ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
3Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
1Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
КошаркаОгромен мурал во чест на Никола Јокиќ осамна на зградата на неговото училиште во Сомбор Во градот Сомбор во Србија се појави мурал на Никола Јокиќ.Во основното училиште во кое учел Јокиќ, некој насликал кошаркар облечен во дрес на Денвер Нагетс додека игра кошарка. До ликот на Јокиќ стои натписот: „Не плаши се да не успееш на големо“, односно пораката дека не треба да се плашиш од неуспех. Жителите на Сомбор се многу горди на својот кошаркар и успехот кој го постигна во НБА лигата. Откако дојде на одмор во Србија, привлекува големо внимание кај фотографите и обожавателите. Тој неодамна беше фотографиран со ќерката Огњена додека си играа во паркот во Сомбор. Пред тоа Јокиќ присуствувал на коњска трка, а со него биле сопругата Наталија и ќерката Огњена. За потсетување, Никола и Наталија се заедно од училишните денови, а во среќен брак се од 2020 година. Пред две години ја добија ќерката Огњена. Јокиќ го опиша раѓањето на неговата ќерка како најважниот настан во неговиот живот. Наталија често објавува семејни фотографии на Инстаграм, а интернетот го обожава Јокиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
КултураКалимеро, Македонија и ЕУ – Нема правда...Оваа уметничка акција и скулптурата на Калимеро имаат цел да нѐ потсетат на две различни, но тесно поврзани неправди.Од една страна, Калимеро гласно зборува за Македонија, која со години се соочува со бројни неправди и блокади на патот кон Европската Унија. Но, од друга страна, истиот тој Калимеро не може, а да не констатира дека, иако можеби за Македонија нема правда во процесот на европската интеграција, правда нема ниту во самата Македонија. Недоволното владеење на правото, корупцијата, нефункционалното судство и слабите институции се меѓу клучните забелешки што Европската Унија со години ги упатува кон државата која е заглавена на својот пат кон ЕУ. Токму затоа Калимеро гласно се спротивставува на ваквата состојба и потсетува дека без правда нема ниту достоинствен живот, ниту европска иднина. Во одередна смисла, Калимеро всушност го претставува обичниот граѓанин на Македонија кој секојдневно се соочува со неправди – од бавно и неефикасно судство, преку корупција, до проблемите во здравството, образованието и јавната администрација места каде владее неправдата против која Калимеро се бори. Затоа пораката на оваа акција е едноставна: сите ние сме Калимеро. Со години ја бараме правдата, а сѐ почесто останува чувството дека за обичниот граѓанин таа е недостижна. Или, едноставно, како што би рекол Калимеро – „Нема правда!“ Преку оваа уметничка интервенција сакаме да поттикнеме јавна дебата за тоа дали правдата ќе остане само ветување или конечно ќе стане реалност – и во македонските институции, но и во односот на Европската Унија кон Македонија. Во спротивно, како и Калимеро кој на крајот секогаш некаде заминува, сѐ повеќе македонски граѓани ќе бидат принудени среќата, достоинството и правдата да ги бараат надвор од сопствената држава. Акцијата е поставена на плоштадчето кај Ким на прва партизанска и е дело на групата Урбани уметнички акцииКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиВидео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важиМарсел Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди-Погледнете ја неверојатната трка – еве зошто рекордот не важи.Марсел Џејкобс ја истрча трката на својот живот и го постигна најдоброто време во кариерата, но потоа му соопштија дека неговиот рекорд нема да биде валиден. Италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс триумфираше во трката на 100 метри, одржана во средата во рамките на турнирот „Austrian Open“ во Ајзенштат, со неверојатно време – 9,67 секунди! Тоа е третото најдобро време во историјата и само Јусеин Болт трчал побрзо од Италијанецот, но рекордот на Џејкобс нема да биде официјално признаен. Причината е силниот ветер во грб (+4,1 м/с), кој значително ја надминува дозволената граница, поради што резултатот на Џејкобс нема да се смета за официјален рекорд. Слична беше ситуацијата и со резултатот на Болт од 9,63 секунди, иако знаеме дека тој и без помош на ветерот истрчал 9,58 секунди, што и понатаму важи како рекорд. Марсел Џејкобс, олимпискиот шампион од Токио, немаше најчист старт и накратко се најде зад Британецот Ромел Глејв и светскиот рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк. Но, штом фати полн чекор, Италијанецот силно забрза, се издвои од конкуренцијата и на крајот победи со предност од околу еден метар. Патем, тие постигнаа и одлични времиња. 9.67 FOR 100 METERS‼️ 2020 Olympic champion Lamont Marcell Jacobs 🇮🇹 FLEW to a 9.67s (+4.1 m/s wind) for 100 meters the Raiffeisen Austrian Open. 🌬️ That’s No. 2 all-time under all conditions. pic.twitter.com/xAEWytC3Q5 — CITIUS MAG (@CitiusMag) July 1, 2026 Ромел Глејв ги истрча 100-те метри за 9,76 секунди, а Вејд ван Никерк за 9,83.Тагови: атлетика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Шоу бизЅвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. Ѕвездата на филмот „Смртоносно оружје“, Дени Гловер (79), му откри на Лестер Холт дека пред неколку години му била дијагностицирана оваа прогресивна невродегенеративна болест. Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју за емисијата „TODAY“ откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. Гловер, и неговото семејство разговараа со поранешниот водител на „NBC Nightly News“, Лестер Холт, во интервју кое се емитуваше на 1 јули. Тие дадоа увид во тоа како изгледа животот на четирикратниот добитник на наградата „Еми“ денес и зошто решил јавно да ја сподели својата дијагноза токму сега. „Сигурен сум дека работите ќе се променат како што напредува болеста“, рече Гловер. Сепак, со силна поддршка од семејството, тој чувствува дека има сила да се соочи со ова неизлечиво мозочно нарушување. „Апсолутно“, рече тој. „Тие ме поддржуваат“. Гловер е еден од повеќе од 7 милиони Американци постари од 65 години кои живеат со Алцхајмерова болест – прогресивна и смртоносна невродегенеративна болест што им ги одзема спомените на луѓето. Според Здружението за Алцхајмерова болест, кај Афроамериканците постои двојно поголема веројатност да развијат Алцхајмерова болест или некоја друга форма на деменција во споредба со белците, пишува „TODAY“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook