и усогласување на обврските со расположливите средства. Продолжуваме со инвестиции во патната и железничката инфраструктура, образованието, животната средина, земјоделството, енергетската ефикасност и модернизацијата на јавните финансии, со поддршка од домашни и меѓународни финансиски извори“, нагласи Димитриеска-Кочоска. Меѓу приоритетите остануваат патните проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д и патот Скопје–Блаце, како и железничките делници Белјаковце–Крива Паланка и Табановце. Продолжуваат активностите за изградба и унапредување на системите за водоснабдување, канализација и управување со отпадот. Средства се насочуваат и кон енергетска ефикасност, образовна инфраструктура, реконструкција на студентските домови, земјоделството, локалните инфраструктурни проекти. Министерката посочи дека со предложениот ребаланс се обезбедува усогласување на буџетските проекции со реалните економски движења, редовно исполнување на законските обврски и продолжување на приоритетните развојни проекти, со одговорно управување со јавните финансии и задржување на планираниот буџетски дефицит. Расправата во Комисијата за финансирање и буџет по предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година во рамки на Комисијата за финансирање и буџет трае најмногу 10 дена. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканХаос во Албанија: Тепачките од улиците се префрлија во парламентот- се степаа пратениците (ВИДЕО)Албанскиот парламент беше место на сериозни тензии и физичка пресметка меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата за време на седницата, што доведе до општ хаос меѓу пратениците.Според достапните информации, пратеникот на Демократската партија (ДП) Фламур Нока се упатил кон мнозинскиот дел од салата за да ги земе своите картички за гласање, а му се придружиле и други пратеници, објави Топ Ченел. Ситуацијата брзо ескалирала кога пратеникот на Демократската партија Фидел Крека удрил гласачко ливче, а потоа го турнал поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа. Овој потег предизвикал физичка пресметка меѓу двајцата. Други пратеници, и од мнозинската и од опозицијата, веднаш се вклучиле во конфликтот, што довело до масовна тепачка во собраниската сала. Тензиите за време на седницата ескалирале во физички пресметки меѓу пратениците, претворајќи ја парламентарната дебата во сцени на хаос. Во меѓувреме, голем број демонстранти се собрале пред парламентот на Албанија, каде што биле присутни и голем број полициски сили.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook