Огромно парче мраз падна од небото и проби покрив на куќа во Флорида, луѓето во паника (ВИДЕО)

Необичен настан се случил во градот Палм Коуст (Флорида), откако огромно парче мраз „паднало од небо“ и оштетило куќа.

За среќа, во семејниот дом немало никој, а исплашените соседи повикале полиција и пожарникари и пријавиле дека на улицата нашле уште парчиња мраз.

Официјалните лица утврдиле дека мразот направил голема дупка на металниот покрив и завршил во дневната соба.

Штетата е попишана и издадена е потврда дека куќата е безбедна за живеење, пренесува UPI.com.

Во овој момент, останува мистерија од каде „дојдоа“ парчињата мраз, што властите се обидуваат да го утврдат.

Светска банка наскоро ќе објави проценка на материјалната штета во Појасот Газа

 Светска банка ќе објави проценка за штетите на инфраструктурата во Газа, заедно со ажурирана проценка на штетите во Украина на 25 февруари, изјави денеска извршната директорка Ана Бјерде.

Таа нагласи дека извештајот за Газа, подготвен заедно со Обединетите нации и Европската Унија, ќе даде поцелосен преглед на штетите што ги претрпе палестинската енклава во војната со Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.

Извештајот објавен од Светската банка во април покажа дека Газа претрпе штета од 18,5 милијарди долари на критичната инфраструктура во првите четири месеци од војната, објави Ал Џезира.

Се проценува дека како резултат на израелското бомбардирање, речиси 60 отсто од сите згради во енклавата биле оштетени или уништени, а најтешко е погоден градот Газа, со уништени 74 отсто од зградите.

Мастерсот во Рим би можел да стане петти Грен слем

Италијанската тениска федерација има намера да го направи Мастерсот во Рим петти Грен слем турнир, објави весникот „La Stampa“.

Тамошната тениска федерација веќе упатила понуда до организаторите на мастерсот во Мадрид, кој се одржува една недела пред турнирот во Рим, да го откупат натпреварувањето за 550 милиони долари. Така, Италијанците ќе го продолжат турнирот во главниот град на земјата на две недели.

Забележано е дека на федерацијата ќе и треба одобрение и од комисија составена од организатори на четирите актуелни Грен слем турнири.

Четирите најголеми турнири во текот на една сезона се Австралија Опен (Мелбурн), Вимблдон (Лондон), Ролан Гарос (Париз) и УС Опен (Њујорк).

Претрес во кичевско, пронајдено оружје

Со судска наредба, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.

Како што информираат од МВР, при претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот. Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер