Огромен стаорец изгриза двегодишно дете- родителите затекнале ужасна сцена, насекаде крв (ФОТО) - Канал 5

Огромен стаорец изгриза двегодишно дете- родителите затекнале ужасна сцена, насекаде крв (ФОТО)

Бизарната приказна се случила на 21 септември во градот Авр во југозападна Франција и ја шокира јавноста.

Огромен стаорец изгриза двегодишно дете- родителите затекнале ужасна сцена, насекаде крв (ФОТО)

Несреќното двегодишно момче го пронашле неговите родители облеано во крв, додека во неговиот кревет бил пронајден измет од стаорец, објавува Дејли Меил.

„Детето замрзнато од страв“

Локалните медиуми објавија дека детето било „замрзнато од страв“ додека глодарот му направил рани на главата и лицето, и дека не врескало.

Кога неговата мајка и татко го пронашле облеан во крв, веднаш повикале брза помош. Малото момче било однесено во болница, каде што лекарите дијагностицирале повреди на неговото уво, лице и рака.

„Не би му посакала ниту на мојот најголем непријател да најде дете во истата состојба во која јас го најдов моето“, рекла мајката Амел.

Таа додала дека момчето имало модринки под очите и плускавци на раката.

Стаорецот фатен и убиен

По ужасниот инцидент, таткото инсталирал камера во детската соба. Наскоро, стаорец „со големина на мачка“ бил снимен како трча низ собата.

Глодарот подоцна бил фатен и убиен.

Во меѓувреме, малото дете развило сериозна инфекција, а лекарите наводно размислуваат за трансплантација на кожа или реконструкција на увото.

Станарите се жалеле и претходно

Жена, за која локалните медиуми известуваат дека е блиска до семејството, тврди дека станарите во зградата поднеле повеќекратни жалби за стаорците во последните месеци, но ништо не е преземено за решавање на ситуацијата.

„Сопственикот е свесен дека зградата е дотраена. Тие пријавуваат проблеми со месеци, но ништо не е преземено“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еко свест: Граѓанските енергетски заедници стануваат реалност со новиот Закон за обновливи извори на енергија

Новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори (објавен во Службен весник бр. 146/2026) воспоставува правна рамка за системот на производство, користење и поттикнување на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во Македонија.

Еко свест: Граѓанските енергетски заедници стануваат реалност со новиот Закон за обновливи извори на енергија

Основната цел на законот е намалување на увозната зависност, подобрување на сигурноста во снабдувањето и исполнување на климатските цели, преку поттикнување на граѓаните и компаниите да произведуваат енергија за сопствени потреби.

Со ова, за првпат се овозможува граѓаните, локалните власти и малите претпријатија заеднички да инвестираат во производство, користење и споделување на зелена енергија, т.е. енергија добиена од обновливи нефосилни извори. Според законот, енергетскатазаедница може: да произведува, складира, користи и продава електрична енергија; да ја распределува произведената енергија меѓу своите членови согласно меѓусебни договори; самостојно или преку агрегатор да учествува на пазарот на енергија; да стекне статус на повластен производител и да користи мерки за поддршка. При тоа, примарната цел на заедниците мора да биде обезбедување еколошки, економски и социјални придобивки за членовите и локалната заедница, а не остварување профит.

Новиот закон ја дефинира енергетската заедница („заедница на обновливи извори на енергија“) како „правно лице основано согласно Законот за задругите, на доброволна основа и отворено учество, самостојно и независно, заеднички поседувано и контролирано од страна на основачите и/или членовите, со живеалиште, престојувалиште или седиште, во географско подрачје во близина на енергетскиот објект за производство на енергија кој е во сопственост или изграден од правното лице.“

Концептот овозможува широко локално учество и членство во енергетските заедници каде членови можат да бидат: физички лица (граѓани), единици на локалната самоуправа, микро, мали и средни претпријатија и јавни установи. Исто така, постои можност за различни комбинации на здружување: општина и група граѓани, станбени заедници (згради), граѓани и мали локални компании, или целосно приватни иницијативи без учество на локалната самоуправа.

