3Мерлин од Мексико е нова сензација на Светското првенство- патката носи дрес и чорапи на репрезентацијата (ВИДЕО)
КултураОхрид го чествува ликот и делото на Григор Прличев Со низа настани и активности деновиве ќе биде одбележана 132-годишнината од упокојувањето на големиот охридски и македонски поет и преродбеник, Григор Прличев.Сите настани се одржуваат во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што се одржува во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат неговото име, а со поддршка на Министерството за култура. Чествувањата во име на Прличев почнуваат утре, со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во изложбениот салон со почеток во од 11:45 часот. Точно на пладне ќе се одржи главниот настан, кога на Малата сцена започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“. Покрај предвидената културно-забавна содржина, со артистичка изведба ќе биде претставена наградената поема „Никогаш пред ил’ потем“ на годинешниот лауреат на Повелбата за најдобра поема „ Григор Прличев“ на авторот Андреј Ал-Асади. За задутре е предвидено положување цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“, а од 11 часот ќе се одржи панихида на гробот на Прличев во дворот на црквата „Св. Богородица – Перивлепта“. Од 11:30 часот во Спомен-куќата на Прличев ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“ каде, меѓу другото, ќе бидат врачени наградите на одбраните литературни творби на конкурсот што го распишува охридското основно училиште што го носи името на „Охридскиот Хомер“. Настанот ќе биде заокружен со читање на наградените творби и промоција на книгата „Охридските писатели во книжевната критика“ на авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Во 12:30 часот предвидено е полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред спомен–бистата на Прличев пред градската библиотека, при што е предвидено и обраќање на Живко Грозданоски, претседател на Друштвото на писатели на Македонија. „Прличева визита“ е настанот што ќе се одржува од 13 часот во „Прличевата одаја“ на градската библиотека, во рамки на која ќе биде врачена и наградата на лауреатот на најдобрата беседа за 2025 година, што оваа година и припадна на Ева Ивановска. Програмата за одбележување на годишнината од смртта на Прличев завршува со свечена приредба по повод патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“ од 19 часот во Центарот за култура. Манифестацијата „Прличеви беседи“ е востановена пред речиси шест децении, како настан со кој е одбележува годишнината од смртта на големиот поет кој се упокои на февруари во 1893 година. Прличев во 1860 година беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популацијаСе подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, најави минситерот за внатрешни Панче Тошковски.Потенцираше дека ќе се заострува казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, преку измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
МакедонијаМинистерката за енергетика уверува дека нема да има раст на цената на електричната енергијаЌе има ли промени на сметките за струја откако ЕСМ од следната година повеќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач? Од следната година АД ЕСМ нема целосно да ги покрива потребите со електрична енегрија на универзалниот снабдувач..Согласно новиот Закон за енергетика, уделот на струја што ќе го испорачува ЕСМ ќе биде ограничен на 70%, наместо досегашните 100. Министерката за енергетика Сања Божиновска објасни дека ова е последен чекор од исполнување на реформската агенда во енергетскиот сектор, но и дека тоа не значи поскапување на струјата. Според неа, поради пониските берзански цени на електричната енергија и зголеменото производство од обновливи извори не очекува раст на цената на струјата. Министерството за енергетика ќе се заложи и за евентуално укинување на блок-тарифите, но сепак како што изјави Божиновска, конечната одлука е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика. „Ако ги гледаме цените како се нула во овој период и колку многу има повеќе електрична енергија и дека веќе Грција извезува, јас мислам дека може да се очекува намалување на овие цени, меѓутоа тоа е сепак берза што значи на берза може да има и скокови и падови, но некој тренд е дека сега имаме многу ниски цени и нули. Регулаторната комисија за енергетика е одговорна за блоковите, тие ги дефинираат, прават истражувања. Ако не повикаат ние секако ќе дадеме наше мислење, меѓутоа целта е една и единствена граѓаните да имаат пониски сметки. “ Божиновска истакна минатата година македонија била над европскиот просек односно околу 58% од инсталираните капацитети се од од обновливи извори. Таа очекува овој тренд да продолжи и во следниот период. На јавниот повик за изградба на енергетски објекти за 2027 година, до почетокот на месецов пристигнале над 800 иницијативи од приватни компании и институции Божиновска на брифингот со медиумите соопшти и дека до министерството пристигнало решението од Државниот завод за индустриска сопственост, со кое официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцен камен, со што добива статус на заштитено национално минерално наследство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР и МОН стартуваат со нов проект за превенција од семејно и врсничко насилствоСемејното и врсничкото насилство земаат замав. За само една година бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 67 проценти, а во пораст е и насилството меѓу учениците. За 67 % се зголемиле пријавите за семејно насилство во МВР за само една година. 768 кривични дела поврзани со семејно насилство се регистрирани во периодот од почекокот на оваа година до крајот на мај, наспроти минатата година кога имало 460 пријави, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. И врсничкото насилство е во подем. За претходната учебна година евидентирани се 93 пријави на насилства во 64 училишта. Министерката за образование Весна Јаневска го најави проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Министерот за социјална политика Фатмир Лимани истакна дека врсничкото насилство не се појавува изолирано, туку често е последица на нарушени семејни односи. Од Комората на психолози објаснија дека агресивното однесување доаѓа како последица од доживена болка и насилство. Опасно станува кога не се работи на овој проблем кој може да продолжи со насилство и во следните генерации. Од следната недела ќе започнат обуки за училишните психолози, педагози и социјални работници во основното образование, со цел да се препознаат децата кои се жртви на насилство и навремено преземање соодветни мерки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter