Охрид финалист во европскиот ЕХФ куп - Канал 5

Охрид финалист во европскиот ЕХФ куп

ГРК Охрид за историја, Македонија втор година во низа ќе има финалист во европскиот ракометен ЕХФ куп. 

Охрид финалист во европскиот ЕХФ куп

Ракометарите на Охрид вечерва со златни букви ја испишаа својата најзначајна страница во клупската историја.По минималниот триумф од 25-24 во полуфиналниот реванш над Целје со кој беше надокнадена негативата од гостувањето во Словенија, и одлична реализација во пенал рулетот кој го добија со 4-3 ракометарите на Охрид стигнаа до најголемиот успех во клупската историја пласман во финале на едно европско натпреварување, ЕХФ купот.

Со оваа победа Охрид овозможи втора година во низа Македонија, по минатогодишниот триумф на Алкалоид, да има преставбик во големото финале на европскиот куп. Посакуваме Охрид во финалето каде го очекува славниот Татабања да го повторни успехот на фармацевтите и да се закити со посакуваниот трофеј.

Вечерва најзаслужни за историскиот успех се октоподот на голот Пилиповиќ и брзиот и луциден јапонец, Јасихура со 9 постигнати гола.

Инаку вечерашниот реванш беше исклучително израмнет во сите 60 минути. Охриѓани во регуларниот тек можеа да стигнат до посакуваната победа од два гола но примија гол во последната секунда од реваншот по кој пеналите мораа да одлучуваат за патникот во големото финале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. 

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.

Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

На 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. 

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер