СветОгромен пожар во близина на Измир: Зафатени се и куќите, луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)Шумски пожар што избувна во населбата Зафер, помеѓу областите Газиемир и Буџа во Измир, попладнево ги наруши плановите за патување на аеродромот Аднан Мендерес.Пожарот избувна од непозната причина и брзо се прошири. Пожарот предизвика евакуација жителите, кои во паника бегаат пред огнената стихија.. Во пожар во регионот Измир, пламените јазици стигнаа до станбени области и беше пријавена материјална штета на куќите, додека граѓаните веќе се евакуираа. Општина Измир ги мобилизира сите свои сили, додека напорите за гаснење на големиот шумски пожар продолжуваат. Силните ветрови значително ја отежнуваат работата на пожарникарите. Продолжуваат напорите за гаснење на пожарот, а екипите работат деноноќно за да спречат пламените јазици да стигнат до други станбени области, објави Хабер. Пожарот, кој пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола во близина на Аеронаутичкото техничко училиште и пикник-зоната Сарнич, го поремети воздушниот сообраќај во регионот. Летовите од аеродромот Аднан Мендерес во Измир се откажани поради пожарот. View this post on Instagram A post shared by BALÇOVA SON DAKİKA 🔴 (@balcovadahavadis) Иако голем број летови од аеродромот Аднан Мендерес се откажани, пријавени се и доцнења за други летови. Авиокомпаниите вложуваат големи напори да ги информираат патниците за моменталната состојба и да направат алтернативни аранжмани. Пожарникарите продолжуваат да работат на ставање на пожарот под контрола и обезбедување на безбедноста на аеродромот. На патниците им се советува да ги прегледаат своите планови за патување и да ги следат најновите информации на официјалните веб-страници на авиокомпаниите или преку информативните табли на аеродромот, објави Мирор.Тагови: Пожарот Измир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРазбиена криминална група за шверц на лекови, полициска акција во Скопје, Тетово и ГевгелијаРазбиена криминална група осомничена за шверц на лекови.. Во акцијата која се спроведува на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија според првичните и неофицијални информации упасени се шест лица а се трага по уште неколкумина. Според се уште неофицијалните информации, при претресите во Скопје и Тетово полицијата пронашла магацини со лекови и кај еден правен субјект и машина за екстракција на масло. Полициската акција од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на ОЈО ГОКК ја потврдуваат од МВР но засега само со информација дека е насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење на стоки и извршување на коруптивни кривични дела. Од обвинителството информираат дека акцијата е под раководство на јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и дека во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации по што ќе следува детална информацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлековски: Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентотШто ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентот, а пациентот одлучува кој ги гледа.Во организација на Министерството за здравство денес во Свечената сала на Владата беше претставена Стратегијата за дигитално здравство 2026–2030 на лекари, пациентски организации, комори, институции и ИТ експерти. Во центарот на стратегијата е пациентот. Целта е до 2030 година секој граѓанин да има пристап до своите здравствени податоци, а секој лекар да ја има целосната информација во моментот кога го лекува пациентот. Денес пациентот ја носи својата историја од шалтер до шалтер. Наодот од приватната лабораторија, снимката направена во друга болница и терапијата препишана надвор од упатниот ланец често не се пред лекарот кога тој одлучува. Анализата на која се заснова стратегијата го опишува системот како „функционално оперативен, но структурно фрагментиран“. „Мој термин“, Фондот и регистрите на Институтот за јавно здравје работат, но не разменуваат податоци меѓу себе, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски. Што ќе значи тоа за пациентите и кои се бенефитите: Податоците го следат пациентот. Податоците ќе одат со пациентот од матичниот лекар до специјалистот, болницата, лабораторијата и аптеката. Пациентот нема да ја раскажува историјата одново, а истите анализи нема да се прават двапати. Своето досие на интернет. Преку надградениот портал „Мое здравје“ граѓаните ќе имаат пристап до своето здравствено досие, покрај термините и е-рецептите што се достапни денес. Потоа ќе следат и консултации на далечина. Пациентот одлучува за своите податоци. Здравствените податоци се сметаат за дел од личноста. Секој ќе може да види кој ги отворил неговите податоци, да побара исправка на грешка, да овласти претставник и да даде или повлече согласност. Овие права ќе бидат уредени со закон. Еднаков пристап за сите. Телемедицината ќе добие правна основа, а хроничните пациенти ќе можат да се следат на далечина, особено во руралните средини без редовен пристап до специјалист. Услугите ќе бидат прилагодени за лица со попреченост, а за постарите лица и за граѓаните што не користат дигитални услуги ќе останат достапни и класичните канали. Превенција навреме. Благовремените податоци за опфатот со скрининзи и за ризиците ќе овозможат болестите да се откриваат порано, а превенцијата да се насочи таму каде што е најпотребна. „Стандардите и системите ги правиме ние. Разликата ја чувствува пациентот — или не ја чувствува. Тоа е мерката“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. „Ова не е проект за нови компјутери. Сакаме системите што веќе ги имаме да почнат да работат заедно, за пациентот и за лекарот.“ Стратегијата содржи 5 приоритети, 38 мерки и 152 активности. Во 2026–2027 година се поставуваат основите: законите, институциите и стандардите. Главната имплементација, вклучувајќи го „Мое здравје“, е предвидена за 2028–2029 година. Стратегијата е усогласена со Европскиот простор за здравствени податоци, што ќе им овозможи на граѓаните по пристапувањето во ЕУ нивните податоци да бидат достапни и кога се лекуваат во друга држава-членка. Стратегијата е изработена во рамки на проектот „Надградба на системот за е-здравство“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III. Проектот го спроведуваат консултантските компании Гномон и АСЕЕ. Коментарите од денешната консултација ќе бидат вградени во ревидираната верзија, која ќе биде доставена до Владата на усвојување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска трескаНа Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66- годишен од западнонилска треска, објави директорот Фадил Цана. Пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика. Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд. Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter