Мисајловски: Од јануари повисоки плати во армијата и трајно решение за статусот на професионалните војници
2Мисајловски: Од јануари повисоки плати во армијата и трајно решение за статусот на професионалните војници
СветОгромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени (ВИДЕО)Огромен пожар избувна во бар во Бангкок доцна синоќа, при што загинаа најмалку 27 лица, а осум се тешко повредени.Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци. Пожарникарите, кои пристигнале на местото на настанот веднаш по полноќ, брзо го изгаснале пожарот. Тие ги пронашле телата на повеќето жртви во тоалетот , каде што очигледно побарале засолниште. Прелиминарните истраги на одделот за превенција од катастрофи во Бангкок сугерираат дека пожарот можеби е предизвикан од електричен краток спој во клима уредот, иако не е наведена официјална причина. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПет награди за македонските филмови на Сараево филм фестивалМакедонската кинематографија забележа значаен успех на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, на кој два македонски филма освоија вкупно пет награди.Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои четири признанија – Митиќ ја доби специјалната награда за промоција на родовата рамноправност, наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Ева Костиќ за одличната изведба на улогата на Сара – нејзина прва улога на филм, а филмот ги доби и наградата на „Синеуропа“ и наградата од публиката. Успех оствари и филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, кој ја освои специјалната награда „Младински перспективи“. Од Агенцијата за филм истакнаа дека петте признанија уште еднаш ги потврдуваат квалитетот, авторската сила и меѓународниот потенцијал на современата македонска кинематографија, како и значењето на континуираната поддршка за развојот и меѓународната видливост на македонскиот филм. Тагови: Сараево филм фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски: Од јануари повисоки плати во армијата и трајно решение за статусот на професионалните војнициМинистерот за одбрана Владо Мисајловски, во гостување на Канал 5 најави покачување на платите во армијата од почетокот на следната година и трајно решение за статусот на професионалните војници. За ова рече дека следната недела ќе се разговара и со сите синдикати во одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија11 пожари горат ширум државата, најсериозен е во струмичко, во опасност е селото ВодочаНајмалку 20 пожари избувнале денеска ширум државата, од кои 11 се активни, инфгормираше пред малку првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов. Најсирозна е состојбата во струмичко, каде што има опасност за неколку села. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook