Охрид и Струга ги усогласуваат активностите за третман на потенцијалните пациенти заболени од коронавирусот

Општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца ги координираат активностите за заедничко делување во справувањето со предизвиците што произлегуваат од актуелната ситуација настаната со епидемијата на коронавирусот.

На предлог на Координативното тело на Општина Охрид денеска се одржа средба на градоначалниците на општините заедно со раководители на здравствените установи на која е услогласен регионален пристап во функционирањето на здравствениот систем.

-Министерството за здравство на предлог на Координативното тело на Општина Охрид ќе пристапи кон изработка на план за регионализација, како да се организира и соодветно да се усогласи процедурата на третман на пациентите, зависно нивната клиничката слика. Случајот со пациентката од село Татеши само потврдува на потребата од координирано делување, рече градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Предлозите предвидуваат евентуалните пациенти инифицирани со Ковид 19 со полесна и средно тешка клиничка слика да се згрижуваат на Инфективното одделние на Општата болница во Охрид, додека потешките случаи би биле префрлани во Скопје.

Заменик-министерот за здравство Арменд Арслани појасни дека третманот на пациентите останува да се уредува согласно сугестиите, протоколите, алгоритмите креирани од експертите, а конечните информации за тоа како ќе оди третманот на инфицираните и заболените ќе бидат соопштени откако ќе биде усвоен тој протокол.

Стручните лица, епидемиолозите, инфектолозите вршат проценка на состојбите, го изработуваат протоколот и тој наскоро ќе биде објавен, рече тој повикувајќи го населението да ги почитува сите препораки од надлежните за справување со состојбата.

Јован Стојкоски, директорот на Здравствениот дом во Вевчани, оптимистички уверува дека ситуацијата е под контрола, дека се спроведуваат тековните активности, се утврдуваат и поправаат евентуалните пропусти.

-Ние работиме по насоки на епидемиолозите и инфектолозите од Инфективната клиника во Скопје. Ние постапуваме согласно нивната проценка, дали и кога треба да биде прогласен карантин на одредено подрачје, рече Стојкоски.

Случајот со пациентката од струшкото село Татеши, што почина откако не била хоспитализирана на Инфективното одделение во болницата во Охрид, беше причина за разрешување на директорката на Општата болница во Охрид. Денешната средба е дел од активностите за одредување на начинот на кој ќе се постапува со лица со симптоми на Ковид 19, односно пациенти заболени од Корона вирусот./МИА

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер