МакедонијаОХРИД ЕКО 2026: Успешна регионална еколошка акција за чистење на Охридското Езеро-ФотоОвој викенд во водите на Охридското Езеро, со централна локација во Автокамп Градиште, успешно се реализираше голема регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот Центар Амфора.Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа. Во текот на акцијата беше отстрането големо количество отпад од дното на езерото, со што уште еднаш се испрати силна порака за значењето на еколошката свест, заштитата на природата и регионалната соработка. Во акцијата учествуваа следните клубови и организации: • Нуркачки Центар Амфора – Македонија • Завод и Музеј – Охрид • Црвен Крст Охрид – Македонија • КПД Охрид – Македонија • СНК Врело – Македонија • ЕНК Пена – Македонија • САЕ Тигар – Македонија • БСН Волци – Македонија • KPA Marsonia – Хрватска • Triton Tec Team – Србија • SRK Shark и SRK Vitez – Босна и Херцеговина Организаторите упатуваат голема благодарност до сите учесници и поддржувачи кои придонесоа за успешна реализација на проектот, меѓу кои: SSI Blue Oceans, Општина Охрид, Бучен Козјак, Винарија Охрид, Скопско, DigitalBox, Автокамп Градиште, Ресторан Острово, Хотел Два Бисера, Вила Бисера, Инекс Олгица – Hotel & Spa и Hotel Tino & Spa. Охрид ЕКО 2026 уште еднаш покажа дека заедничката грижа за природата може да создаде вистински и долгорочни промени за идните генерации.Тагови: Охридското Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЦрвен аларм во Грција поради шумски пожариДенес во Атика и неколку други региони во Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, а властите го кренаа нивото на подготвеност на највисоко ниво.Денес во Атика и други региони на Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, објави Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатска криза и цивилна заштита. Државниот апарат е ставен во висока оперативна подготвеност поради опасноста од пожари, објави „ERT News“. Црвената тревога за шумски пожари е издадена за регионот Атика, вклучувајќи ја Китера, како и регионалните единици Коринт, Арголис, Аркадија и Лаконија. Истата тревога е издадена и за регионот Крит и регионалните единици Беотија, Фтиотида и Евија. Во северниот Егеј, црвената тревога се однесува на регионалните единици Лезбос, Хиос, Самос и Икарија, како и на Кикладите во јужниот Егеј. Активирањето на црвената тревога за пожар значи дека националниот механизам за цивилна заштита е ставен во целосна мобилизација, со распоредување на потребниот персонал, опрема и ресурси за справување со потенцијални пожари. Фото: ВИТагови: грција пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзијаБрисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии.Екскурзија е организирано патување на група луѓе - најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување. Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски. Одвои осум дена. Остануваат уште седум. Четири дена Брисел - „стручна екскурзија“. Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава со фабрики, институции и, секако, со Европската комисија. За да стекне практични знаења за… францускиот предлог. Ќе почекаме да се врати. Па сите да научиме дека францускиот предлог воопшто не е лош. Исто како што од Мицкоски научивме дека НАТО не е лош - напротив, феноменален. Исто како што од Мицкоски научивме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата и многу други убави работи. Ќе треба само малку повеќе време гласачите на ВМРО да го сфатат тоа. Затоа што до вчера Мицкоски ги учеше сосема спротивно, додека клечеше и ветуваше само за да дојде на власт. Единствена трајна последица од тоа патриотско клечење во претходната кампања е што сега го болат колената. Затоа и го зеле седиштето 11D - да може да ги испружи. Со нетрпение го чекаме. Ќе имаме многу да учиме. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
МакедонијаВо Струмица заврши 21. „Астерфест“Синоќа, со проекција на пет наградени филмa, заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“.По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот Амфитеатар беа прикажани 20-тина кусометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко Панов, „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ и „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски. Гостите имаа Тивериополска филмска посета на Манастирот во Велјуса, а се одржаа и промоција на филмска литература и авторска средба низ прашања и одговори од публиката. Жири-комисијата, составена од Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева, едногласно одлучи и ги соопшти наградите за најдобрите филмови. Гран прито за најдобар краток филм го понесе „Неми филмови“ на Крсте Господиновски, во македонско-романска копродукција. Златната потковица му припадна на „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, во чешко-македонско-британска копродукција. Сребрената потковица отиде во рацете на данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампан, а со Бронзената потковица се закити Маријам Бакачо Хачвани за грузискиот „Земјата на мажите“. За најдобар режисер со наградата „Ацо Алексов“ беше прогласена Елвира Барбоза за францускиот филм „Франсин, исток-запад“, а наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ отиде кај Бранко Костески за македонскиот краток филм „Остров“. Специјални признанија од жирито добија и јужнокорејскиот „Разденување“ на Хе-о Парк и бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев. Најголем број гласови од публиката освои канадскиот оскаровец „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, а нововостановената награда за најдобра женска улога „Зора Георгиева“ ѝ припадна на британската актерка Софи Томпсон во филмот „Нешто бесмислено“. Фестивалот продолжува со намерата да го афирмира светскиот авторски филм, но и дела од македонската кинематографија. Овогодишниот „Астерфест“ беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Општина Струмица.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter