Огромна змија се појави на ветробранското стакло, возачот шокиран (ВИДЕО) - Канал 5

Огромна змија се појави на ветробранското стакло, возачот шокиран (ВИДЕО)

Неверојатната сцена е снимена во Кина, и ги тера луѓето да се тресат од шок.

Огромна змија се појави на ветробранското стакло, возачот шокиран (ВИДЕО)

Неименуван маж мирно возел низ градот, во јужната провинција Сечуан, кога од никаде се појавила огромна змија и го погледнала право во очи.

Беше исплашен, но не застана.

Можете ли да го замислите неговиот шок кога рептилот „светна“ на шофершајбната?!

Човекот објаснил дека во тој момент го минувал мостот. Иако бил исплашен, не застанал, туку забрзал и стигнал до првата противпожарна станица.

YouTube video

Се врати во природата

Таму побарал помош, а храбар пожарникар ја отстранил змијата и подоцна ја вратил во дивината.

Останува нејасно како завршила на шофершајбната, а постои можност дека змијата се довлечкала во предниот дел додека возилото било паркирано.

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ.

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице за даночно затајување

- Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на „Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352 денари, соопштија денеска со Управата за финансиска полиција.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, се додава во соопштението, пријавениот не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2021 година, 2022 година и 2023 година, до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Македонија со што не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од 12.079.019 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.

УЕФА може да направи промени во новиот формат на Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) размислува за неколку измени во новиот формат на Лигата на шампионите.

УЕФА може да направи промени во новиот формат на Лигата на шампионите

Како што пишува „Билд“, УЕФА може да ги укине продолженијата во натпреварите од плејофот.

Покрај тоа, осумте најдобри клубови на крајот од првата фаза може да добијат право да ги одржат реванш натпреварите од плејофот на нивниот домашен терен.

Од сезоната 2024/25, нема веќе групи во првата фаза и наместо 32 екипи, учествуваат 36 кои формираат единствена табела. Секоја екипа игра осум натпревари, како резултат на кои првите осум на табелата одат директно во осминафиналето на турнирот, а уште 16 клубови играат во плејоф рундата.

„Гответе со Дракче“ - Тортилја пица

Во среда (23.04.2025) во емисијата гостин ни бeше Јелена Спенџарска

„Гответе со Дракче“ - Тортилја пица

Состојки за денешниот рецепт:

1 мала тортилја

2 јајца

1 ќесичка „бејби“ спанаќ

5 - 6 шери доматчиња

150 гр. рендан кашкавал

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

притисни ентер