Општините можат да бидат клучни двигатели преку заеднички инвестиции во фотоволтаични системи на јавни објекти, училишта или соларни системи за централно греење и ладење.

Иако законот ја поставува правната основа и ги дефинира правата на заедниците, тој не содржи детална процедура (чекор-по-чекор) за нивно основање. Во самиот закон сè уште не се прецизирани тмоделите за распределба и методологијата за пресметка на уделите меѓу членовите, ниту пак административната постапка за регистрација и приклучување. Овие прашања треба да се доуредат со подзаконски акти и прописи на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика и операторот на дистрибутивниот систем.

„Ја поддржавме месната заедница во Белица со инсталација на фотоволтаични панели на едукативниот центар за развој во Белица. Нашите неодамнешни истражувања на перцепциите и ставовите на населението во општините Новаци и Вевчани за енергетските задруги се позитивни, при што главни мотиватори се еколошките и економските придобивки.

Како клучни фактори при одлуката за основање или пристапување кон енергетска задруга се висината на почетната инвестиција и трошоците, поддршката од државата и општината и очекуваната финансиска корист. Главни пречки за граѓанско учество се финансиските ограничувања, недовербата, недостигот на информации и недоволната институционална поддршка од општините“ – изјави Жарко Конески, Програмски координатор за енергија од Еко-свест.

Во својата работа, Еко-свест се залага за енергетски сектор кој е целосно заснован на децентрализирано одржливо користење на обновливи извори на енергија, со минимално негативно влијание врз животната средина и јавното здравје. Во овој систем граѓаните имаат можност слободно да учествуваат во производството на енергија од обновливи извори и слободно да се здружуваат за производство на енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Детското игралиште во Михајлово омилено место за најмладите

[🤸] Детската смеа е најубавиот доказ дека ова беше вистинска инвестиција.

Јанчев: Детското игралиште во Михајлово омилено место за најмладите

Детското игралиште во Михајлово веќе подолго време е омилено место за најмладите. Секојдневно е исполнето со дечиња, млади луѓе и семејства кои уживаат во играта, дружењето и времето поминато на отворено. Современите детски реквизити овозможуваат безбедна забава, но и придонесуваат за развојот на моторичките способности и физичката активност кај децата.

Со вакви проекти создаваме простори кои живеат секој ден – места каде што се создаваат насмевки, пријателства и убави детски спомени.

[💚] Продолжуваме да инвестираме во содржини што го подобруваат квалитетот на животот на сите генерации, напиша на својот фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Драма во Трст: Автомобил падна во морето, кадети од Воената академија го спасиле возачот

Вистинската драма се одвивала во Трст, кога автомобилот заедно со возачот завршил во Јадранското Море. 

Видео: Драма во Трст: Автомобил падна во морето, кадети од Воената академија го спасиле возачот

Благодарение на брзата и одлучна реакција на припадниците на Воената академија од Модена, возачот бил спасен само неколку секунди пред возилото да потоне.

Италијанското Министерство за одбрана објави дека членовите на Воената академија, кои во тој момент биле во посета на градот, без двоумење дошле на помош. Војниците скокнале во морето, допливале до возачот и го извлекле на брегот, каде што потоа го предале на екипите на брзата помош.

Во официјалното соопштение беше истакнато дека оваа брза реакција е израз на вредностите што Воената академија им ги пренесува на идните офицери на италијанската армија и карабињерскиот корпус, имено храброст, чувство за должност, несебичност и дух на служба.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, исто така, ја пофали храброста и обуката на војниците. „Тие дејствуваа инстинктивно, ставајќи ги сопствените животи во служба на спасување на друг човек. Тоа е највистинското значење на воениот повик - да ѝ служите на вашата земја и да го заштитите човечкиот живот, секогаш, дури и кога тоа не е официјална обврска. Ви благодарам“, рече Крозето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер