Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
КултураОхрид домаќин на 54. Балкански фестивал на народни песни и игриТрадиционално со целовечерен концерт на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ на летната сцена „Долни Сарај“ во Охрид вечер почнува 54. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.Покрај „Танец“ во петте фестивалски денови ќе настапат познати ансамбли и културно уметнички друштва кои ги негуваат традиционалните песни и игри од Хрватска, Турција, Полска, Србија, Унгарија, Северен Кипар, Бугарија, нашите иселеници од Торонто и ансамбли од Охрид, Вевчани и село Драмче од Македонија. Утре настапи ќе имаат ансамблите „Шиљаковина“ од Нова Горица, Хрватска и „Истанбул – Кадикој“ од Турција. На 8 јули ќе настапат ансамблите „Лани“ од Познан, Полска , „Македонка“ од Торонто и „Вила“ од Нови Сад. Следниот ден ќе се претстават КУД ,„Копачка“ од село Драмче и Ансамблот „Бартина“ од Сегзард Унгарија. Во петок ќе настапат ансамблите „Дримкол“ од Вевчани и од Кирениа, Турската Република Северен Кипар и КУД „Гердан" од Охрид. Последната фестивалска вечер е резефвирана за ансамблите „Софија 6“ од Софија и „Отексфолк“ од Охрид. Мисијата на Фестивалот, според директорката на Центрот за култура „Григор Прличев“ Драгана Боцеска, е зближување на културите и народите преку фолклорот како најголем репрезент и амбасадор на секоја земја од учесничките. Секој ансамбл доаѓа со свој оркестар и сопствена кореографија специфична за неговата земја. Фестивалот кој се одржува со поддршка на Министерството за култура, под покровителство на Собранието на Република Македонија, предвидено е да го отвори претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Фестивалските вечери почнуваат од 21 часот, на сцената Долни Сарај, а влезот е слободен. Балкански фестивал на народни песни и игри е најстара фолклорна манифестација во регионот. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолклорни манифестации во светот. Во изминатите педесетина години на Балканскиот фестивал гостуваа околу 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, регионот и светот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБосанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – СкопјеПолициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаМАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народМакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ.На 11 октомври 1941 година започна организираниот вооружен отпор против фашизмот, означувајќи ново поглавје во борбата на македонскиот народ за слобода и национално самоопределување. Овој историски ден нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и решителноста на сите оние кои се кренаа против наци-фашистичкото ропство. Посебно се сеќаваме и на Македонците од Албанија, кои активно учествуваа во антифашистичката борба и дадоа значаен придонес во ослободувањето на Македонија. Многумина од нив ги положија своите животи за слободата, оставајќи трајно наследство на храброст, солидарност и љубов кон татковината. Денес, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци и херои кои се жртвуваа за слободна Македонија. Нивната борба претставува трајна обврска за зачувување и унапредување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и за доследно почитување на човековите и малцинските права. Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВалерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“Слем-поетестата Валерија Дамчевска е победничка на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“ - 2026, кое од 8 до 11 октомври по 16. пат се одржува во Прилеп.За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а второто место го освои Стефанија Граовац, додека третото место му припадна на Матеј Петров. Дамчевска доби подарок часовник од брендот „11и11“, а следната година ќе биде иден претставник на Македонија на Европското слем-првенство. На годинешниот слем, се претставија десетина учесници од различни градови од земјава, кои настапија со свои поетски и прозни дела. Неколкудневниот фестивал се отвори со изложба на ДЛУМ-Битола во НУЦК „Марко Цепенков“. Следните два дена, покрај поетските читања, се одржаа и промоции на неколку книги поезија од авторите Елена Пренџова, Сузана Мицевска, Марија Грубор, Ненад Јолдески и Пијан Славеј (Бранислав Николов), кој заедно со „Хот џез оркестра“ синоќа одржаа врвен поетски концерт во киното „Мис Стон“. Фестивалот годинава пулсираше во африкански ритам, а за тоа продонесоа специјалните гостинки од Мозамбик - Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре. Денес е последниот фестивалски ден, а учесниците имаа можност да присуствуваат на поетско читање на манастирот Трескавец. Фестивалот ќе заврши вечерва со поетско читање посветено на Тихомир Јанчовски, настан што ќе се одржи во вилата „Ана Плетварска“ со почеток во 19:30 часот. „Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство. Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter