Охрид денеска ја празнува 75-годишнината од ослободувањето

 Општина Охрид денеска го празнува 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна.

Општината, институции од градот, јавни установи, месни заедници, здруженија на граѓани се вклучени во прославувањето што почнува утрово во 10 часот со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ кај Градските гробишта, Градскиот парк, Основниот суд, дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј", по што ќе следува Панихида и полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне.

Според протоколот, предвидено е 75 свежи рози да бидат положени во Спомен паркот на револуцијата, по што претставник од ОО на Сојуз на борци ќе одржи историски час за значењето на 7 ноември. Во 11 часот во концертната сала при ОМУ „Методи Патче" ќе започне Свечената академија со обраќање на градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески и културно-уметничка програма. Во Центарот за култура „Григор Прличев" вечерва 18 часот ќе започне Свеченaта приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска", а од 18:30 во ОМУ „Методи Патче" ќе се одржи Седмоноемвриски концерт на учениците од Музичкото училиште.

Во рамки на денешните активности по повод празникот предвидено е да бидат презентирани и возила за потребите на градските јавни претпријатија „Охридски комуналец" и „Нискоградба".

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер