Шоу бизОгромна редица за трамвај, што води до стадионот каде што настапува Тејлор Свифт (ВИДЕО)Тејлор Свифт, најголемата ѕвезда на денешницата, викендов настапува во Единбург, а градот се тресе од „свифтоманија“.Илјадници обожаватели на поп-пејачката се собраа во градот кој во последните денови е преплавен со фотографии и симболи на Тејлор Свифт. За колку луѓе се работи најдобро покажува снимката направена на денот на првиот концерт, вчера, неколку часа порано. На трамвајската станица имаше огромна редица за трамвајот кој оди до стадионот каде што настапува Свифт. „Дали некој има совети за транспорт во Единбург? се пошегува тиктокерот кој ја снимил необичната сцена. Инаку, во Единбург деновиве дури и во трамваите има фотографии со името на поп пејачката, а по повод нејзиното пристигнување во Шкотска, дури и Лох Нес е привремено преименуван. Овој викенд се вика - Лох Теј Теј. @lindseyyyymartin Anyone in Edinburgh have transportation tips? 😅 #erastour #taylorswift ♬ I Can Do It With a Broken Heart - Taylor Swift Иако многумина ќе превртат очи пред ова, ваквите потези на градовите во кои настапува Свифт не се изненадувачки кога ќе се земе предвид економскиот приход што останува по секој нејзин концерт. Градовите и регионите каде што досега се одржуваа концерти доживеаја милионски приходи благодарение на посетеноста од „свифтите“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕУ заплени рекордно количество фалсификувана стока- над 40% доаѓа од КинаВо ЕУ во текот на 2025 година беа запленети повеќе од 196 милиони парчиња фалсификувана стока, што е најголемата количина досега. Ова е дури за 67 проценти повеќе од претходната година, според извештајот на Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост (EUIPO), со седиште во Аликанте, Шпанија. Проценетата вредност на конфискуваната стока е исто така рекордна, изнесувајќи 6,3 милијарди евра. За споредба, во 2024 година, која дотогаш го држеше рекордот, беа запленети стоки во вредност од 3,9 милијарди евра. Поголемиот дел од запленетата стока се ЦД-а и ДВД-а, компјутерски програми, играчки, етикети и налепници. Цигарите и облеката исто така сочинуваат голем дел. Поголемиот дел од фалсификуваната стока доаѓа од Кина, повеќе од 40 проценти, додека Турција е на второ место со 18 проценти. Големото зголемување на заплените се припишува на засилената борба против шверцерските групи и почестите и поуспешни контроли. Онлајн купувањето ја отежнува борбата против фалсификувањето EUIPO предупредува дека борбата против фалсификувањето е отежната од зголемениот број на различни правци по кои се транспортираат стоките, како и од ограничените капацитети на надлежните служби. Дополнителен проблем е растот на онлајн трговијата, бидејќи стоките сè повеќе се доставуваат по пошта и преку бројни компании за достава, што ја отежнува контролата. Во извештајот се заклучува дека подобрата заштита на интелектуалната сопственост и европската економија бараат нови мерки, подобра соработка меѓу надлежните служби и посовремени алатки и технологии.Тагови: фалсификувана стока Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаТргнала кон болница, но бебето не чекало- жена за две минути се породила во воз во Холандија Бремена жена се породила во воз во холандскиот град Гронинген откако ѝ пукнале водењакот додека патувала кон болница на преглед.Локалните медиуми објавија дека мајката и новороденото бебе се добро. Жената се качила на воз „Арива“ на станицата „Еуропапарк“ и добила породилни болки кратко по поаѓањето, објави „NL Times“. Според еден патник, целиот инцидент се случил за околу две минути. Патниците повикале брза помош и прашале дали има лекар во возот. Медицинските сестри се качиле на возот на станицата „Гронинген“ за да им помогнат на мајката и бебето. Железничката компанија „Арива“ потврди дека породувањето се случило во возот, но одби да даде дополнителни детали поради загриженост за приватноста.Тагови: бебе воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИталијански војници од елитните единици се на улиците на Милано Петстотините војници кои ќе бидат распоредени во Милано од следните неколку дена до крајот на годината се членови на падобранската бригада Фолгоре од Сиена.Нивното распоредување ќе се одвива во законските рамки на проектот „Страде Сикуре“ („Безбедни улици“). Нивното распоредување ќе го одлучи префектот на Милано, по консултација со началникот на полицијата, кој ќе побара начинот на нивното распоредување да се одреди според потребите, од патролирање до стационарен надзор. Затоа, нема да има посебен пропорционален однос помеѓу распоредувањето на падобранци, кои ќе можат да извршуваат исклучиво задачи од јавната безбедност, и распоредувањето на полициските сили, кои исто така имаат овластувања на судска полиција. Според достапните информации, може да се предвиди и распоредување на војници специјализирани за управување со беспилотни летала. Одлуката за распоредување на 500 падобранци од елитната бригада Фолгоре во Милано е донесена како одговор на насилството, грабежите и вандализмот за време на протестите на 17 и 18 октомври, но и поради стравувањата дека немирите би можеле да се повторат во текот на наредните викенди. Италијанската влада сака да го зголеми присуството на безбедносните сили во градот до крајот на годината.Тагови: Милано Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook