3Манасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност нема
Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
ФудбалОхрид и Силекс ремизираа во фудбалскиот национален купНерешено 1:1 заврши првиот дуел од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Охрид и Силекс одигран попладнево на „СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.Домаќините поведоа во 35. минута, преку Иван Глигоров. Голот за тимот од Кратово го постигна Ади Алиќ во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Во втората полуфинална пресметка, попладнево од 14 часот во Тетово Шкендија ја пречекува Шкендија Арачиново. Реваншите се закажани за 6 мај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов сообраќаен режим и 415 нови паркинг-места во Мичурин и стар АеродромСо новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај.Општина Аеродром отпочна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, со поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки. Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај. Во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200 паркинг-места, додека во Мичурин се предвидуваат 215 нови паркинг-места. Со воведувањето на ваков сообраќаен режим, просторот се збогатува со нови содржини и подобро се распределува меѓу различните учесници во сообраќајот - возачи, велосипедисти и пешаци. Целта е да се создаде поорганизиран, пофункционален и побезбеден сообраќај, со повеќе можности за паркирање и подобри услови за велосипедскиот сообраќај. Општина Аеродром продолжува со подготовка на конкретни решенија кои ќе придонесат за подобро уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаос по пресудата за Тачи! Интервенција на специјалната полиција (ВИДЕО)Пред зградата на судот во Хаг избија немири по изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на ОВК.Специјалниот суд за Косово го прогласи поранешниот косовски претседател Хашим Тачи за виновен за воени злосторства извршени за време на војната за независност од Србија и го осудија на 25 години затвор. За виновни за учество во здружен злосторнички потфат беа прогласени и тројца други воени команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК): Јакуп Красниќи беше осуден на 25 години затвор, додека Кадри Весели и Реџеп Селими беа осудени на 18, односно 13 години затвор. Пред судот во Хаг се собрале бројни поддржувачи на Тачи за да го следат изрекувањето на пресудата. Незадоволни од исходот, тие почнаа да предизвикуваат немири, што доведе до интервенција на специјалните полициски единици. Извор: Дневник.хрТагови: Хашим Тачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСедлоски: Ќе ротираме, шанса ќе добијат повеќе фудбалериСелекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, денеска го објави списокот на повикани фудбалери за четирите натпревари од Лигата на нации против Швајцарија, Словенија и Шкотска.На списокот има четворица дебитанти, дефанзивците Анес Мелиџи и Ѓорѓе Џеков, фудбалерот за врска Матеј Гаштаров и напаѓачот на Струга, Христијан Малески. По пауза од четири години, во националниот тим се враќа и Марио Младеновски, кој со добрите настапи во дресот на Вараждин го заслужи повторниот повик. Македонија циклусот го отвора на 26. септември против Швајцарија во Скопје, по што следуваат гостувањето кај Словенија на 29. септември во Љубљана, домашниот натпревар против Шкотска на 3. октомври и вториот дуел со Швајцарија, на гостински терен во Луцерн на 6. октомври. Седлоски се одлучи за список од 28 фудбалери, меѓу нив четворица дебитанти, Анес Мељичи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга Трим Љум. Поради повреда натпреварите ќе ги пропушти дефанзивецот на Левски, Никола Серафимов. Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар); Одбрана: Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Андреј Стојчевски (Словачко, Совачка), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (УТА Арад, Романија); Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Тихомир Костадинов (Словачко, Словачка), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија); Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Бојан Миовски (Ренџерс, Шкотска), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум); Седлоски во овој репрезентативен прозорец ќе има исклучително густ распоред, со четири натпревари во само 11 дена. Токму затоа, поширокиот список треба да му овозможи поголем простор за ротација и избор на различни решенија во текот на циклусот. Македонија во новото издание на Лигата на нации настапува во групата Б1, заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска. Македонија циклусот го отвора на 26 септември на домашен терен против Швајцарија, а потоа следуваат гостувањето кај Словенија на 29 септември, домашниот натпревар со Шкотска на 3 октомври и гостувањето кај Швајцарија на 6 октомври. „Можеме да очекуваме борба, залагање и максимум на секој натпревар. Никогаш како играч немав четири натпревари во десет дена. Затоа повикав 25 фудбалери и три голмани. Ќе мора да ротираме и шанса ќе добијат повеќе играчи. Сакав да спојам младост и искуство. За никого не е затворена вратата од репрезентацијата, но ова е мојот избор за овие четири натпревари“, изјави Седлоски. Селекторот очекува тимот во краткиот период на подготовки да ја изгради потребната компактност и хемија. „Мора да бидеме компактни. Овие пет дена ќе ги искористиме да покажеме дека имаме тимска хемија. Никогаш претходно не биле повикани шест фудбалери од Првата македонска лига. Омерагиќ и Малески минатата сезона постигнаа триесетина голови, а и оваа сезона редовно погодуваат и го заслужија повикот. Тука се Растодер и Миовски и мислам дека сме добро екипирани во нападот. Четири натпревари сме без постигнат гол, но верувам дека и нападот ќе проработи. Средниот ред мислам дека ни е адут“, додаде селекторот. Седлоски најави промени и во дефанзивната линија, со Илиевски како една од опциите по десната страна, а во конкуренција е и Стојчевски. Тој остави можност списокот дополнително да биде надополнет. „Желбата ми е да ги победиме сите четири натпревари, но реалноста е дека и противниците имаат свои квалитети. Во овој момент размислуваме само за првиот натпревар и за Швајцарија. Ги следев нивните натпревари на Мундијалот и мислам дека ќе бидат фаворити во групата. Но, верувам дека можеме да се носиме и со нив, и со Шкотска и Словенија“, вели Седлоски. Селекторот се осврна и на клупската ситуација на неколку репрезентативци. Посебно го радува фактот што Елиф Елмас пронајде средина во која ќе има можност да игра во континуитет. „Ме радува што Елмас пронајде клуб каде што ќе настапува во континуитет. Разговарав и со Миовски, кој во еден момент беше со мислите надвор од Глазгов Ренџерс. Но, дојде до пресврт и тренерот му вети минутажа. Јас ќе бидам најсреќен ако нашите фудбалери играат редовно и се во натпреварувачки ритам“, изјави Седлоски. На прес-конференцијата, една од темите на кои зборуваше Седлоски беше Матеј Гаштаров. Разговарав со Матеј и ќе добиеше повик и пред да биде во првиот тим на Црвена Звезда. Со душа чекам да го викам, имаме пет дена за тренинзи и ќе работиме и тактички. Го гледам на средината на теренот, но поливалентен е и може да игра на повеќе позиции, изјави Седлоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter