СветОгромна излезност на изборите во ФранцијаФранцуските гласачи во голем број излегоа на денешниот втор круг од парламентарните избори, на кој се очекува победа на екстремно десничарскиот Национален собир (РН).Излезноста до 17 часот е 59,71 отсто наспроти 38,11 отсто во исто време на последните избори во 2022 година, соопшти француското МВР. Ова е најголема излезност од 1981 година, што укажува на огромниот интерес за изборите во време на голема поларизација на француското општество. Последните анкети покажуваа дека РН на Марин Ле Пен ќе освои најмногу места во Националното собрание, но не доволно за апсолутно мнозинство. Ова може да доведе до продолжена нестабилност и политички ќор-сокак во втората по големина економија во еврозоната. Во првиот круг од изборите најмногу гласови доби антиимиграциската РН со една третина од гласовите, а на второ место се најде Новиот народен фронт (НФП). Аналитичарите ги прогласуваат и двете групи за екстремни, од десниот и левиот спектар, што тие го отфрлаат. Центристичката коалиција на претседателот Емануел Макрон заврши на третото место. Гласањето во помалите градови завршува во 18 часот, а во поголемите во 20 часот. Првите проекции на резултатите ќе бидат објавени во 20 часот. јКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евраПретседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за Украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет. Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година. Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривични пријави за два слуачи поврзани со силување децаПолицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца.. Едниот случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата. Втората пријава е поднесена протов двајца сторители. „СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопственицитеИма ли решение за кравите кои слободно шетаа низ Крива Паланка, а по кои станавме светски познати. Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила 96 грла крупен добиток во Крива Паланка, но акцијата се соочува со сериозни пречки. Од АХВ велат дека екипите имаат проблеми со непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици. Институцијата, во координација со надлежните органи и локалната самоуправа, работи на одржливо решение за проблемот. Во меѓувреме, случајот предизвика политички препукувања меѓу градоначалникот Сашко Митовски и локалната ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат вонредна седница на советот и акциски план за решавање на проблемот. Обвини градоначалникот го обвинуваат дека избегнува одговорност, додека Митовски возврати дека ахв веќе донела решенија за одземање на добитокот, кои не се спроведуваат. Градоначалникот претходно побара од владата да му додели законски овластувања за самостојно координирање на акцијата, како и прогласување 30-дневна кризна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter