Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
1Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЕкономијаОхрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени дериватиОхрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер.Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија. На настанот учествуваат претставници од Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји од регионот, кои преку стручни презентации и дискусии ќе разменуваат искуства за најновите стандарди, технологии и предизвици во секторот. Во своето поздраво обраќање, главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, истакна дека поддршката на вакви професионални и регионални иницијативи е целосно усогласена со долгорочната стратегија на компанијата. „За ОКТА, поддршката на платформи како овој Симпозиум претставува инвестиција во знаење, соработка и регионално поврзување. Размената на искуства и добри практики помеѓу експертите и институциите од регионот е од исклучително значење за понатамошниот развој на секторот и за обезбедување највисоки стандарди за квалитет и безбедност, во интерес на потрошувачите и економијата. Како компанија ОКТА веќе одамна ја надминува улогата на најголем снабдувач на домашниот пазар и се развива во регионален енергетски центар, а токму нашата поддршка во развојот на ваквите партнерства и професионални мрежи се важен дел од таа визија“, изјави Пасхос. Од Организацискиот комитет на Симпозиумот беше истакнато дека јубилејното десетто издание претставува потврда за растечкото значење на овој стручен собир во регионот. „Во изминатите десет години Симпозиумот прерасна во препознатлива регионална платформа за професионална комуникација и соработка помеѓу лабораториите, институциите и компаниите од нафтениот сектор. Во време на сè построги стандарди, технолошки промени и потреба од поголема усогласеност со европските регулативи, ваквите настани имаат особено значење за унапредување на квалитетот, сигурноста и довербата во целиот синџир на снабдување со горива“, истакна Данијела Јовиќ, претставник на организацискиот комитет на Симпозиумот. Симпозиумот го отвори градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, а преку видео обраќање го поздрави и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Соња Божиновска, која ја нагласи важноста на лабораториите и контролата на квалитетот во енергетскиот сектор, како и потребата од континуирана модернизација, регионална соработка и усогласување со европските стандарди. Присуството на претставници од Министерството за енергетика, како и видео обраќањето на министерката, претставуваат силна институционална поддршка за улогата на лабораториите во системот за контрола на квалитетот на горивата, но и признание за достигнувањата на Симпозиумот и неговиот потенцијал да прерасне во уште поширока регионална и меѓународна платформа за размена на искуства и експертиза. Во рамки на Симпозиумот беше потенцирана и важноста на модернизацијата и дигитализацијата на лабораториските капацитети, како предуслов за поголема точност, доверливост и усогласеност со највисоките европски и меѓународни стандарди. Во тој контекст беше истакнат примерот на ОКТА, која во изминатиот период изврши модернизација и дигитализација на опремата за тестирање во својата лабораторија за контрола на квалитетот на горивата, со што таа го задржа својот статус на една од најсовремените капацитети од ваков тип во регионот. Лабораторијата на ОКТА е прва акредитирана лабораторија од ваков тип во земјата и функционира согласно највисоките европски и американски стандарди, обезбедувајќи контрола и анализи не само за потребите на компанијата, туку и за други увозници, институции и компании од земјата и регионот. Учесниците на Симпозиумот нагласија дека иднината на секторот ќе зависи од уште поголема регионална соработка, размена на знаење, воведување нови технологии и постојано унапредување на системите за контрола и мониторинг на квалитетот на горивата, во интерес на потрошувачите, индустријата и животната средина.Тагови: ОКТА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаНиколоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад АденауерБи сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики. Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни. Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во МајамиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј. Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа. Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер. Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница. „Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот. На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избориПратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов е во дводневна посета на Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес.Петрушевски во Шведска е на покана на Moderaterna и Jarl Hjalmarson Foundation, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи како дел од европското семејство на сестрински и партнерски партии. Во рамки на работната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, на средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градењето силни партнерства со европските сестрински партии и на размената на позитивни искуства и практики кои можат да придонесат за унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваме благодарност до Jarl Hjalmarson Foundation за поканата и поддршката на престојот на Петрушевски во Стокхолм.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook