Институциите во функција да се спречи ширење на епидемијата во Гостивар, заседаваше повторно и Управувачкиот комитет
1Институциите во функција да се спречи ширење на епидемијата во Гостивар, заседаваше повторно и Управувачкиот комитет
КултураОгромна запалена скулптура во Веленсија стана симбол на отпорот против епидемијата (ВИДЕО)Кога шпанскиот уметник Есиф започнал да работи на своето уметничко дело, дрвена скулптура виока 20 метри во облик на жена во медитација наречена Açò també passarà (Ова ќе помине), минатата година, коронавирусот не беше ниту на повидок.Делото што требало да се подигне на јавниот простор по повод фестивалот „Фалас“, што се одржува секоја година во шпанскиот град Валенсија и е посветен на Свети Јосиф, требаше да биде дел од една од најстарите и најзаборавни традиции во областа: палење на јавни споменици за да се одбележи доаѓањето на пролетта. За време на инсталацијата, шпанското Министерство за здравство забрани одржување на фестивалот „Фалас“, како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот. Како одговор на тоа, Есиф и неговите соработници, уметниците Маноло Мартин и Жозе Рамин Еспоиг, брзо одговорија и го покрија лицето на скулптурата со заштитна маска, сеприсутен симбол на пандемијата на коронавирус. „Одеднаш, оваа скулптура стана симбол на мирот и смиреноста, како и заедницата и солидарноста“, вели Есиф. На социјалните медиуми, уметникот и неговите придружници тврдеа дека споменикот не треба да се отстранува сè додека не се исполнат условите за да се одржи фестивалот, а петицијата до градскиот совет во Валенсија, собра 4500 потписи. Во неверојатен пресврт, покажувајќи ја моќта на уметноста во време на криза, властите на Валенсија решија не само да ја задржат скулптурата на главниот градски плоштад, туку и да го одржат ритуалот на неговото палење. Сепак, наместо да ја запалат целата скулптура, тие решија да остават во оган само еден дел , долната половина од телото на жената, оставајќи го торзото со лицето покриено со маска, како симбол на отпорот, да стои на плоштадот. Оваа необична традиција датира од 18 век, кога дрвокрадците и занаетчиите почнале да палат дрва секој 19 март за да го одбележат доаѓањето на пролетта, а фестивалот Фалас е под заштита на УНЕСКО како културно наследство на човештвото. За време на фестивалот, има до 400 настани, односно јавно согорување на уметнички дела и фигури со голем формат. „Оваа скулптура симболизира смиреност и спокојство, нешто што во овие тешки периоди им е потребно на сите, дури и на Валенсија “, пишува во петицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнституциите во функција да се спречи ширење на епидемијата во Гостивар, заседаваше повторно и Управувачкиот комитетПо прогласувањето на кризната состојба во Гостивар, кризниот штаб и денеска заседаваше, состанокот им заврши пред неколку минути. Според информациите, на маса биле дополнителни мерки како да се намали дополнително бројот на заразени граѓани и да се помогне на гостиварчани. Воедно се тема биле и количините на вода кои се потребни да се испратат во градот, а Кризниот штаб е и во постојана координација со експертите од Скопје кои се на терен и работат на санацијата, кои имаат цел првенствено водата да ја вратат како технички исправна, а набргу и за пиење. Соопштението со прецизните мерки се очекува набргу. Тоа што се случува во Гостивар е трагедија и тука мора да има сериозна одговорност, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за Канал 5, кој посочи дека екипите на скопски водовод се веќе на терен и работат на тоа гостиварчани што побргу да си ја добијат водата назад. -Најпрво да се овозможи технички исправна вода, и целиот процес да го овозможат таму и ќе останат до крај на процесот, дел од нашите вработени за да помогнат таму. Дополнително ќе работиме и ќе помагаме во делот и питка вода да се обезбеди, но прво мораме технички исправна вода да обезбедиме на населението, а дотогаш како претседател на ЗЕЛС, повикав, освен Владата онаа сериозна помош која ја дава во Гостивар, повикав и останатите градоначалници од државата да се приклучат со обезбедување на вода и веќе денеска мислам дека неколку цистерни ќе бидат присутни таму како поддршка,- Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје. Од АХВ пак за Канал 5 велат дека до крајот на денот или евентуално утре изутрнина ќе се знаат и резултатите од новите мостри за квалитетот на водата во Гостивар, кои треба да покажат дали состојбата се подобрува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаЕпидемиолошката крива во Гостивар е во падОколу 200 граѓани од Гостивар за првпат се јавиле на лекар поради стомачни тегоби, над 100 само во гостиварската болница од кои двајца се хоспитализирани, но епидемиолошката крива е во падОколу 200 граѓани од Гостивар за првпат се јавиле на лекар поради стомачни тегоби, над 100 само во гостиварската болница од кои двајца се хоспитализирани, но епидемиолошката крива е во пад, а здравствената состојба е под контрола поради лесната клиничка слика, стомачни тегоби и треска кои не траат долго, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски. Три нови приеми имало и на Инфективна во Скопје, но само еден е задржан во болница и засега во лабораториските анализи не се пронајдени вируси кои би резултирале со потешки заболувања, иако состојбата постојано се следи, вели Клековски. Досега бројот на граѓани што се јавиле за помош надмина 3400. Министерот повтори дека водата во Гостивар не е безбедна за употреба, а ги повика и докторите кои, како што посочи, не се епидемиолози или имунолози кои апелираа дека можно е за неколку недели да има случаи со хепатит да не даваат совети само за лајкови на социјалните мрежи. -Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам и доктори кои не се, условно кажано, епидемилози, инфектолози, даваат различни совети и различни мислења. Знам дека вакви состојби се популарни за кликови и за собирање лајкови, но би замолил граѓаните да ги следат официјалните упатства и канали. Ние секако ја следиме состојбата, рече - Сашо Клековски – министер за здравство. Во однос на информациите дека во време кога водата веќе била загадена, а Центарот за јавно здравје Тетово кое е надлежно и за Гостивар дал извештај дека таа е безбедна, здравствените власти кажаа дека сите примероци и анализи од цела година ќе бидат проверени за да се утврди дали се потфрлало во контролата на водата. Најавија дека ќе се направи и проверка на голем дел на водоводната мрежа низ Македонија во соработка со други надлежни институции за да се исклучи небезбеност на вода во други градови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МетеоУХМР најавува ново силно невреме: Пороен дожд, силен ветер и градНестабилното време според најавите од УХМР ќе продолжи и денеска. Според метеоролозите и попладнево нè очекуваат повремени врнежи од дожд и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветерво одредени места повторно ќе има услови за појава на невреме со град. Од УХМР апелираатграѓаните да бидат претпазливи особено при движење на отворено и во сообраќајот. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook